Можеби бидејќи не сакаат да изгледаат лошо во очите на важниве луѓе, why the fuck not. Сериозно, ниту една научна студија за гејови не е веродостојна, земајќи го предвид фактот што буквално никој нема појма колку од луѓето што рекле на телефон не бе не сум геј биле всушност гејови кои не сакале да одговорат. И овие работи се поврзани меѓусебе, затоа никогаш не треба да оформуваш слика за хомосексуалците базирана врз анкети. Сериозноста на оваа научна студија, патем, е толкава што можам јас комотно да ја реплицирам ако сум доволно посветена и погодам гејови на телефон вртејќи рандом броеви. Statistics.
Не ми е јасно, на емоционално ниво, што има разлика меѓу две личности што се сакаат без разлика дали се два мажи, жени или стрејт пар. Се сакаат. Кој bullshit е да се вели дека не се компактибилни. Од кај ти знаеш? Физички, obviously е различно. Ама ако прогуглаш статистики, кoи очигледно ти многу ги сакаш, за факт се смета дека лезбејките и бисексуалките во геј врска имаат повеќе оргазми од стрејт жените. Just saying. Шега на страна, се што ти кажа е генерализирање на гејови и нема никаква веза. Повеќе партнери, врски и раскинување на истите е дел од животот на речиси секој просечен човек - како резултат на тоа што покрај се, човекот е социјално битие. И да, не секогаш испаѓа дека е компактибилен со личноста која ја одбрал за партнер. Ама тоа нема врска со пол.
Срцка, на ова @Lella би ти одговорила: Шега на страна, не кажав тоа. Јас вака би го сумирал се што кажав: 1. Хомосексуалците се 2% во САД, а сочинуваат 70% од новозаразените со сида. Хетеросексуалците се 98% во САД, а сочинуваат само 23% од новозаразените со сида. Ова не е генерализирање, туку е од официјален завод за статистика на hiv.gov 2. Потоа стана дискусија зошто постои волкава драстична диспропорционалност и зошто сидата и сифилистот се шират 40 пати повеќе меѓу геј и бисексуалците во споредба со хетеросексуалците и јас презентирав аргументи и статистики дека тоа е така затоа што геј и бисексуалците мажи имаат по стотици сексуални партнери, а посочив и на научна студија која вели дека хомосексуалците користат кондоми дури и повеќе од хетеросексуалците. Се разбира и меѓу едните и другите има такви што не користат кондоми, но заради тоа што геј и хомосексуалците имаат по стотици сексуални партнери, оттука и сидата се шири многу повеќе меѓу нив.
Здраво, Јас имам мислење различно од твоето и повекето тука... Како прво, не можеш да зборуваш за „гејовите“ како организација; не се како нацистите, па да можеш да кажеш „Еј, нацистиве се стремат кон тоа да ја окупираат Европа“ -- сакам да кажам, не делат иста идеологија. Тоа би било исто како да се каже „Хетеросексуалциве се залагаат за (било што)“. Не се организација, немаат иста крајна цел, туку единствено заедничко им е сексуалната ориентација. Второ, зошто не би било океј да имаат право на посвојување дете, ако стрејтовците имаат? Дали би било подобро тие деца кои се во домови, во кои се оставени само на најесенцијалните потреби, храна и вода, да останат таму или па да бидат посвоени од родители кои имаат шанса и желба да им пружат нешто повеке во животот? Токму така тие деца полесно ке сфатат дека не треба да дискриминираат. Некои би кажале дека дете растено во хомосексуален брак би станало хомосексалец. Ако се држиме по таа логика, тогаш не би можело да постои геј човек. За да се роди дете мора да се оплоди женската полова клетка со машката, т.е. детето да има мајка и татко. Ако нашата сексуалност е нешто што го прифакаме од нашите родители, тогаш логично е секое дете да е стрејт бидејки е родено во хетеро пар. Тоа докажува дека сексуалноста не е нешто што го согледуваме и прифакаме, туку вродена одлика, бидејки инаку не би можело да се појави ниеден хомосекусалец низ историјата. Трето, ти, како бела, хетеросексуална жена, си родена во привилегија да живееш лесен живот. Замисли како би ти било ти да си лезбејка и да си дискриминирана цел живот (особено во нашава држава) поради твојата различност од другите. Хомосексуалците, посебно тие што моментално се 30-40 години, имаат претрпено огромен притисок и потиснатос од страна на „нормалниот“ свет. Сега, конечно, си ги добиваат правата и повекето од нив се борат за да се изедначат со „нормалниот“ свет во однос на законот. И конечно, сите хетеро парови не се добри кон децата, не знаат како да се однесуваат кон нив додека ги воспитуваат (ги тепаат и малтретираат), што само им набива комплески на децата и ја зголемува шансата и тие да се однесуваат така кон своите деца. Проблемот со нас е нашата ниска свест и неспособност да се отстраниме од нефункционални морални, поточно неморални, форми.
https://www.femalista.com/life-inside-torture-clinics-cure-homosexuality/ Поглед на conversion therapy
https://www.bbc.co.uk/news/world-asia-india-45429664 Во Индија, сè до денес, консензуалниот геј секс бил кривично дело. Денес бил конечно укинат законот од пред 157 години според кој истиот се казнувал со 10 години затвор. Како рековте, повеќе права и од нас имаат веќе низ цел свет, а?
Да се позанимаваме малку со правата на оние што си ги фарбаат косите. Или на оние што не јадат благо. Или на оние што... Абе дајте луѓе, па сите сме исти, сите сме од крв и месо!
Ќе те цитирам овде зашто нема никаква логика да стои дискусијава во тема педофилија. Me интересира нешто поразлично. Првиот линк ми се чинеше реферира на најрелевантно истражување од сите три, со оглед на тоа дека е и квантитативно, и базирано на доволно голем sample а не базирано само на мислење. Воедно да ти било и најчесто цитирано истажување од анти-геј организации. Кога изгуглав да го најдам оргигиналот, ми излезе и ова: https://outbermuda.org/the-truth-about-regneruss-research/ И ова: https://www.sociologicalscience.com/download/volume-2/september/SocSci_v2_478to501.pdf И ова: https://www.google.com/amp/s/www.washingtonpost.com/news/volokh-conspiracy/wp/2015/05/10/new-criticism-of-regnerus-study-on-parenting-study/?outputType=amp Значи во кратки црти, апсолутно се работи за манипулација со дата, тргнувајќи од тоа дека споредува самохрани геј родители со стабилни хетеросексуални парови (се враќаме на тоа дека стабилноста има врска, хромозомите не), а под датата за хомосексуалци вклучува и луѓе што моментално (!) не се во хомосексуална врска или брак, туку имале такво искуство во минатото. Но, тоа не е се'. Само 51 од 236 примери на хомосексуални родители, детето го имале повеќе од една година, при што не само што во дел од случаите се споредуваат податоци на деца што се посвоени и доаѓаат со траума од тој систем, туку и истражувањето е екстремно краткорочно и не кажува ништо валидно за тоа колку се различни децата израснати во хомосексуални домаќинства. Вториот линк кажува дека во првите три години е многу важно детето да има константна директна грижа и љубов, критикува работни навики во 21иот век, конкретно кај хетеросексуални парови, и меѓу другото исто кажува дека критериум за дадилка треба да е избрана првенствено таа што е најмногу loving. Пак се сведува на тоа дека на детето му треба константно нежно внимание и посвета. Тоа кај мајката го поттикнува окситоцинот, но интерпретација на тоа не е дека друг не може тоа да го пружи. А и да би оделе по таа линија, две жени ќе бидат подобри во тоа од една. Третиот линк не е истажување, туку практично нечие мислење. Јас би го карактеризирала најмногу како памфлет за нуклеарно семејство од 20ти век. На секоја страна има бисери, на ова ми падна прво погледот: "A mother plays one of the most social roles and expressions of human towards human. This requires a lot of self abandonment, generosity and kindness." (50) "A girl learns to harmonise her typically female manners with male behaviour, understands them more deeply and senses diversity of the world." (49) "Parents look within the child for a source of happiness, a gratification of their emotional needs and a meaning of their lives." (48 ) A father plays key role in forming the male character of his son. He is an example and effects the son's mannishness in three main directions:... 2. typical male activities - mainly sport, practicality, manual skills, abilities to handle equipment, cars, machines and household DIY works; (49) ...... Прееска кога барав истражувања од кредибилни избори за да ти ги пратам, стварно барав и релевантно истражување што го поддржува тоа што првово и третово го тврдат. Ама... ептен тешко оди. Изгледа многу силно е лобито.
Ќе дојде време хомосексуалци ќе бидат пропагирани дека се подобри родители од мајка и татко. Ќе биде срамота и ќе биде прогонуван секој кој нема да биде дел или подржувач на некој начин на ваквата деструкција. Да ви се плукнам во сите тие истражувања кога на стотици деца целата психа ќе им отиде у неповрат кога нема да си го знаат својот пол а притоа им е одреден од природата, и кога ќе бидат збунети што навистина се, што треба да ги привлекува а што не.
Јас им се плукам и на хетеросексуалци кои ги малтретираат своите деца. А знам и геј парови кои се прекрасни родители. Не е до сексуалната ориентација, до човекот е.
Зборуваме во целина. Не сите хетеросексуалци малтретираат деца. Зборуваме што е природно и нормално а што не.
И јас имав мислење порано дека хомосексуалците не треба да посвојуваат деца. Ама па си помислив еднаш... ајде психата на децата ќе се расипела... пример. А каква ќе е психата на тие деца ако останат во сиропиталиште до 18 години? Зошто да не имаат и тие своја соба со топла постела, топол ручек дома, сопствени роденденски забави, едноставно дом и семејство. Само нормално треба да се внимава кај се дава детето, без оглед дали е кај хомосексуално или хетеросексуално семејство, затоа што забеготини има секаде. Јас мислам секое сираче попрво би одбрало геј семејство, отколку сиропиталиште и никакви услови за живот.
Ќе дојде време (се надевам) кога хомосексуалците ќе имаат нормален живот и права како хетеро луѓе. Ќе дојде ден кога нема да е срамота да планираш заедничка иднина со човек кој е ист пол како тебе (oh, what a shame). Ќе дојде ден кога нема да вртите глава кога ќе видете на улица среќен, заљубен геј пар. Ќе дојде ден кога хомосексуалноста нема да се смета за болест. Ама како е тргнало тој ден не ќе да е во скоро. Пошто денеска да си геј е исто како да си лепрозен.
Хомосексуалноста е природна. Две индивидуи се пронаоѓаат и почнуваат врска, исто како и хетеросексуалците. Е сеа педофил повредува деца. Тој силува . Му остава на детето трауми за цел живот. Педофилите се и хетеро и хомо. Така да не солете памет
Не е природно. Природното и нормалното не е избор и не се менува по наша потреба или барање туку одсекогаш е исто. Природно и нормално е заедница помеѓу маж и жена, се друго може да биде нормално само и само во систем со изопачени морални вредности.
И аналниот секс по таа логика не е “природен” и “нормален”. Ниту па оралниот. А па глеј сеа, во некои афрички племиња, не е “природно”, “нормално” ниту “морално”, жената да ужива во сексуалниот чин и да доживее оргазам. Затоа и од многу рана возраст, на женските деца им се отсекува дел од клиторисот, со цел да им се елиминира во целост било какво чувство на задоволство во текот на сексуалното општење, до крајот на животот. Па сега продужи ти да збориш за што е “нормално”, а што не е.
Секако сека не е природно ниту орален ниту анален секс. Се знае кој отвор за што е. Денес не ми е чудно ништо бидејќи луѓето промовираат и практикуваат секаков вид на деструкција. Во такви пагански племиња не ме чуди ништо. На факултет имам колеги од Непал, хиндуисти. Велат кравата била бог па имаат одреден празник каде што пијат урина од крава. На човечката глупост нема крај. Од човек кој најпрво своето тело не си го почитува и чува јас не очекувам ништо добро или паметно. Се самоповредуваат, пушат, пијат се дрогираат, се курваат и што уште не и на крај истите за морал ми зборуваат.. Се тоа штети најпрво себеси па после на другите. Човек кој себеси не се почитува не е можно да почитува и штити други ниту да придонесе добро за друштвото.
Ај овие што мислат дека геј парови не треба да посвојуваат, ама вие што подржувате посвојување од страна на хомосексуални парови во смисла само како „претпоследна лоша опција“ пред останување во сиропиталишта, ништо убаво не сте кажале.
Ок бе друже, терај си го сексот у мисионерска ама не им го тупи на другите што си прават у своја спална, како да спијат и со кој да спијат. Со години ти кажуваат луѓето да си гледаш своја работа ама не ти влага во глава тоа.
А од каде па јас да бидам сигурна дека навистина не е релевантно само затоа што некоја страница со спротиставени ставови напишала така?Тоа не може ли да биде манипулација?Всушност, ако овде навистина има извртување на вистината добиена од податоците, тогаш што ми гарантира дека и истражувањата кои докажуваат како истополови родители се подеднакво добри за развојот на детето не се на ист начин манипулирани, добро платени за да бидат во корист на пораката што треба да им се пренесе на широките маси? Мајката и детето создаваат многу специфична врска и си влијаат меѓусебно, и биологијата и психологијата се во нивна корист.Ова делче го пратив со цел да покажам дека двајца мажи кои ќе земат дете, никако не може да го заменат местото на мајката првите години од животот.Тоа не кажува дека тие би биле лоши родители, тие апсолутно можат да бидат прекрасни луѓе, грижливи, со љубов, ама природата се грижела детето да треба да порасне во поинаква околина. Бисери, зошто?Тоа си е твоја интерпретација.Текстот само кажува дека во семејството мажот и жената се надополнуваат со своите различности и уникатности и двајцата претставуваат различен пример, односно модел за децата.Ако тебе ти личи на нешто напишано во 20ти век, тоа не е доказ дека не е релевантно.