Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правата на хомосексуалците

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Pirana, 22 април 2014.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    @Bridget и @Mamli, го прочитавте ли вие барем насловот на линкот до крај? Човекот (ако воопшто може да се нарече човек) не само што е анти-геј и хомофоб, туку за масакрот во Орландо се изјаснил јавно дека жртвите хомосексуалци го добиле тоа што заслужувале.
    Да, има поврзаност и одвратна иронија е.
     
    На Amellie13, DAngel и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.026
    Допаѓања:
    52.088
    Пол:
    Женски
    А некој стварно мисли дека хомосексуалците или хомофобите се и педофили или пак ќе се испишат страници во дискутирање на бесмислена тема?
     
    На orxideya, 1209, Srckata28 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Јас прекрасно ја доловувам приказната, но тоа како тој се претставувал пред луѓето не го менува фактот дека бил хомосексуалец и педофил.
     
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Уште дa кaжеме декa црнците се педoфили и кoмплетнa ќе е темaвa.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Има, еве @Mamli (Жак) мисли дека хомосексуалците се педофили :)
     
    На crimson и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Јас мислам дека во најголем дел се. Не сите нормално :!: Не ми лепи и монтирај разговори :D
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ако јас кажам дека во најголем дел си ******, ама не целосно, ќе се смета ли како навреда?
     
  8. A.27

    A.27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Машки
    Какви права бараат хомосексуалциве не можам да разберам:^)
     
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Пред да вадиш бесмислици од ракав за да ги убедиш слабоумните луѓе кои читаат СДК ќе беше фер да спомнеш дека статистикиве се од минатиот век. Користиш статистики од пред 20 години. Јас тогаш не сум била ни родена, па претпоставувам затоа ти подобро знаеш до колкав степен била прифатена хомосексуалноста.

    Да ги земаш податоциве здраво за готово е смешно и апсурдно. Прво, во целокупниот број геј луѓе во истражувањето спаѓаат само луѓето кои биле out and proud во '95 а веројатно и порано. Мислам дека ќе се согласиме дека поголем дел тогаш биле closeted и unwilling да учествуваат во нечие истражување за број на сексуални партнери. Така што заклучокот дека 90% од геј луѓето имале повеќе од 25 партнери е комплетно невалиден. Подобро е да кажеме дека 90% од луѓето кои биле доволно отворени за во хомофобичното општество на деведесеттите да зборуваат за своите сексуални партнери имале повеќе од 25, што е доста логично.

    Друга работа. Причината за раширување на сидата не е број на партнери, туку некористење заштита. И 5000 партнери да имале, ако користат соодветна заштита, нема да има никаков проблем. Можеби на тоа треба да се фокусираме, а не да продаваме морал на форум како хомосексуалците се развратници што имаат секс со 500 души, демек загрижени за нивното здравје.

    Нема смисла да се ограничуваат сексуалните партнери на луѓето (земајќи предвид дека тоа е личен избор и нема буквално ништо лошо во тоa) за да се спречи ширење вирус што може да се спречи со користење соодветна заштита.
     
    На Someonespecial, Ketchup, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    1. Статистиката дека геј и бисексуалците се 2% во Америка, но сочинуваат 70% од сите новозаразени е од 2014 година и е од официјален владин сајт www.hiv.gov
    Види таму имаш и статистика и од 2016 година, вака вика:

    Gay and bisexual men are the population most affected by HIV. In 2016:
    • Gay and bisexual men accounted for 67% (26,570) of all diagnoses and 83% of HIV diagnoses among males.
    2. Статистиката за број на сексуални партнери што ја наведов, да таа е од пред 20 години. Ако сакаш ќе ти побарам и понова. А зошто мислиш дека сега е помала статистиката? Ако во времето кога хомосексуалноста не беше прифатена и немаше социјални медиуми, хомосексуалците можеа да најдат толку партнери, колку полесно им е сега кога Европа, Америка, Австралија итн. им ги даваат сите права на хомосексуалците, тие се прифатени во општеството, а дури и во образовните системи афирмативно се зборува за хомосексуалноста. Плус денес со социјалните медиуми тие можат и многу полесно да дојдат до партнер. Значи ако има промена во статистиката, тоа може да биде само во нагорна линија.

    И хомосексуалците користат кондоми исто како и хетеросексуалците. И двете групи често пати имаат незаштитен секс. Е сега, тука доаѓа до израз математичката веројатност. Ако имаш незаштитен секс со 100 партнери, веројатноста да добиеш сида е 10 пати поголема отколку ако имаш само со 10 партнери. Веројатноста дополнително се зголемува кога имаат секс со тотално непознати луѓе. Ептен ретки се девојките што така лесно ќе се согласат да се сексаат со непознат странец што ги чатнал на интернет. Можеби една во милион, која пати од голема осаменост или има психолошки проблеми. Секоја нормална девојка не би прифатила такво нешто, ќе се плаши прво за својата безбедност.
    Кај машките хомосексуалци генерално тоа не е случај, тој страв не постои. И затоа полесно прават дискретни секс авантури со непознати. Уште во времето на мирцот тоа беше случај. Се логира на мирц со ник Passive23 или GoPrimamCel или Gaze или Sam_doma и се става на машки и дури и ти се пушта без ронка срам, страв, и ај боље да не пишувам како директно и без цензура ми пишувале. Секој што одел на мирц знае што зборувам.

    Значи никој не им го брани правото да си имаат стотици или илјадници сексуални партнери. Ама секој од нас има морална одговорност да ги информира за последиците кои се недвосмислено изразени во бројките:

    • Хомосексуалци 2% во САД, а сочинуваат 70% од новозаразените со сида.
    • Хетеросексуалци 98% во САД, а сочинуваат само 23% од новозаразените со сида.
    Диспропорционалноста е повеќе од очигледна. Колку сакаме можеме да аргументираме и да релативизираме, бројкиве едноставно бодат очи. А искрено и не им правиш услуга ако го охрабруваш дека бројот на партнери нема врска со сидата. Ако ни е грижа за нив, да ги охрабруваме во позитивна насока.
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Јас да имав афинитети кон својот пол, не ќе ме интересираше ни хомосексуален брак, ни посвојување. А од она што гледам во секојдневниот живот, повеќето од гејовите и не ги интересира.
     
    На orevokrsacka и EvAngelos им се допаѓа ова.
  12. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Не е тешко да се сфати дека ова првично се должи на фактот што стрејт парови скоро секогаш користат заштита, не бидејќи им е страв од ХИВ вирусот, туку за да не дојде до несакана бременост. Оттука, би се зачудила многу ако стрејт луѓето го сочинуваа мнозинството заболени од сида. Тоа не ти го ни спомнав, бидејќи мислев дека е очигледно.

    Патем, да разјасниме една работа. За да се рашири ХИВ е потребен незаштитен однос. Тоа е основната работа што ни треба. Ако сексот бил заштитен математичката веројатност за која зборуваш би била нула при секаков број на партнери. Имањето повеќе партнери има улога само кога се работи за незаштитен секс.
    Исто е и со вакцините. Ако си заштитен, можеш да бидеш во контакт со колку сакаш заболени лица, шансите да се заразиш се незначително мали. Ако не си вакциниран, најдобро е да не доаѓаш во контакт со никој, бидејќи анти ваксерите веќе го расипаа herd immunity.

    Јас ако сум геј маж во деведесетите кој е прилично отворен и имал секс со 274 мажи меѓу нив несомнено спаѓаат и тие што не се така јавни како мене. Гејовите се секогаш исти на број, но со текот на времето се менува бројот на тие што отворено излегуваат и тие што се уште во плакарот. И сега кога некој господин од деведесеттите вели ај некои гејови ако сакаат да учествуваат во мојата статистика? Кој мислиш дека ќе се согласи? 17 годишно момче и неговиот дечко чии родители ќе го убијат ако дознаат или некој кој легнува со различен секој ден и ич не му е гајле за тоа?

    Не велам дека геј развратот е намален низ годините, не, веројатно е ист, а можеби и поголем, ете, но тоа дека 90% од сите гејови имале минимум 25 партнери е чиста глупост. Верувам дека да беа земени сите гејови предвид, процентот ќе беше далеку помал.

    Овој дел, патем, нема врска со сидата, бидејќи, како што кажав, и со два партнери да биле 90% од гејовите, ако продолжат да не користат заштита, пак ќе претставуваат 70% од заболените. It's just how it is.

    Затоа велам дека не е логично да се промовира намалување број на партнери, кога подобро е да се промовира користење заштита, така ќе и' ја пресечеме главата на змијата.

    И пак, сè ова е во ред и попрво треба да ги тераме да користат заштита отколку да им забрануваме да имаат секс со кој сакаат.

    Ти кажав за горенаведените бројки. Логично е луѓето што повеќе користат заштита да сочинуваат помал процент од заболените. И логично е гејовите помалку да користат заштита, бидејќи не мора да се грижат за бременост. Не гледам што е спорно тука.
     
    На Ketchup, Amellie13 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Не. Тоа се должи на фактот што геј и бисексуалците менуваат стотици сексуални партнери и затоа можноста за закачување сида драстично се зголемува.
    Најголемата сериозна тема на форумов е темата „Дали сум бремена?“. Оваа тема до сега има 727 страни по 20 мислења од страна = 14,540 мислења. Овие стрејт парови најчесто имале секс без кондом, па затоа и уплашени дошле на темата да прашаат дали се бремени.

    Еве ти и една научна студија (наспроти „логичните паушални претпоставки“) каде што направиле истражување и заклучиле дека хомосексуалците користат дури и повеќе кондоми од хетеросексуалците:
    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3334840/

    MSM (Men who have sex with men) reported more consistent condom use during anal sex than heterosexuals reported during vaginal sex.
     
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Процентот на хомосексуалци и бисексуалци расте, не е точно дека останал ист. Човековата психа впива влијанија како сунѓер, што повеќе е опкружена од нешто, нормално дека се впушта во пробување (експериментирање со нештото).
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos
    А најжално е што ти ваква вест (дека некој, било кој е заразен од ХИВ) користиш за да си тераш прикриена пропаганда, па потоа и пак да ги претставиш генерализирано хомосексуалците како грозни манијачишта што ловат со вулгарни никови по чет сајтови.
    И што е поентата на твојата загриженост, како ти би им „помогнал“ на геј/би луѓето? Ние што подолго те читаме околу овие теми слабо може да ни мачкаш очи, we know where you're getting at - треба да останат closeted и да се вклопат во хетеро рамките на општеството создавајќи семејство (тука поткрепено можеби и со цитати од „психологија“ од која сите модерни (идни) психолози се срамат - дека хомосексуалноста е изопаченост и болест), па можеби и дека ова со почестото заразување со ХИВ им се случува бидејќи пркосат на тоа што е од Бог дадено, како што поотворено се изразува дотичната што ти се надоврза во сдк.
    И да, батка, хомофоб си, само се трудиш тоа поразлично да го изразиш од твоиве истомисленици тука, на некојси пософистициран начин, ама веќе многу провиден и иритантен стануваш.
    ФМП.
     
    На orxideya, Fauhxy, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.120
    Пол:
    Женски
    Аха, само што стрејт популацијата не ја сочинуваат неколку неедуцирани тинејџери (кои, повторно, не ни влегуваат во статистиката, очигледно).

    Не знам колку би нарекла телефонска анкета научно истражување. People lie. Да имаше малку инсајт во геј светот ќе знаеше дека на повеќето не им е гајле за сидата, а и кондомите им се too much work. Ова важи и за стрејт паровите секако, само што тие се принудени.
    И не велам дека ова е во ред, туку дека треба да се фокусираме на тоа да користат заштита при сексот, а не да немаат секс.

    Исто така, малку ми е чудно што гејовиве гледаш користеле заштита според студијата погоре а пак го фатиле вирусот. Изгледа вирусот мрази гејови.
     
    Последна измена: 17 април 2018
    На theowndemon, Someonespecial и Ketchup им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    1. Моите ставови не се прикриени, туку јасно црно на бело пишувани по форумиве, на фејсбук, твитер, во коментари на статуси на министерската Царовска, секаде. Ниту се плашам, нит се срамам, ниту ги прикривам моите јасни ставови. На форумов имам пишано и име и презиме и фејсбук, па дури и матичен број имам пишано :D Повелете кој сакате од вас ЛГБТ пропонентите и на јавна дебата ќе продискутираме.

    2. Не ми е целта да ги прикажам хомосексуалците како што ги нарекуваш „грозни манијачишта“. За тоа што пишав на мирцот, па дај ти се молам, сите овде што сме повозрасни и што мирцавме на времето (кога мирц беше единствен сошл медиа), ова ни е познато. Не кажав ништо ново.

    3. Ако веќе преминеме во образложување на прашањето „ЗОШТО повеќето геј и бисексуалци менуваат стотици сексуални партнери?“, јас не мислам дека тоа е затоа што тие се „грозни манијачишта“. Мојот став и по ова прашање веќе го пишав, а тоа е дека тие не можат да најдат мир и исполнување во една некомпактибилна врска (маж со маж или жена со жена), иако тие се убедени дека се. Тие врски не само што физички и анатомски не се компактибилни, туку и на емотивно ниво, иако тие се убедени дека се. Тоа е како жеден човек кога сака да ја угасне својата жед со ладна Кока Кола. Тој мисли и чувствува дека ладната Кока Кола ќе го оджедни, ама реалноста е дека само неколку минути му ја гасне жедта, а потоа е пак жеден бидејќи телото има потреба од H20, а не од шеќери.
    Тоа е моето мислење на прашањето ЗОШТО и секако дека овде нема да се сложиме. И не мора да се сложиме. Ама еве јасно си кажувам дека според мене жената е создадена за да биде компактибилна со маж, а мажот со жена.
     
    На baba Rada и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    А зошто би лажеле на анонимна телефонска анкета? И што би било според тебе научно истражување, да им влезат со камера додека овие имаат секс и така да докажат дека не користат кондоми? :D

    Дај ти се молам. Ова е сериозно научно истражување, водено од 7 доктори на науки и објавено во националната библиотека по медицина во САД. Анкетирале вкупно 2,889 испитаници.

    Исто така таму пишува и дека:
    The Centers for Disease Control and Prevention (CDC) estimates that HIV and early syphilis rates among MSM are >40 times higher than those among heterosexuals
    Превод:
    Центарот за контрола на зарази и превенција проценува дека ХИВ и раниот сифилис помеѓу „мажите што имаат секс со мажи“ се повеќе од 40 пати повисоки отколку кај хетеросексуалците.
    (Извор: Purcell DW, Johnson C, Lansky A, Prejean J, Stein R, Denning P, et al. Calculating disease rates for risk groups: estimating the national population size of men who have sex with men (abstract). Paper presented at: National STD Prevention Conference; Atlanta, Georgia. 2010.)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Па така кажи си straightforward што ти е поентата, не мораш да глумиш жал и емпатија :D За дебата и политичарка да бев ќе се подзамислев, бетер и од нив спинуваш :D

    Помош и превенција од СПБ се спроведува со сексуална едукација и укажување на потребата од заштита при однос – како кај хетеро, така и кај хомо однос. Нема никаква филозофија тука. За таква едукација си има и здруженија што се залагаат, истите кои се залагаат и за правата на хомо/би/транс луѓе.
    Сигурно нема да им помогнете вие хомофобите што кревате на нозе министри и претседател околу ратификација на конвенција против семејно насилство, оти во некојаси 824113874-та точка од истата се спомнала и заштита на ЛГБТ заедницата.
     
    На Ketchup и Lella им се допаѓа ова.