...што значи, затоа што се спротиставува на првобитната цел на половите органи. Па тогаш зошто аналниот и оралниот секс не ги сметаш за изопачена работа? Или секој вид на birth control, for that matter?
Смешно е што @EvAngelos настапи на темава со став "не ми сметаат, нивни живот, нивни права, ама моите пријатели кои се геј сметаат дека сум хомофоб?" за на крај да стигне до "дефинитивно ми сметаат, не заслужуваат права, извитопереност е и апсолутно сум хомофоб".
Јок, си читал не си дочитал, или слабо си разбрал пошто е 2 часот после полноќ. Од првиот до последниот пост на темава сум конзистентен во коментарите дека не ми сметаат, нивен живот, нивни права, нека си прават што сакаат, никаде не реков дека не заслужуваат права, ниту дека сум хомофоб. А тоа што сметам дека хомосексуалноста е изопаченост и растројство на сексуалниот нагон, нема никаква врска со претходните изјави (дека не ми сметаат, дека тоа си е нивен живот итн). Не сфаќам каде наоѓаш противречност тука? Добра ноќ на сите!
Брак се нарекува помеѓу маж и жена, и се склучува поради оформување на семејство. А овие изопачени лица што би можеле да оформат? Безсмислено е да се одобрува нешто вакво кога на ред се чекаат многу поразумни работи кои би биле од корист.
Ќе зборувам од сопствено искуство. Од прва рака, што би се рекло. Би сакала, кога ќе дојде време, да можам да склучам брак со партнерката. Имам веќе долга, стабилна врска со неа, исполнета со многу љубов, никогаш не сум била посреќна. Па би сакала еден убав ден да ја "крунисаме" врската. Не дека бракот е пресуден за што било. Јас и сега уживам. Љубовта на мојот живот е до мене. Но ете, мечтаам и за тоа. Јас од почетокот се прифатив себе си, откако сфатив дека ме привлекуваат личност од истиот пол. Го знам тоа од почетокот на пубертетот. Кога моите другарки се интересираа за машки, јас гледав женски. Никогаш не го сфатив тоа како нешто трагично. Ниту пак како предност или хендикеп, или нешто што треба да се истакнува или па уште полошо, да се крие. Едноставно-сексуална ориентација. Очекувам и блиските да го гледаат тоа на истиот начин. Не дека туѓото мислење би ме спречило да се борам за тоа што го сакам. Во секој случај останувам со неа и заедно ги пребродуваме предизвиците што неретко се исправени пред нас. Сите мои поблиски личности знаат, а и не толку блиските. Повеќето се ок со тоа и со никој ми се нема променето односот. Сите мои пријатели, роднини и познаници се модерни, еманципирани луѓе. Знаат дека љубов е љубов и мило им е што ме гледаат вљубена. Не чувствувам потреба да кријам што било. Моите родители ја запознаа партнерката. Конечно. Среќна сум што веќе нема криење. Знам дека за нив е најважна мојата среќа, а во моментов, јас сум најсреќната личност на светов.
Познавам парови (м-ж) кои долго живеат во ист стан, а не се во брак, па ништо не ги спречува да се сакаат. Склучување брак и среќа / љубов во брак не е исто.
Баш во школо ја коментиравме темава на социологија.Точно дека Бог не создал за да има љубов помеѓу машко и женско и од нив да се размножуваме.А не истополови бракови.Ништо немам против нив напротив ми е жал бидејќи они не одбрале да живеат така и не е до нив..Едно е да си феминизиран и да си Боки 13ка а друго е да си хомусексуалец и тоа да ти е природно. Господ создал и стрејт пипл и не стрејт не можеме да ги убиеме.
За чудо најдов нешто паметно и аргументирано на јутјуб. За сите оние кои се прашуваат дали е морално правилно да се биде геј:
Брак е заедница помеѓу еден маж и една жена. Они можат да склучат граѓанско партнерство. Е сега, за да не прават големи правни договори, убаво би било сите вакви партнерства да се легализираат по одредени имиња, договорите да се стандардизирани и да ги добијат истите граѓански права како и браковите. На пример граѓанско партнерство помеѓу двајца мажи да се вика либерак. Граѓанско партнерство помеѓу две жени да се вика феминат. граѓанско партнерство помеѓу двајца мажи и една жена да се вика трилео. Две жени и двајца мажи: свингео. Итн. Секое од овие партнерства би имало засебни предизвици за регулирање на граѓанските права. Пример наследување на деца или пензија доколку еден од партнерите почине. Во трилео партнерство доколку еден маж почине, а другите двајца се разведат, на кому ќе припаднат децата направени од починатиот партнер? И дали подеднакво ќе се распредели пензијата ако жената е невработена а она ги наследи децата?
How about овие две да се викаат брак, а за останатите we'll cross that bridge when we come to it. Дефиницијата за брак да се смени од заедница на еден маж и една жена во заедница на две личности, бидејќи апсолутно ништо не менува дали вториот партнер има пенис или вагина.
How about еднакви права за сите граѓански партнерства и заедници? Зошто баш тие две да се привилегирани да се шлепаат на веќе авторизиран збор кој јасно си е дефиниран во законот на РМ? Зарем со овој предлог не би вршеле дискриминација на останатите заедници? Свингерите или оние што сакаат полигамија може да се побунат дека се дискриминирани. Затоа не гледам ниту една рационална причина зошто законот да не биде еднаков и рамноправен кон сите и сите заедници да си имаат засебно уникатно име. Секој што се гордее со својата заедница ќе си сака свое уникатно име за неа. Само оние што се срамат од тоа што се би сакале да се скријат под чадорот на некоја друга веќе постоечка заедница.
@EvAngelos Единствената разлика која истополов брак ја има со хетеро брак е половиот орган на едниот брачен другар, а прилично сум сигурна дека во закони за наследување не се спомнуваат полови органи. За разлика од ова, во полиаморни бракови, како што кажа ти, треба да има дополнителни разграничувања. Дали тие можат да се направат и без да имаат посебно име? Секако. Јас уште не сфаќам зошто на стрејт луѓе би им било важно како ќе се вика нечија заедница, а уште помалку причината поради која не сакаат да се вика исто како нивната. Која е таа причина ако не нетолеранција и омраза? И ако може би сакала да слушнам повалидна причина од ,,шлепање на веќе авторизиран збор". П.С. Те молам да не измешаш нешто пак и да го споделиш линкот од статијата каде човек стапил во брак со куче, затоа што тоа не опфаќа consenting adults.
А хетеро брак со партнер што веќе бил мажен/женет и/или има дете, како да се вика? Отсрамување? Згрижување „срам“ на една фамилија во друга фамилија? Заедница со погана странка и веќероденче? А зошто при полигамија еве, уште важи терминот „стапување во брак“, зошто не е „приклучување кон полигамна заедница“ или нешто слично? Како бе и употребата на збор ви пречи? Како е тоа дискриминација на останатите заедници (и кои)? Ова е исто ко да се жалиш муслимани или евреи да не го користат зборот пошто не се твоја вера.
@EvAngelos, сакаш да кажеш дека откако одредена група на луѓе, после векови криминализација, стигматизација и дискриминација, конечно ќе ги добие истите права и слободи како и сите останати - можеме да им ги дозволиме, ама само под услов да не ги користат истите поими за истите ствари, само затоа што тие, во минатото, означувале нешто поинакво? Interracial marriages биле забранети во САД, до пред само 50 години. Дали откако нивниот Врховен суд конечно ја укинал забраната (во илјададеветстофакингшеесседма!) луѓето требало да се побунат и да бараат за таквата заедница да се користи некој друг збор, а не „брак“, само затоа што претходно означувал заедништво на двајца луѓе од спротивен пол, кои припаѓаат на иста раса? Отприлика вака некако звучи твоето барање за нова терминологија за геј заедници.
Не сфаќаш затоа што обратно го спинуваш прашањето. Пробај постави си го обратно прашањето: Зошто новите граѓански партнерства би сакале од милијарди креативни и модерни зборови да го изберат баш оној збор кој означува заедница на 1 маж и 1 жена? Е тука лежи зајакот. Не може јас да ставам прегорен шеќер во газирана вода и да си го наречам тоа „Coca Cola“ и после да поставувам прашање зошто на компанијата „Coca Cola“ им пречи што јас си го именував мојот сок со нивното име туку треба мене да ми го постават прашањето зошто јас, од милијарди зборови, сум решил мојот сок да го именувам со „Coca Cola“? Очигледно е дека кај мене има некоја агенда и некакви намери штом јас сум одлучил да се шлепам на тој авторизиран збор. Сите овие се различни заедници или граѓански партнерства и нема никаква рационална причина зошто нееднаквото со сила би ги правеле еднакви именувајќи ги со ист збор. А уште поголема дискриминација ќе направиме ако некои од нив ги именуваме со ист збор (како што ти предлагаш), а другите не. Разликата помеѓу машкото и женското не е само имање или немање пенис, туку и многу други внатрешни и надворешни морфолошки разлики, различни хромозоми, различни хормони, различна мозочна активност, различна интерна поврзаност на левата и десната хемисфера во мозокот (затоа женските се поемотивни, а машките попрагматични), разлики во однесување итн. Понатаму бракот и феминатот се различни и од општествена гледна точка затоа што додека едните, во рамките на својата заедница можат да создаваат луѓе - нови индивидуи во општеството, другите не можат бидејќи немаат компатибилност во своите репродуктивни органи. Со еден збор разликите меѓу машките и женските се евидентни, а исто така и во заедниците маж-жена и жена-жена и маж-маж, така што пак ќе повторам дека нема потреба од сосила изнедначување на нееднакви работи. @Bender Rodriguez случајот со САД е локален проблем, во локално време, заради локални причини. САД е прилична нова асоцијација на држави. Бракови меѓу различни раси си имало миллениуми пред да постои САД.
Сакаат да го користат тој збор затоа што бракот не им се разликува од хетеро браковите на никаков начин од правна гледна точка и имаат целосно право да го користат. Како што кажав, стрејт и геј бракови се еднакви пред законот, но се разликуваат од брак во кој има повеќе лица. Зошто? Самиот кажа, постојат повеќе прашања кога се работи за наследство отколку кај брак со две лица (без разлика од кој пол се, сосема небитно). Патем, јас не предложив полиаморните заедници да се викаат со твоите имиња. Јас, за разлика од тебе, нема да имам проблеми со спиењето ако нечија заедница се вика брак. Ако ги игнорираме сексистичките работи што ги кажа, дури и да постојат вакви разлики, тоа пак ништо не менува пред законот. Зошто би му било гајле на законот дали бракот е составен од две емотивни жени или една емотивна жена и еден емотивен маж, уште поважно, како воопшто ќе се одреди дали некој е емотивен во бракот, и најважно, зошто е тоа важно? Слично на ова, апсолутно нема никаква разлика меѓу геј брак и хетеро брак во кој едниот е стерилен. Дали нивната заедница не треба да се вика брак as well?