1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правата на хомосексуалците

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Pirana, 22 април 2014.

  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Поправи ме ако грешам - вака го замислуваш ти животот во еден хомосексуален брак? :^)
    Дека родителите се драпаат пред децата и им објаснуваат за пениси, вагини и не знам ти што?
    Се надевам дека погрешно го протолкував твоево мислење.
     
  2. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ...напишав дека ќе бидам офтопик во врска со тоа што го напишала мама25......а за хомосексуалците го напишав ставот одвоено ;) друг пат ќе ве замолам да не ме цитирате ако не сте разбрале убаво :)
     
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Дискриминација, врз било каква основа, не води кон напредок на човештвото! Ова ги вклучува и хомосексуалците и нивните права. Било кој што е дискриминирачки настроен кон било што, вклучувајќи ги хомосексуалците и нивните права, дирекно влијае деградирачки врз целото човештво. :!:

    П.С. Во Downton Abbey британската серија во која дејството е меѓу 1912 и 1922 , тие ладни, строги,традиционални, благородници, аристократи, не го осудија хомосексуалецот, вие се дрзнувате да осудувате било кои? :^) Се додека не можите да се замислите во нивна кожа немојте да им судите и да се дрзнувате да зборувате за ограничување на нивните права и дискриминирање на истите.
     
    На MajklMK и tessie им се допаѓа ова.
  4. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Секој има право на нормален живот, посебно децата.Дискриминација во никој случај посебно за децата.
     
  5. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Убаво пиша Абеја во нејзиниот пост зошто се признаени правата на хомосексуалците, што е најлогички така.
     
  6. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до мене може кој, што сака да си прави ама ич не ме интересира. Секој човек си знае што е најдобро за него, а и законски му е загарантирано правото на избор. Кога законски е тоа регулирано која сум па јас да кажувам кој, што треба или не треба да прави. Ама сето тоа да биде подалеку од јавноста и зад затворени врати. Како што една двојка составена од момче и девојче не сакам да ги гледам како се лигават по клупи и пред сите имаат предигри така не сакам ни истополова двојка да гледам како се лигават зашто дури и поодвратни ми се. Тоа е тоа.

    Немам некои си предрасуди спрема нив, не велам дека не сакам да бидат во моја близина, нема врска, ок ми е, се додека некоја девојка не почне да флертува со мене, е тука ставам црта, за муабет зошто да не, обични луѓе како и сите.
    Од каде па да знам дали некоја колешка на факултет со која правам општ муабет само во врска со факултет и времето надвор не ја привлекуваат девојки? Не можеш да знаеш, никој нема да ти каже.

    Ама сепак стојам на тоа дека тоа не е нормално, јас лично не можам да ги сфатам и ова веќе стана како некој тренд. Сите геј. Ама секој може да прави што сака и не можеш да забраниш. Од каде знам некој што прави и со кого во својата спална соба? Ама се додека мене лично или другите луѓе не не' загрозуваат не ми смета. Повеќе ми смета пијан возач на улица отколку мирен хомосексуалец кој не згазнал на мравка и си прави што си прави зад затворени врати. До тука е јасно.

    Ама има едни кои ми сметаат, а тоа се оние хомосексуалци кои на сите мораат да кажат кои се, што се, зошто се, па како тие биле повредувани, па ние да ги сожалуваме дрн, дрн, дрн. Како Фифи на пример. Ете мене он ми смета. Значи прави си што ќе си правиш во својата спална, таму никој ништо нема да ти рече, твое право, твој избор, не ме интересира, ама не мора тоа на сите да ни го ставаш под нос буквално и секаде да се прават жртви. Зашто жртви сигурно не се. Мене лично тоа ми смета. Секаде во светот како тие да се некоја посебна група на народ, вечно несфатени од поголемата маса па мора сите да ги сожалуваме и да ги поддржуваме. Се они нешто бараат права, се они нешто се дискриминирани, како само тие да се лишени од некои основни човекови права, се само тие нешто се жалат, се само тие нешто се навредувани, се само на нив нешто им смета и им фали. Како да се единствени на планетава. Ете таков впечаток сум добила од нив. И затоа таа група не ги сакам. Ама не ги сакам тие што вриштат за внимание и сигурна сум дека и профитираат од сите тие нивни организации за геј правата. Па знаете ли колку други обесправени лица има на земјава на кои им треба вистинска помош? Тие најмалку се за да бараат права, имаат и повеќе од доволно. Колку само девојчиња се продавани и мажени за пари во Индија на пример, што да кажат обесправените жени на Истокот, што да кажат силуваните жени итн. Прави што си правиш ама жити се не замарај. Во цел свет само нив ги има и само на нив нешто им фали. Де едно сакаат, де друго.

    Им легализираа браковите, е сега сакале и деца. Тоа па ич не поддржувам. Тие ако решат и така и така ќе живеат заедно, дали во легален брак или не, пак ќе се однесуваат како во брак да се ама деца??? НЕ, НЕ, НЕ. Тука веќе се навлегува во една поширока проблематика која многу тешко може да се искорени и реши ако си фати залет. Тука веќе многу други работи во општеството се повлекуваат и се прави голем дисбаланс. Тука веќе се работи за морални вредности кои и покрај модерното време во никој случај не смеат да се искоренат целосно. Јас разбирам модерно е да немаш предрасуди, ок, веќе сите станаа многу слободни во размислувањата ама брак меѓу маж и жена е нормален брак, брак од кој можат да се родат и израснат здрави деца и физички и умствено и тоа е она што и покрај се' треба да се зачува. Зашто ако заедницата меѓу маж и жена не ја зачуваме, ќе се уништиме и истребиме.

    Значи јас лично не можам да ги сфатам и се' уште сум поделена во мислењето и не можам да го конкретизирам дали се такви од раѓање, дали тоа го прават од помодарство или едноставно со тек на време сфаќаат дека сакаат нешто друго од она општоприфатеното. Ама пак ќе кажам што сакаат сите можат да прават се додека не ги замараат другите луѓе.
     
    На PaLaVa, Abeja, missfortuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Баш така. Исто така децата побзо ќе сфатат и ќе прифатат некое дете да има две мајки или двајца татковци отколку било кој возрасен. И кога ќе ве прашаат зошто тоа дете има 2 мајки или два татковци ќе одговорите дека ете едноставно постојат и такви луѓе од раѓање кои сакаат луѓе од од истиот пол иако повеќето сакаат луѓе од спротивен пол. Едноставното KISS(Keep it simple stupid(short)) принципот кој го користат програмерите. Не мора ништо да се комплицира. Штом такви се раѓаат, значи и од Бог се така направени. Не може никој против Божја волја. И ве молам не мешајте морални вредности, во ова време кога парите се единствена вредност која се почитува, луѓето се спремни се да направат за пари, да си го продадат (мажат/женат) детето, слободата на говор, на глас, на мислење, да одат со секакви мажи и жени итн итн...
     
    На MajklMK и tessie им се допаѓа ова.
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Аха, ок, тоа дете ќе сфати. Ама што правиме ако 90% од ситe тие деца што прв пат се сретнуваат со таа појава сфатат и си врзат во главчето дека едноставно таа е таа заедница која е нормална и така треба да биде? И тие самите утре станат хомосексуалци? До каде ќе одиме така? Додека не се уништиме? Тоа е проблемот. Не е проблем дали некој има секс со маж или жена, проблем е воспитувањето на децата во тиe бракови. Како ќе размислуваат тие деца. Прoблемот е многу поголем од само "немојте да имате предрасуди, сфатете ги".
     
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Во земјите каде што нема демократија, хомосексуалците се казнувани (Нигерија - затвор од 10 години), а додека во демократските земји хомосексуалците немаат апсолутно никаков проблем со својата сексуална ориентација.
    Факт е дека тие можат да живеат заедно, е зошто тогаш сакаат да бидат во брак? Што им менува бракот во нивниот живот, нешто за кое ми ја подуваа главата? - Одговорот е дека они се доживуваат како дискриминирани (читај ненормални) и сакаат да ги добијат истите права како заедницата меѓу маж и жена (не затоа што зборот БРАК ќе смени нешто во нивниот живот, само ќе си го наполнат егото).
    Полека, полека, ако на почетокот биле убивани, тепани, денес тие благодарение на демократијата можат да го делат креветот и да живеат заедно, ама тоа не им е доволно и сакаат брак.
    Сакаат дете од истите причини, не затоа што тоа ќе смени нешто во нивниот заеднички живот, туку затоа што нормалните парови го имаат.

    Ги имало, ги има и ќе ги има во иднина се` додека постои демократијата. А они ја користат истата бидејќи се нали посебни, и сакаат да го променат законот за брак, посвојување и слично.

    И во минатото имало зоофилија, секс во тројка, оргии...
    Со текот на времето (читај демократија) тоа не е повеќе табу тема, и го има речиси на сите порно страни, се зборува за истото и слично...
    Демократијата колку е добра, толку е и лоша, спомнав претходно дека нема константност на одредени постигнати критериуми, па сега јас имам едно прашање.
    Дали може да се легализира брак помегу човек и животно?
    Дали може да се легализира брак помегу три единки?
    Јас на пример, би сакала да бидам во брак со маж и уште една жена. Па може и дете да имаме, детето ќе има татко, мајка и уште една мајка.
    Или зошто да не се легализира брак со животно? Па животното ги има речиси истите права како човекот, јас сакам да стапам во брак со мојот доберман, кога можат хомосексуалците - зошто да не можам и јас? А кога веќе ќе стапиме во брак, па зошто да немаме дете? Види, во другите бракови има деца, а ние немаме!
    Зошто да не се изменат сите закони, во светото име на Љубовта и Среќата, а?
    Живееме во демократско општество, од народот - за народот, народ од 3 милиони утре ќе посака едно од горенаведените, зошто да не го добие?
    Зошто да не се усреќи народот бе?

    Демократијата им дозволила да одберат со кого да живеат и да ја искажат својата сексуална ориентација без да бидат санкционирани, ама на нив тоа не им е доволно, па ја претеруваат работата.
    Никој од нас не оди со беџови и маици `јас сум хетеросексуалец`, ама тие сакаат да се зборува, пишува, парадира... И таму каде што ги имаат сите права, пак мафтаат со знамиња и транспаренти, парадираат, за сите да видат каков секс они уживаат. Чекај, нели сексот беше малку по интимна работа?
    Пак ќе кажам, никој не им забранува да живеат заедно и да кршат глава, да прават што сакаат.
    Ама ете, они се посебни и дискриминирани, и тоа не им е доволно...

    Само за информација, хомосексуалноста е избришана од листата на болести во `70тите благодарение на политичкото и насилното однесување на истите, упади на семинари, демонстрации пред ординации на психолози и слично, а не со научен труд или доказ. Неколку години подоцна, истата таа асосијација ја сфати грешката, и со гласање (многу поголем процент на гласови ЗА) се обидоа да ја вратат во списокот на болести, но веќе беше предоцна, ЛГБТ веќе беше основана и застана против (нормално со поддршка од политичарите).
    Е сега заради тоа, денес некој хомосексуалец доколку е `депресивен` и сака да се убие, не смее да му се даде дијагноза дека е заради неговата сексуална ориентација, туку ќе му ги лекуваат симптомите на депресија, збунетост, немир...
    Надополнување, во Холандија овие работи се легализирани пред 200 години и самоубиствата кај геј популацијата е 5 пати поголема од останатите.

    Мене како нормална личност, овие луѓе не ми сметаат воопшто, нека се задоволуваат, нека се бесат и скокаат од згради и мостови, нека си ги разнесуваат мозоците и слично...
    Ама ми пречи тоа што една очигледно ненормална, неприродна и потенцијално ризична работа се смета за `нормална` и се бараат некакви права.
    Сексот како интимна категорија, не му е местото на плоштади и улици.
     
    На PaLaVa, Glasna, Mama25 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    А семејството?Мама ,тато,братче, сестриче?
    Или ќе се преправаме дека се е во ред? :?:
     
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Прво кажуваме како не сакаме да ги гледаме на улица како се држат за рака или бакнуваат, што би ни било најнормално за еден стрејт пар, после велиме не сакаме да стапуваат во брак оти не е нормално, за деца па ич не сакаме да слушаме. И на крај велиме зошто креваат толкава бука дека се обесправени, кога ги имале сите права, нека си седат мирни и нека прават што сакаат??? :drunk: Кои права ние како граѓани ги одобруваме за да сме мирни? Да се .... во спалните соби, и тоа што е можно потивко за да не слушнеме, и толку. Како тие само секс да сакаат, па еве ние како многу добродушни тоа ќе им го прифатиме/одобриме, и доста им е.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    А кога веќе зборуваме за децата, тоа дете секое утро ќе ја гледа својата мајка и својата(?) татко како се бакнуваат за добро утро, а дете кое е одгледано од двајца мажи на кого ќе му подари цвет за 8ми Март, пример? На кој мајка?
    Или како што живеат во ист дом, замисли тоа дете да ги види во кревет што прават (секој од нас барем еднаш како мал ги слушнал/видел своите родители)?
    Или еве бе, како што тргнала работата здравје боже јас за 20 години очекувам да се легализира брак со животни, па понатака и деца...
    И што ќе му помине низ глава на 5 годишно дете кога ќе го види ова?
     
  13. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Ако е од раѓање хомосексуалец или хомосексуалка, и во најстрого католичко или муслиманско семејство да живее ништо нема да го/ја смени него/неа. Хомосексуалец се раѓаш, не стануваш, истото важи за сите припадници на ЛГБТ популацијата. Исто како што се раѓаш или левичар или десничар. Инаку се согласувам со Pirana дека тоа со парадите е тешка глупост.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа што го напишав погоре. Правото за посвојување на деца ќе повлече низа прашања и проблеми, па после ќе се појават и други "несфатени" кои ќе сакаат да си ги остварат своите права сметајќи дека така треба. И за едно сто години како да му објасниш на некое дете зошто некој чичко е женет со коза? Колку и да е ова научна фантастика верувајте дека ќе дојде до тоа ако сега започнеме со расфрлање на права на секој еден психопат што малку од малку го поднаучил правото па ќе си бара што ќе му текне зашто мисли дека заслужил и му следува.

    Доволно е во Македонија што не се гонети кривично и можат да прават што сакаат, тоа им е доволно, не знам што бараат повеќе.
     
    На PaLaVa, Abeja, Mama25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Значи луѓе кога го гледате тоа на телевизија или познавате некого што е геј, без тој да ја искажува љубовта, се додека не го гледате пред вашите очи ви изгледа нормално.
    Пред да излезам од Македонија, не ми изгледаја страшни работите и не се замарав со хомосексуалците.
    Кога ги гледав на секој чекор како се лигават тоа е одвратно и веднаш го сменив и насочив мислењето против.
    Па не можам да замислам маж од 55 да се бакнува со друг.

    Не е исто оти кај нас тоа не го покажуваат јавно, затоа на некои ви изгледа дека е нормално.
     
    На Glasna, babyblond и Daydream им се допаѓа ова.
  16. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Не.
    Никој не може да те принуди да чувствуваш сексуална привлечност кон истиот/спротивниот пол. Не можеш ни самата тоа да го направиш. Тоа не е нешто кое може да се контролира. Тие деца кои растат во такви бракови, не може никој да ги присили да бидат нешто кое не се.

    А детето кое живее во сиропиталиште и моли некој да го посвои, на која мајка ќе и подари цвет за 8ми март?
     
    На MajklMK, tessie, Hipster и 7 други им се допаѓа ова.
  17. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Ова е офтопик но да одговорам
    Па јас лично сметам дека на дете не треба ни компјутер да му се купува дури е мало, ако имаш мало дете дома, па за него прашуваш.
    Мојот братучед не станува од ком, абре оди надвор излези со другари му велиме, тој сите другари се на играва уклучени и кога да се собериме за играта муабет правиме :lol: , абре се искриви не станува од pc.
    Па во моето време се надвор си игравме ластици, кукли, криенки денешниве деца само на ком се насочени и тоа многу неубаво му влијае на карактер.
    Прво стануваат многу мрзеливи, не учат и стануваат нервозни од тоа игрите.
    Можи да помогни тоа да имаат други активности покрај учењето да спортуваат, кошарка, фудбал, да го запишете на курс англиски на пр, за во лето на базен и повеќе надвор да си игра, за да има цело време нешто да се занимава и да не мисли на игрите, па ќе ги заборави.
     
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Не знам каде имаш одено да видиш вакви работи па и на секој чекор. Еве јас сум во земја каде хомосексуалноста е на големо прифатена. Имам познаничка која стапи во она партнерство, нели не брак ама се пишува официјално, а од пред две недли мислам дека беше и истополов брак стана дозволен. Позната јавна фаца, маж кој има партнер маж, добија две деца од сурогат мајка... Значи, по отворено општество по ова прашање - здравје. Петнаесет години сум тука, од хетеро имам видено доволно недолично сексуално однесување, а ни еден геј пар немам видено да се лапаат во јавност.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Па душо јас не појдов дома да ги видам или во геј баровите, за на плоштад и низ шеталишта ги гледав, јас тоа не го измислив, тоа е така кога му е дозволено и тие тоа го прават јавно и не се кријат.
    Дека не се лапале во јавност мало морген убаво знаеш дека и тоа го прават, зависи до карактер што ти си го сретнала или видела, ама 15 години да не си видела не знам.
    И хетеро тоа го прават колку и да не му личи, но и овие.
    Ете и други ако виделе нешто или разбрале слободно нека пишат, доволно глупости видов.
     
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    ОК де, си видела некаде. Јас не сум видела геј двојка да се бакнуваат во јавност, а еве и сега брак им е дозволен во оваа земја. Нема што да ме убедуваш поинаку, имам свои очи. Не на плоштади, не на шеталишта, не на фестивали со над сто илјади луѓе на едно место, поднапиени, ептен напиени, напалени, и пак, не сум видела.

    Или они мене ме избегнуваат :doh:

    Ама ајде, нека кажат и други кои виделе. Не разбрале, туку виделе :!: Или не виделе :wasntme: