Човечки и граѓански права - за тоа нема дилема, тоа му следува на секој еден човек на планетава. Кај хомосексуалците ми пречи тоа што гледам ( а ги имам многу пријатели и си ги сакам многу) што се обидуваат да ја изедначат хомосексуалноста со хетеросексуалноста како стандард, како норма. Значи, не може хомосексуалноста да биде норма. Тоа е против сите природни закони. Тие имаат право да живеат како хомосексуалци, и ние имаме обврска да го почитуваме тоа. Али хомосексуалноста не е природна норма, и тука завршува приказната, не битно од каде, како, зошто. Не ја гледам како болест, тоа е сулудо, али норма - не е. И не се согласувам со посвојување на деца за хомо парови. Друго, хомосексуалците кои јас ги знам, се претерано промискуитетни ликови. Каде е љубовта во приказнава, не знам.......? И она со парадите ми е тотално бесмислена работа, не гледам поента во парадите, као ај да се шетаме на улица и да ја истакнуваме нашата сексуалност Моите пријатели гејеви се слагаат со мене за ова, али ваљда е политички и бизнис мотивиран тренд да се прават тие паради.........
Ти смртнику мене ќе ми кажуваш што сум или не сум. Нит си пишел библија, нит си божји пророк а ми рипаш овде као фанатичко петле. Џизс, јас мислам се јави гласникот на бога. Едит: On a more serious note.. Во библијата никаде не е нагласено да се осудуваат педерите. Затоа што нели проповеда прифаќање на различниот. Или ке ми извадиш пасус каде нагласува дека сите што ги поддржуваме педерите сме неверници?
Ами јас сум од другата страна....со оној шо носеше светлина Значи ти си верник кој не верува во точноста на библијата. А на која религија припаѓаш, на која деноминација?
Ама јас не се декларирам како верник, јас зборувам во име на верниците кои поддржуваат гејови. Поздрави го Луци, опасно жежок тип е. Ти удрив погоре едит.. де ѕирни.
Кај нас луѓето со хетеро определба не се во состојба да посвојат деца, не па хомосексуалците. Која е таа равенка во која хомосексуалец не сака да се множи и да создаде потомство, ама сака да ги користи половите органи за задоволување а не за репродукција за која му се дадени, а притоа се буни зошто некој му скратува право да има деца? Тотално промашување. Хомосексуалецот МОЖЕ да има деца, зашто има полови органи и може да најде партнер за да направи дете. Ок, бисексуалецот или транс...ај...не знам кој точно од сите овие -сексуалци. Фактички, ако не е неплоден хомосексуалецот МОЖЕ да има деца (збориме за мнозинството) и не мора да посвојува деца. Освен неговата умствена состојба шо не му дава да стигне до деца зашто не сака да општи со лица од спротивниот пол заради неговата измислена или реална, кој да знае, определба. И, едно е човек да се определи и да ја билда таа определба, друго е да се истражува себеси и да си го менува мислењето на секоја полумесечина, па затоа имате, многу од нив и јавни личности, вчера биле хомо, денес се би, а утре ќе се стрејт. Лажговци.
Каков емотивен набој, не сфаќам зошто мене ми го спомнуваш..? Само го потврди она што ти го кажав, светот во кој ти си израснал и си воспитан прави да мислиш дека такво општество би потраело една генерација, ама читни нешто, ете за педерастија во антиката. Исто имало и некакви култови кон животињи каде во цели населени места зоофилија им била нормална... Впрочем, сите тие сексуални определби (некои уште се водат како болештини), се само називи за одредени преференци кои прифатливи или неприфатливи се јавуваат и развиваат кај луѓе, а јас велам дека човек лесно може преку воспитување да биде програмиран какво сексуално однесување ќе прикажува, или искуствата да го ориентираат, нема ништо спорно тука. За другово што си пишал, please, демек хетеро педофили не злоставуваат свои деца по светов, ама гледам веќе дискутирале со тебе за тоа.
Значи треба да најде стрејт партнерка која нема да ја сака и нема да го привлекува, и да има дете со неа во врска и брак без (обострана) љубов? Тоа не е ли нефер според вас моралните и религиозните, барем кон детето и кон нормалната стрејт жена, кога веќе ич не ви е гајле и немате трошка емпатија за „изопачениот“ хомосексуалец? А хомофобијата и строгите нормативни ограничувања, меѓу другото и кон тоа водат - кон останување closeted и влегување во стрејт несреќни врски и за двете страни, сè со цел да се избегнат предрасудите и притисокот. Иначе, стварно не знам како да ви се објасни дека сексуалната определба не е желба, избор, измислица. Изгледа на кинески се објаснува со години во дискусииве, сето тоа со аргументи и биолошки факти...
Имаш позната активистка за правата на хомосексуалците која едно време беше геј, додека не направи дете со стрејт маж, моментално не знам која определба ја фура. Значи, добила дете, го одгледува. Ти не мислиш дека е глупаво да се бара преку леб погача? Кај нас брачни парови кои ги исполнуваат сите можни услови не добиваат шанса да посвојат деца, заради бирократски пречки и бесмислици, до толку ги заглавуваат, па сега да се мислиме за тоа што хомосексуалците не можеле да дојдат до деца. МОЖАТ. Јас ја разбирам љубовта на хомосексуална личност кон децата, таа љубов не е спорна, но е спорно како ќе расте дете во заедница од истополови личности кои ја основале и ја одржуваат таа заедница во голем дел заради задоволување на нивните сексуални потреби. Од љубов, од „љубов“, од навика, тие си знаат зошто така ја градат и одржуваат заедницата. Но, улогата на мајката и таткото не може да ја заменат две мајки или двајца татковци. Јас не сум хомофоб, јас не развивам фобии кон ниедна заедница ниту им посакувам лошо, туку правам јасна разлика меѓу она што е исправно и она што не е исправно. Не биди толку сигурна за природата на изборот на хомосексуалецот. За тоа потврда нека ти бидат јавниве личности кои поминаа низ скоро секоја сексуална определба, а зошто? Наводно не знаеле на почетокот што се? Нели ако се раѓа човек како хомосексуалец, знае од самиот почеток, ама не, овие сакале малку да експериментираат со својот нагон, значи свесно се определуваат за едно или за друго.
@Црна Ружа На верниците единствени закони дадени во Библијата според кои треба да се водат им се Десетте заповеди. Понатаму не треба да ги сфаќаат сериозно текстовите бидејќи еден огромен дел од нив ги сметаат за метафори. Па така нека си ги сметаат и деловите за хомосексуалност како метафори и нека преминат преку тоа. Бог им рекол по дифолт да ги сакаат сите, па дури и хомосексуалците. Несакањето и осудување е во рацете на Бог и тој ќе им суди, нема што тие да се мешаат во Божјиот суд. А вашите бракови значи не се во голем дел за задоволување на вашите сексуални потреби? Па на верниците бракот само за секс им е измислен, нели не ви дава Бог да имате секс пред брак? Не вади заклучоци дека хомосексуалците не се способни да сакаат. Од каде тоа жити сè? Исто така и кај самохрани родители нема улога и на мајка и на татко, ниту пак кај деца во дом, ниту на оние кои живеат со баба или дедо. И дали сега личностите кои излегле од такви средини се пореметени нешто или помалку вредни? Токму тоа го прават сите хомофоби, се уфрлаат кај што не им е место и викаат еј, ти си грешник, ти не заслужуваш да живееш нормален живот и си си отпадник од нормалното. Ова мене многу ме потсеќа на расизам. Пак ќе кажам, ако не сакате да ве нарекуваат хомофоби, не покажувајте хомофобични карактеристики. Исто како што луѓето кои кажуваат расистички работи ги нарекуваме расисти, и оние кои кажуваат сексистички работи ги нарекуваме сексисти. Ако не ви се допаѓаат титуливе, ваш проблем. Кажи ми една работа што не е во ред кога се работи за една личност која се истражува себеси. Да, вчера била со девојка, по некое време сфатила дека е бисексуалец и почнала да оди и со машки. Потоа сфатила и дека транс луѓе не и' пречат и сфатила дека е пансексуалец. Како тоа вам ви влијае врз животот?
Да да, сигурно... И Миа Костова што била демек лезбејка порано, а сега има дете - ми е потврда дека не постои различна сексуалност како вродено нешто Не зборуваме тука за attention seeking приказни на јавни фаци за публицитет и шоу бизнис, туку за реалниот живот. За куп луѓе низ светот во обични семејства што со години си ја кријат сексуалноста дури и од најблиските, со страв од реакцијата на отфрлање. Што се малтретирани уште во пубертетските години во училиште, штом деца воспитани од дома дека хомосексуалците се фрикови, ќе ја приметат нивната различност. Што некои од нив завршуваат со депресија и со самоубиство поради притисокот и отфрлањето, или пак цел живот во вакви лажни, несреќни врски и бракови, повредувајќи се и себеси и другата стрејт личност само за да се вбројат во „нормалните“ во очите на општеството. Па кога би можело така ко што вие мислите, многу од нив радо би ја промениле сексуалната ориентација за да ги избегнат сите осуди и предрасуди што ги има сè уште во повеќето општества низ светот. Нели сте помислиле некогаш на тоа? Виц на денот... Ги нарекуваш лажговци, ги сведуваш сите на позери и не ни прифаќаш дека постои всушност сексуална определба, ама важно не си хомофоб. Ич не си, уживај И за крај, баш спомнав уз муабет на чет оти видов нешто за гласање сте спомнале... Кога би дошло до референдум за хомосексуални бракови, радо би гласала за
Римјаните 1 25 - Тие ја заменија Божјата вистина со лага, па го почитуваа и го обожаваа созданието, наместо Создателот, кој е благословен во сета вечност. Амин. 26 - Затоа, Бог ги препушти на срамни сексуални страсти: нивните жени ги заменија природните односи со противприродни, 27 - А така и мажите ги оставија природните односи со жената и во својата страст се распалија едни по други, па мажи со мажи го прават она што е срамотно и ја примаат заслужената плата за своите расипани постапки. Коринтјаните 1 9 - Па зарем не знаете дека неправедниците нема да го наследат Божјето царство? Не залажувајте се! Ни блудници, ни идолопоклоници, ни прељубници, ни мажи што се впуштаат во неприродни полови односи, ни мажи што легнуваат со мажи, 10 - ни крадци, ни алчни, ни пијаници, ни оние што зборуваат погрдно, ни изнудувачи нема да го наследат Божјето царство. Мојсеева 3 22 - Не легнувај со машко како што легнуваш со жена. Тоа би било одвратно. 23 - Немој да имаш полови односи со животно за да не станеш нечист со тоа. Жена не смее да застане пред животно за да има полов однос со него. Тоа би било противприродно. 24 - Немојте да се извалкате со ништо такво, зашто со сето тоа се валкаа народите што јас ги гонам од пред вас и.т.н. И сега шупраиме? Бог јасно кажува и заповеда. А не ми одговори на која религија припаѓаш. Или деноминација. Библијата и прифаќање на различностите??? Е арно де, да не пишувам посебен пост од пар зборови, не е наменето за тебе лично, така си споменав дека сакам теми со емотивен набој. Не е светот туку е биологијата. Зарем ја негираш биолошката предодреденост на хомо-сапиенс-сапиенс да се роди со склоност кон парење со спротивен пол туку склоноста е скроз nurture ситуација?! Не ти сомнителна компатибилноста на машкиот и женски полов орган? Педерастија имало во Спарта и слични ужасни држави-касарни каде што децата пред пубертет биле давани на постари, искусни војници да живеат кај нив и да ги учат да убиваат, воини демек ова она. ИСто и во Јапан нешто имало такво. Секако дека ќе се јави хомо-секс во такви ситуации, тоа е последица а не причина. Нормално дека е можно да се влијае на разни начини (во руската армија им турале Бром за да предизвикаат времена импотенција пошто долго време во касарна во изолирана дивина некаде) на сексуалноста но стандардот, темелот, тоа е хетеросексуалноста, така било и така и ќе биде. Брак и партнерство е една ствар, тоа нема причина зошто да не им се овозможи на истополови парови, но зошто сметаш дека посвојување е океј?
Апсолутно не, во десетте заповеди нема ништо за тоа дали го прифаќаш Исус како син божји и спасител и дали се одрекуваш од Сатаната, нема ништо таму за огромен дел од основите на христијанската теологија. Знам дека така е полесно ама не е така, прашај свештено лице од било која деноминација. Јасно и гласно пишува дека хомосekсуалноста е за осуда тоа ти е Ботом лајн во библија е, да не се мразат хомосексуалците во никој случај, но да бидат упатени дека прават грев за да се покајат, тоа мислам напиша и Евангелос пред некоја страна.
Ај вие од помалите, и поголемите секти... Господ не создал сите, и знае се, значи он ги создал и хомосексуалците. Идете кај него жалете се. Ма да има и побитни ствари за да се жалите, али која сум јас да ви кажувам. Сте ја утнале темата. Амин.
И ние секташите сме луѓе, и ние сакаме да бидеме прифатени зарем тоа што сме различни од останатите не прави помалку вредни?!
Заради репродукција. Е добро де јас не го спорам тоа. Ама со овие другиве преференци што праиме, да ги бришеме? Исто ко да се запрашаш зошто жената да се шминка, кога природата ја створила без кармини и маскари на неа. Ете, имаш многу луѓе на кои од разни причини и фактори на влијание, им е убаво да практикуваат секс кој отстапува од стандардниот. Најмногу затоа што дете има подобар старт кога живее во фамилија која каква-таква, пази, од надлежни е утврдено дека исполнува услови за одгледување деца, отколку што има излегувајќи од сиропиталиште. Кога може секоја бараба да остави пород и да го третира како сака, зошто да не може хомосексуалец да си посвои?
И јас сите што ги познавам се промискуитетни и баш затоа се запрашувам што ќе им брак !? Или детето треба да гледа среќен промискуитетен геј пар иако нели, неверството е за осуда!?
Се шминка за да го возбуди припадникот на спротивен пол Па тоа погоре беше муабет, дека хомосексуалците фактички се фаворизирани пред останатите нестандардни видови односи, па и луѓе кои не стапуваат во односи, или хетеро бракот како милениумска биолошка основа да биде во предност за посвојување или пак секој да може да посвои, зошто хомосексуалците да бидат привилегирани пред асексуалци, бисексуалци, самци, транши... Аналогно на тоа зошто пак сиромаси да бидат дискриминирани кога нема гаранција дека имашливи или чак и богати посвоители ќе го сакаат и ќе се трудат околу детето поарно него овие сиромаите итн. Но тоа е друга тема...
Миле ми текна, на темава си праиме сметка без крчмар сите стрејт тука и правиме муабет за геј популација и оправаме криви дрини, дај нека си кажат сами што мислат, дали имаат такви идеи за посвојување едно друго, не знам сеа колку ги има на форумот, имаше едно трансродово лице и една лезбејка по темиве колку што паметам пошто се дебатираше нешто на некои теми со нив...