Чек сега. Ако ги разграничуваме работиве врз основа на приплод (што нема баш логика, затоа што и во денешниов поим брак е изоставено потомството, туку само маж и жена има), шу прајме во феминатот во кој и понатаму јас можам со било кој донор да имам дете? Ако одам понатаму, шу прајме кога ќе стигнеме до можноста да посвојам ембрион (нешто што и денес е возможно)? Why комплицираме една толку проста работа? Од кога бракот е гаранција за потомство?
А што толку е убав па тој збор „брак“, па ај сега сите ќе се тепаме и бориме нашите заедници да ги именуваме со тој збор? Нашата азбука има 31 буква. Тоа значи дека дури и ако сакаш да направиш збор од само две букви, имаш 31х31 опција = 961 опција. А ако сакаш да креираш збор од 6 букви имаш 31х31х31х31х31х31 = 887,503,681 (со зборови тоа се 887 милиони 503 илјади и 681 зборови 887 милиони, па тоа се повеќе од 400 Македонии! И од сите овие опции на модерни креативни зборови, лобито на ЛГБТИ сака нивните заедници да ги именува како „брак“. Која коинциденција, баш тој збор им бил најубав Абе мали деца ли сме па ќе се лажеме? На сите овде ни е јасно која е агендата на лобито на ЛГБТИ и зошто они сакаат своите заедници да ги шлепаат на веќе авторизираниот зборот „брак“ - збор кој и во законот на РМ е дефиниран како заедница меѓу еден маж и една жена. Абе и цела фудбалска репрезентација заедно со публиката да влезат во брак ако не а? Ти само мирно спиј си Ја не знам зошто кока кола плаќа грдни пари за авторско право на името на својот пијало, и не сфаќам како тоа им го ремети сонот тоа што јас мојот прегорен шеќер измешан во газирана вода си го викам „кока кола“. И тоа е благо и ова е благо. И тоа има меурчиња и ова Различни се овие. И сосема е во ред ако во законот влезат под различни имиња и ги имаат истите права. Освен се разбира ако нема некоја друга агенда у позадина за првите три да се шлепаат на зборот „брак“, а другите да ги дискриминираме од таа унија. п.с. Ќе излегувам јас, ќе ја продолжам дискусијава покасно.
Сакаат бидејќи на бракот гледаат по апсолутно ист начин по кој гледаат и заљубените хетеро парови - со оооогромна доза на романтичност, а не како нешто што е ексклузивно резервирано за маж и жена. За нив, како и за хетеро паровите, бракот е The next step со кој ќе ја кунисаат својата љубов, ќе остарат еден покрај друг, ќе носат прстени, ќе носат исто презиме ќе бидат hubby&whatever на вратата од нивниот дом, ќе бидат hubby&whatever за институциите, светот... иииии ќе имаат најпрекрасна, најромантична, најфенси свадба на цел свет. И оти, впрочем, да бираат ново име само да го разграничат својот брак и својата љубов од твојот брак и твојата љубов. Они немаат проблем со тоа што ти или било кој друг хетеро пар решава да стапи во брак. Кој има потреба да биде поразличен...нека да си избере поинакво име. Впрочем, и брак ко збор, не содржи апсолутно ништо што асоцира на нешто ко when a man marries a woman Патем, закон..устав, нели сфати дека тоа се менува. Лесно. Ептемски. Тоа шо не се менува е Библијата
Па тоа и ја го велам од прееска, ја ќе си го наречам мојот прегорен шеќер измешан во газирана вода - Coca Cola, а компанијата Coca Cola ако имаат потреба да бидат поразлични нека си изберат поинакво име
А, бе, примерот не ти е баш аргумент кој ја зајакнува или ослабнува твојата позиција во дискусијава. Ирелевантен е Ама јас вака ќе ти кажам, ко што фактот што за х црква, некоја друга црква е секта и сепак, таа продолжува да биде црква за нејзините верници... па по некое време се решаваат дури и да ја одсектаат (ring a bell?), така и со браков. Ти велам, можеш само до Библијата да се држиш, ако не си по промените во општествово. Иначе, се' тече, се' се менува. Дури и ставовите на црквата,додуше. Ама ај.
сметам дека не е на арно ако им се дадат права. целата смисла на животот ќе замине во неповрат како што веќе тргнало. место да се развива опшество со повеќе деца и млади овде се повеќе има пензионери и пе*ери, извинете вака.
Вo тефтерO (зaкoнoт) си пишувa мaж и женa и тaчкa, не туку читaјте кaкo е пo светoт, дaлекo е светO aкo oдеш пеш. НO, вo зaкoнoт истo прoчитaв и вo кoи примери не смее дa дoјде дo склучувaње брaк, тукa спaѓaaт рoднини, лицa сo тешкa ретaрдaцијa, свекoр и снaa и сличнo, и никaде не сретнaв хoмoсекaуaлци. Црнци, буквaлнo, ни нa крaј пaмет не ги стaвиле. Битнo е тaa зaедницa дa ги имa истите прaвa и oбврски штo ги имaaт пaртнерите вo брaк, нo кoлку штo јaс знaм и вoнбрaчните пaртнери пoсле oдреденo време живеење зaеднo имaaт исти прaвa и oбврски кaкo брaчните пaртнери, сaмo не знaм дaли тoa вaжи и зa хoмoсексуaлците. Акo е зa рoмaнтичниoт ефект нa збoрoт -брaк тoгaш мoжaт уште пoфинo име дa измислaт, нa пример -рoмaнС. Нaместo -дa стaпиме вo брaк, ќе биде -дa стaпиме вo рoмaнС Акo е зa свaдбa, мoжеш и без регистрaцијa дa јa нaпрaвиш. Кaкo и дa е, дa сум геј и дa сум oк сo тoa, дури дa се средaт зaкoни сaмa ќе си средaм се штo требa (кoлку мoжaм), дoгoвoри, тестaменти, пoделбa нa имoт, издржувaње, пa и свaдбa ќе си нaпрaвaм, не чекaм нa милoст oд држaвaтa. Сaмo тукa пoвеќе е збoрење зa oхрaбрувaње зa дa се излезе oд closet првенственo, дури се дoјде дo брaк и децa пoсвoјувaње, ехеееее, ќе не снемa oд мaпa. Буквaлнo.
За да користат различен збор треба да важат различни закони за нив. Дај ми пример за еден (1) случај каде што поинаку би бил разгледуван законот за брак меѓу двајца од ист пол и брак меѓу двајца од различен пол. Ќе чекам. Ако успееш ќе ти признаам дека се различни. Тоа ли е твојот аргумент: Абе мали деца ли сме па ќе се лажеме? Се шлепаат на авторизиран збор? Искрено не знам што си имаш ставено во глава, ама целта на ЛГБТИ e да им се обезбедат правата на оние кои ги немаат, а не да го сврти светот геј или пак да не ти дозволи тебе мирно да спиеш. Дали сериозно уште ја вртиш аналогијава? Зошто воопшто го поистоветуваш геј бракот со прегорен шеќер и газирана вода? Претпоставувам бидејќи мислиш дека има разлика меѓу геј бракот и хетеро бракот. Само што веќе утврдивме дека нема... Пред да рипнеш, рековме дека споредуваме бракови, а не полови органи. Кога нема разлика меѓу браковите, нема смисла да се користат различни имиња, само бидејќи некој брак е сметан за супериорен во однос на друг.
Не е точно. Во македонскиот јазик има многу повеќе зборови отколку што има закони, а тоа е доказ дека зборовите не означуваат само сет на закони, туку се користат и за да се разликуваат одредени предмети или субјекти. На пример зборот „куче“ постои и се разликува од зборот „маче“, не затоа што тие се различни пред законот за заштита на животните, туку едноставно затоа што се различни и нашиот богат јазик со азбука од 31 буква ни дозволува да имаме различни зборови за различни предмети, субјекти, унии, партнерства итн. Па така постои и посебен збор за „маж“ и посебен збор за „жена“, не бидејќи тие треба да бидат третирани различно пред законот, туку едноставно затоа што мажот е маж, а жената е жена. Немам ништо ставено во глава, едноставно ја следам ситуацијата во светот и делувањето на ЛГБТИ во различни држави. Не се они од вчера па да претпоставуваме што и како прават. Они се „веќе видено“ и можеш да ги маткаш само форумџииве што едвај знаат што значи скратеницата „ЛГБТИ“, но не и оние поупатените. Хомосексуалците си ги уживаат сите права во државава исто како јас и ти и сите на форумов. Единствено што треба да се регулира е правото за наследување пензија доколку еден од партнерите почине. Друго наследување на станови, коли, имоти се тоа може со легален договор да си остварат, а и свадби може да си прават колку сакаат. Ништо од тоа не им е забренето. Живеење заедно и спиење во ист кревет воопшто не им е забрането. Но сепак лобито на ЛГБТИ не застанува овде, туку сака да го нарече нивното партнерство „брак“ и да ги буни децата уште од најмали нозе дека маж жена тоа е едно те исто, иако сите знаеме дека тоа не исто. И пред да рипнеш, имај предвид дека полова еднаквост и полова рамноправност се две различни нешта. Мажот и жената и нивните унии и партнерства треба да бидат рамноправни пред законот, но тоа не значи дека тие се исти. Тоа е неразумно, ненаучно и нелогично поистоветување. Во науката на електронот и позитронот им се дадени различни имиња иако тие две елементарни честички имаат дури и апсолутно еднаква маса, но се разликуваат во електричниот полнеж. И ниту електронот, ниту позитронот е дискриминиран или пак супериорен во однос на другиот. Едноставно различни се и затоа имаат различни имиња. Понатаму целта на ЛГБТИ е да го менува образованието и тоа елементарното образование на децата и да ги буни децата уште од најмали нозе дека маж жена тоа се само општествени структури, дека ти можеш да си бидеш и женско од машки род и машко од женски род, дека тоа зависи не од биолошката реалност, туку од тоа како ти во моментот се чувствуваш. Па затоа и во некои држави што наивно потпаднале под оваа пропаганда, државата им дозволува на децата да си го сменат полот и тоа без знаење на родителите и на сметка на државата. Епа Македонија фала Богу не е уште до толку забегана и има огромен народ што ќе застане пред ваквите пародии и гласно ќе каже не. Тоа што тука 5-6 души се лајкате, нема врска со реалноста надвор. Надвор од форумов сепак мнозинството македонци разликуваат машко од женско и разликуваат маж-жена од маж-маж или маж-жена-маж и слични комбинации. Да де, никој не вели дека во брак стапуваат само половите органи. Брак не е унија на пенис и вагина. Бракот, како што е дефиниран во законот на РМ, е заедница на еден маж и една жена. И таа заедница и слеп човек може да ја разликува од заедницата помеѓу двајца мажи или две жени или заедницата помеѓу три жени и двајца мажи итн. А во Македонија не постои нешто такво како „геј брак“. И не постојат повеќе видови на „брак“ за да ги ословуваш во множинска форма. Ама затоа пак постојат милијарди зборови кои ЛГБТИ заедницата може да си ги искористи за именување на своите варијабилни и флуидни заедници. Прво, не постојат повеќе од еден брак за да збориме за некакви „бракови“. Второ, постојат повеќе видови на заедници и тие се различни меѓу себе. Различни се по број на партнери во неа и по пол на партнерите. Нема тука никаква дискриминација или супериорност помеѓу заедниците или половите, туку едноставно различни се. Не треба да гледаш на различноста како на нешто лошо. Кога се би било еднобојно, светот би бил досаден, монотон. Па дури и симболот што го користи ЛГБТИ - виножитото е составен од различни бои така? Дали тоа значи дека сите бои се исти и сите бои треба да ги нарекуваме „виолетова“? Дали тоа значи дека една боја е супериорна во однос на другите? Се разбира дека не.
As simple as that И да, во Австралија еве (каде што, како што повеќето знаеме од медиуми – неодамна на референдум изгласаа легализирање на геј бракови) сигурна сум дека стрејт луѓето и сега спијат мирно, Евангелос
Фразата what will happen се користи за непознати работи, за работи што не се случиле, како на пример what will happen if we colonize Mars. Ама агендата, чекорите, фазите и мотивите на ЛГБТИ организациите се одамна познати преку искуствата во другите земји кои се "понапред" од нас и каде веќе се веат знамињата на виножитото. Во 2016 година, Норвешка им дозволи на децата да го променат својот пол по сопствена одлука и тоа на 6 годишна возраст. Без задолжителна консултација со родител, лекар или психолог, само со пополнување на онлајн формулар. https://world.wng.org/2016/09/norway_allows_children_to_legally_change_gender Ова е реалноста во Англија откако родовата идеологија се имплементираше во образованието на децата каде што децата се учат дека родот не нужно одговара на биолошката реалност, туку дека се базира на моменталните чувства и дека може да се промени И тука мора пак да ја спомнеме ситуацијата во америчката држава Орегон кад 15-годишно дете не смее да стави тетоважа, не смее да пуши, не смее да донира крв, не смее ниту да оди во солариум, ама затоа смее да си го промени полот без знаење и дозвола на родителите и тоа на сметка на државата. Така што идете продавајте им ветер и магла и лепете им мемиња на оние што не знаат што значи кратенката ЛГБТИ, а не на нас што сме поупатени во поблематикава.
Чекај малце, многу ствари мешаш, поистоветуваш, споредуваш Нормално дека не поддржувам sex change операции на малолетна возраст без дозвола и знаење на родители, не верувам дека ниту кој било друг тука го оправдува тоа. Да те потсетам, збориме за хомосексуалност и за легализација на бракови. На операциите за промена на полот не им е местото овде, како што не е ниту на полигамијата. Ако можеш да дискутираш на вакви теми без екстремни примери на закони и случаи низ светот, that would be great Признавам, поинформиран си можеби, ама за вакви екстреми и детали кои ги истражуваш и на кои гледаш со некаква... параноична претпазливост да речам Во Македонија сме, тука овие луѓе не можат пред законот да ја официјализираат својата врска (меѓу два полнолетни партнери, се разбира). Во претходните страници имаш искуство на една таква членка (да не ја викам и тагирам). Нејзините чувства не се ништо поразлични од нашите... постовите во што би му кажале – исто како што ти би пишувал, како што јас би пишувала Каква закана може да претставуваат такви личности за тебе? Погледни околу себе со reality check, од аспект на рамноправност и со малку емоции И да, твојот муабет со кока колата е во тој стил и е аргумент од тоj тип како мемињата
Одличен пример. Во Законот за заштита на животните нема посебени членови за маче и куче, затоа што иако се разликуваат двете се животно, а како такви, важат исти закони за нив. Да имаше разлика меѓу мачето и кучето пред законот (да важеа посебни закони за нив) ќе се нарекуваа маче и куче, а не животно и животно. Но, ова провлекува друго прашање за супериорноста. Бидејќи ти тивко го прескокна делот каде те повикувам да ми најдеш дел од законот кој би важел различно за геј бракови, сфаќаме дека пред законот се еднакви. Во тој случај треба да имаме посебен збор и за заедница на маж и жена, а трите заедно да се викаат брак, исто како што мачето е маче, а кучето куче, а не животно™, не мислиш така? Јас не мислам, јас мислам дека наместо инателиво да им даваме посебни имиња, кои не играат никаква улога, треба сите да ги викаме брак. Но, ако ти веќе инсистираш на посебни имиња, тогаш мора и хетеро заедницата да има посебно име. Еднаквост, нели... Кои разлики и да мислиш дека ги имаат мажите и жените, освен хромозомите, а со тоа и половиот орган, се целосно индивидуални и субјективни, што значи дека не важат за сите мажи и за сите жени. Разликите како полови органи немаат место во законот, а разликите како емотивност, рационалност, озборување, плачење уште помалку имаат место во законот. Знаеш што би било неразумно и нелогично? Кај основните човечки права да пишува: Секој маж има право на живот. Секоја жена има право на живот. Секој маж има право на слободна религиска определба. Секоја жена има право на слободна религиска определба. Истите права ги имаат, истите закони важат за нив, нема потреба да се користат различни имиња. Токму затоа се користи секој, што подразбира секој човек. На ист начин треба да се користи секој брак. Не, Евангелос. Целта не е сите машки деца да се претворат во женски. Ако промена на пол се спомнува во учебници (што патем, не се спомнува, не сум видела учебник каде пишува такво нешто, ни од американските, а за македонските да не правиме муабет), тоа е за оние деца кои навистина се чувствуваат како другиот пол да знаат дека е појава која им се случила и на други, и многу поважно, да знаат дека не е нешто лошо. Ако има во учебник нацртано маж и маж во срценце, не е за да ги претворат децата во гејови (што патем не е можно), туку да знаат дека ако еден ден се заљубат во ист пол, сè е во ред со нив и не е ништо лошо. (Осмели се да кажеш дека е.) Секако, не зборувам за екстремности и перење мозок во никој случај. Да му кажуваш на дете ти ќе бидеш геј е исто толку лошо како да му кажеш ти ќе бидеш стрејт, или ти ќе бидеш црнец, а имаш бела кожа. Да го менуваш полот на лице кое е неспособно да даде консент не треба да биде легално. Луѓето кои го пропагираат ова не ја претставуваат целата ЛГБТИ заедница. Тебе ти пречи што ЛГБТИ се обидува да ги запознае децата со queer работи кои веројатно ќе им се случат (да, многу од сегашните деца се/ќе бидат queer). Моето прашање до тебе е, зошто тоа те плаши? Сериозно со аргументов? Надвор од форумов мнозинството во Македонија се православни христијани. Зборуваме за потенцијални бракови, кои во Македонија уште не се легализирани, што не значи дека нема да бидат. Секако дека ќе ги нарекувам бракови бидејќи тоа се - бракови. Остави ги полиаморните бракови бидејќи за нив важат посебни закони и тие не спаѓаат во нашава тема на муабет. Заедница на двајца мажи се разликува од заедница на маж и жена само според половите органи и ништо друго. Секоја друга разлика е индивидуална, дали било немањето деца, изневерување, емотивност на партнерите, начин на кој имаат секс итн. Ваквите разлики ги има меѓу хетеро браковите, а не гледам за нив да бараш различни имиња. Да те потсетам дека полиаморноста не припаѓа на ЛГБТИ, не опфаќа ниту сексуалност, ниту пол, туку број на партнери. Уште еднаш, зборуваме за потенцијални бракови, а ти тоа добро го знаеш. Само правиш rubbing in the face со фактот што не се легализирани. Very mature. Да го искористам твојот пример погоре, различни се како куче и маче, различни видови, но сепак двете припаѓаат на царството животни. Кажавме веќе дека пред законот мачето и кучето се еднакви, па затоа се користи заеднички збор за нив. Ако имплицираш на имиња за неформална употреба би сакала да сведочам кога ќе ги прашаш твоите геј пријатели: Еј, како ви оди либеракскиот живот? Различните имиња се целосно непотребни, и пред законот и за неформална употреба. Не ја присилуваме ние еднаквоста, туку вие различноста. Верувај, исто е како да тврдиш дека има разлика меѓу брак во кој двајцата се иста висина и брак во кој има голема разлика во вистината меѓу двајца. И мали деца ќе видат дека има разлика. Слеп ќе заклучи дека има разлика. Наудрени ли ќе се правиме ако тврдиме дека нема разлика?
Па и јас тоа го велам де, и мажите и жените и стрејт и геј и трансродовите луѓе, сите тие се луѓе, секој од нив е човек и сите тие се еднакви пред законот. Ама сепак кога ќе видиш жена, ти ја разликуваш од маж. И мажот и жената се „човек“, еднакви се пред законот, ама различни се. Мажот е маж, жената е жена. Затоа постојат и машки и женски тоалети, соблекувални. И разликите меѓу нив не се дикриминација, ниту пак едниот пол е супериорен во однос на другиот, туку едноставно се различни. И различноста не е нешто лошо, гадно, какано, туку е убаво. Пробај барем за момент да гледаш на различноста како на убавина. Земи некоја уметничка слика или уште подобро земи го симболот на ЛГБТИ - виножитото и пробај да ги разгледуваш боите, виолетовата, сината, црвената, портокаловата, жолтата итн и уживај во различноста... Дали утре на твоето дете ќе му речеш е оваа боја се вика боја, а оваа исто така боја, а оваа до неа исто е боја не, туку ќе речеш црвена, зелена, плава.. различни се. Да, сите се бои, ама различни се и затоа имаат различни имиња. Да де, па ние имаме различен збор за заедницата на маж и жена, а зборот за таа заедница е брак. Сите граѓански заедници треба да бидат еднакви пред законот, но бидејќи се различни, треба да имаат различни имиња. И бројот 1 и бројот 2 се броеви, но сепак едниот се вика еден, другиот два. Ние не велиме за бројот 1 дека се вика БРОЈ, а другите два, три, четири итн. Туку сите се броеви и ниту еден не е супериорен во однос на другиот. Исто е и со граѓанските заедници/партнерства. Сите тие се заедници, ама бидејќи се различни, имаат и различни имиња. Ако треба да ти објаснувам за разлики меѓу мажи и жени, тогаш тури и пепел на дискусијава Едноставно срам ми е да објаснувам на возрасна личност како и зошто се различни мажите и жените. Ќе ме прочита некој пријател ќе мисли дека ти се зезаш, а јас паѓам на твојот сарказам Не не, никако тоа. Ние живееме во плуралистичко општество и не е убаво да ги сегрегираме, маргинализираме и дискриминираме полиаморните заедници, а да ги привилегираме бракот, феминатот и либеракот како некои со поголеми права. Ако веќе дискутираме и утре унапредуваме закон за граѓански заедници, тогаш сите граѓански заедници треба да бидат еднакви пред законот. А што има смешно во тоа да прашаш двајца хомосексуалци кои се во заедница „либерак“, како им е либеракскиот живот? Нема потреба од потсмејување со таквата заедница. Треба да се почитуваме едни со други и како што не е смешно и потценувачки да прашаш двајца што се во заедница брак како ви оди со брачниот живот, така не е смешно и потценувачки да прашаш и како ви оди со либеракскиот живот, или две жени со феминатскиот живот или свингери да прашаш како во оди со свенгерскиот живот? Знам дека се чудни малку изразите, ама ќе се навикнеме со време, тоа е. Не треба да се потсмеваме со различните граѓански заедници и да гледаме инфериорно кон нив, а со тоа себе си да се ставаме супериорно над нив. Ноуп. Ние би ја присилувале различноста доколку бројот 23 и бројот 23 сосила сакаме да ги направиме различни, а не се. Но вие ја присилувате еднаквоста, бидејќи бројот 23 сакате сосила да го изедначите со бројот 28 и покрај тоа што се различни, само затоа што и едниот и другиот се броеви.
Ако продолжиш да си играш мајтап со мене, нема да ти одговарам. Уште чекам да ми посочиш каде во законот има улога полот на едниот партнер во бракот. Додека не го направиш тоа, ти паѓаат во вода сите филозофии за различностите, бидејќи различности пред законот нема. Можеш да дадеш уште десет вакви примери, сепак нема да го променат фактот што различни зборови за заедниците се апсолутно непотребни, за разлика од различни зборови за броеви и за бои. Кажавме веќе, има посебни закони за нив, затоа не се еднакви со хетеро и геј браковите. Само врз оваа основа би можел некој да бара посебно име за полоаморните бракови. Еве ти овде добро покажуваш како овие бракови се разликуваат од стрејт и геј браковите, со што немаат место во конкретнава дискусија, па ќе те замолам да не ја менуваш темата повеќе. Спојлер Не не, слободно кажи си, емотивност, повеќе користење одредени хемисфери, едните подобри во меморија, другите во моторика, дури и бројот во синапсите на Црна Ружа... Стои фактот дека има жени кои имаат карактеристики кои се стереотипно машки и мажи со карактеристики кои се стереотипно женски. Затоа вакви разлики не се земаат предвид, особено не пред законот, кој, да те потсетам, е предмет на дискусијава. Разликата меѓу твојот стрејт брак и нечиј геј брак е единствено во половите органи, по не знам кој пат кажувам. Ова е минорна разлика, сосема небитна, исто толку небитна како разлика во висина. Здраво, како ви оди заедницата на маж висок 210 и жена висока 150? Како ви оди висинакот? Или еве: Како ви оди заедницата меѓу Албанка и Македонец? Како ви оди албанакот? Бесмислено е, не поради звучноста на зборовите, туку поради самата нивна употреба. Удирање со глава в ѕид. Разликата меѓу 28 и 23 е клучна. Разликата меѓу стрејт и геј брак е полови органи, не е клучна, непрактично е да се нарекуваат различно.
И да имаш дете со донор, и да посвоиш ембрион, и тоа дете и тој ембрион се создадени со спојување на сперматозоид и на јајце клетка. Таква е нашиот репродуктивен систем, така се креира нов живот. Sorry, она што креира живот, е тоа што поставува норма бидејќи овозможува продолжување на животот. Хетеросексуалноста е норма. Хомосексуалноста не е.
Пошто единствено само продолжување на видот е битно, што правиме со хетеросексуалните бракови во кои партнерите не сакаат/не можат да имаат деца? Небитни се? Не заслужуваат да бидат во брак?