Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правата на хомосексуалците

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Pirana, 22 април 2014.

  1. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    А кај виде јас наредби да давам на други како да се сексаат може ли да цитираш да видам? Јас кажав дека не е нормално и не е природно, никаде не кажав никому што и како да прави.
    Со години ви кажувам да се научите да читате и да не извртувате нечии мислења.
     
  2. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.865
    Допаѓања:
    19.578
    Пол:
    Женски
    Кога ќе видам некоја дискусија за хомосексуалците , си велам Кое право го имате вие за општо да коментирате за нив ?
    Јас ги подржувам и не го сметам тоа ко којзнае што е , секој си има право со кого сака да си биде и што сака да си прави , и како и да сака да си се секса :D
    Ако еден ден бидам пратеник ке доставам предлог за легализација на истополовите бракови :$
     
    На orxideya, Srckata28 и Idedemja им се допаѓа ова.
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.107
    Допаѓања:
    26.978
    Нели гледаш. Ненормално било тоа.
     
  4. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Ама дојден е оддамна тој ден, знаеш дека порано имало дијагноза за хомосексуалноста и ја лечеле?:^)
    Немојте вакви муабети, сосем е нормално да избереш сам/самата каква сексуална ориентација ќе имаш.
    Е сега ако мислиш на тоа како се прифатени хомосексуалците кај нас и дека во тие гледишта и разбирања и прифаќања за нив сме заостанати и ги третираме како лепрозни делумно си во право.
    Јас во текот на студиите имав најдобра пријателка лезбијка, секогаш и секаде сум шетала со неа и на само и со девојките нејзини, сум била на средба што си ја организираат од нивното здружение, ми се пуштале по некоја која не знаеле дека сум само пријателка на нивна членка:D
    Многу работи знам за овие организации од прва рака и јас по тоа што ми е видено и слушнато немам некое многу позитивно мислење, но тоа не ми го менува сфаќањето дека љубовта доаѓа во повеќе облици и тоа не е важно додека е љубов во прашање.
    Немам ништо против хомосексуалната популација, каде и да сум одела во странство никогаш не сум се воздржувала да бидам услужена од лице кое е транс, феминизирано не знам како точно да се изразам.
    Еднаш во дуќанот за козметика токму такво лице знаеше англиски и најстручно да ми објасни за тоа што сакав да знам за разлика од другите и се изнаправивме муабет и за други работи.
    Немам фобија, разбирам, прифаќам и пред се сакам и имам воља за тоа, отколку веднаш да вперам прст и осудам. Затоа вчерашните хомофобични напади ме разочараа од некои тука максимално.
    Ама не е важно, знам кои се моите гледишта, дела кои сум ги правела и правам и тоа мене ме дефинира не нечии навреди, кои повеќе зборуваат за таа што ги пратила на моја адреса отколку како е навистина.
     
    Последна измена: 25 август 2020
    На orxideya, TashSefton и Justicija им се допаѓа ова.
  5. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    5.610
    Пол:
    Женски
    Затоа што мислење може да е релевантно, ама не е релевантно на начин како што квантитативно и квалитативно истражување е, или факт. Работи што немаат врска со интерпретација. Во право си, се' може да е манипулација. Затоа читаме што е напишано. :)
     
  6. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    Ако не е природно, тогаш зошто има случаи на хомосексуалност и кај животните?
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.107
    Допаѓања:
    26.978
    Нем па сега е поразлично.
    Не ги ставаат во психијатриска болница, ама пак ги сметаат за неточни, ненормални.
     
  8. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Може не викам не, дека не ги сметаат така, ама многу и ги прифаќаме.
    Така да подобро е што можат да си бидат тоа што се без некој да ги пријавува на лекување во психијатриска установа. Колку е деградирачки некој да ти лепи дијагноза за нешто сосем природно како љубов независно кон кој пол.
     
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    На животно се случува и нога да му пружиш и на ногата ќе почне да го празни својот нагон или некој друг предмет или друго животно. Тоа не значи дека и човекот треба истото да го прави. Животните не размислуваат, гледаат само да си го испразнат својот нагон.
     
    На Need for Speed и Laufinam им се допаѓа ова.
  10. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Конгресот на Чиле го усвои законот за легализација на истополови бракови. (y)

    „Денес е историски ден, нашата земја ги одобри истополовите бракови, што е уште еден чекор напред во однос на правдата, еднаквоста, признавањето дека љубовта е љубов“, рече министерката за социјален развој, Карла Рубиљар.

    :clap:
     
    На WildMk, staycalm и orxideya им се допаѓа ова.
  11. zanetaa

    zanetaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Нивно право е да знаат: геј не постои, немаш како опција да го бираш тоа.
    Нивно право е: да им биде кажано дека проблемите имаат решенија, лесниот пат - да се откажеш од тоа да бидеш човек не постои - не може да бираш лесно и да се одлучиш за геј, вреди да се трудиш и да го избереш потешкиот пат( изгледа дека е обратно, но не е).
    Нивно право е: да се врати вредноста на бракот, семејството, љубовта, затоа што падна и го нема околу нив тие не знаат за убавината од нив, а со тоа и незнаат како да се вклучат во таа група и да се осмелат да кажат дека сакаат личност од спротивниот пол.
    Нивно право е: она што некогаш имало вредноста повторно да има - не го гледаат околу нив она што знаат дека треба да постои и својот револт го кажуваат со преземање чекори како што е да кажат дека се геј.

    Сигурна сум дека многу од нив многу повеќе сакаат да бидат со личност од спротивнот пол, но имаат трема, се плашат, а се плашат затоа што знаат дека некогаш не можело личноста да биде оставена откако се поврзе се некого- врската и бракот оделе заедно и имале вредност, сега не е така, може да ги остават.
    Затоа што вредното нема вредност тие се одлучуваат за такви чекори.
     
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.782
    Допаѓања:
    169.641
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Сфаќаш дека хомосексуалци и други припадници на лгбт+ се стигматизирани, дискриминирани и не е едноставно "полесен" избор и "едноставно не знај да се доближи на некој со спротивен пол"? Никој не би избрал да има булинг врз него. Никој не би избрал да биди дискиминиран, исмејуван и генерално несреќен зошто семејството го неќи и отфрла.

    Ова шо го опиша, ама кон ист пол е точниот struggle низ кој врват припадниците на лгбт+. Никогаш, или многу ретко, то е обратно.

    Мислењево ми е конфузно. Не мислам дека те разбрав во целост.
     
    На Srckata28, Feminka22, KateKane и 7 други им се допаѓа ова.
  13. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Нивно право е да знаат: геј постои, тоа не е опција која можеш да ја бираш.
    Нивно право е: да им биде кажано дека проблемите имаат решенија, не може да се преправаш дека си стрејт, вреди да се трудиш и да бидеш она што си.
    Нивно право е: да им се овозможи брак и семејство, да си ја крунисаат љубовта, затоа што тие не знаат за убавината од тоа бидејќи со децении им е забранувана.

    Сигурна сум дека сите тие сакаат да бидат прифатени од околината со личност од истиот пол, но имаат трема, се плашат, а се плашат затоа што знаат дека никогаш не можело личноста да биде оставена да биде своја во јавност без страв од напади и осуда.


    Ете.
    Го поправив место тебе.
    Повели и друг пат.
     
    На Jana06, WhiteWhitch, Besmrten и 8 други им се допаѓа ова.
  14. zanetaa

    zanetaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Полесно е. Го избегнуваат разумот. И се тоа што им се случува не допира до разумот.

    За да се разбере, како личност која при проблем посегне по алкохол, си наштетува, но за неа тоа е полесен пат - го остава разумот на страна и можноста да најде решение, да разгледа опции, знае да биде напорно, тешко, па и болно ( иако е болка која нема зошто да ја одбегнуваш, ќе ти помогне да созрееш, но на прв поглед изгледа тежок пат, се тргаат од тоа).
     
    На TheDreamGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.782
    Допаѓања:
    169.641
    Пол:
    Женски
    Не си го избегнувај разумот, пиши нешто паметно. :hug:
    Ко шо читам, избор е.
     
    На KateKane, Ketchup, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. zanetaa

    zanetaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Така направи светот и погреши. Полесно ми беше да им дадат нешто отколку да решаваат проблеми.
    Кога детето ќе сака да биде со тебе дај му го телефонот, зошто би губела време на него.
     
    На TheDreamGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.026
    Допаѓања:
    52.084
    Пол:
    Женски
    Светот апсолутно не напраил така, затоа што ако направеше немаше да читаме мислења како твоево.
     
    На KateKane, WildMk, staycalm и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Како споредуваш алкохолизам со романтична привлечност?:rofl:
     
    На Srckata28, Feminka22, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  19. zanetaa

    zanetaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2017
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Внимавај што читаш. Огромно знаење треба да имаш за да можеш да пресудиш што е добро, а што не - а денес немаме образовен систем кој ни го овозможил тоа.
     
    На TheDreamGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.782
    Допаѓања:
    169.641
    Пол:
    Женски
    Криење дел од себе, дел шо е нагонски како сексуалност особено, вродва со болка, фрустрации, несреќа, депресија. Зависност од алкохол ти штети на телото. Секс со некој од ист пол не ти штети на телото. Само ете, можи да напрај да си посреќен ментално.

    Нормалното е релативно и субјективно и ако некој ви брчи дека нештото „не е нормално“ или дека не е „правилно“ и сите аргументи му се апстрактни - знајте дека е некое лично убедвање шо нема врска со наука, факти и ваша субјективна реалност. Фактите се дека покривање на нагон вродва со фрустрации и несреќа. Фактите се дека хомосексуалност постои. Фактите се дека нема апсолутно ништо грешно во то, како и официјално, така и можи сами да увидите. Прашајте се: кој онај гејот таму повредва? Две возрасни индивидуи „нешто“ прат. Искрено не ми е гајле шо оти не ми е гајле кој шо прај интимно. Испитајте се ако ви е гајле. Ако одговорот е дека тој гејот таму никој не повредва и си општи со друга возрасна индивидуа - кои сте вие да кажите поинаку? Прво како фактор во туѓ живот, второ како гласноговорник на „нормалното“? Кој еготрип човече. После прашајте се: како онај геј се повредува себеси? Пошто демек многу гајле ви е. И нарочно велам „демек“. Да ви беше гајле ќе остаевте луѓе да се среќни со себе. Дали тоа што е геј го повредва? Ако одговорот е да, прашај се зошто. Околината е осудувачка? Тепан е? Исмеван? То ќе биди заклучокот во најголем % случаеви. Зошто прашај се следно. Зошто постојат гниди шо го прат се то. Несигурни гниди во своја сексуалност. Уф, се сеќавам на вакви теми еднаш на јакиот аргумент, тие биле подепресивни, со поголем процент на самоубиства. Пак. Прашајте се зошто. Сигурно не оти му се еби. Околината е осудувачка? Тепан е? Исмеван? Колку уште се кријат? Колку се избркани од дома? Колку се плашат? Се то си носи свој товар и боли и евентуално удира на човек.

    Така да ко ќе решите да пишите и да судите дали вие оправдувате нешто, сетете се, вие сте проблемот. Вие сте проблемот поради кои луѓе страдаат, зошто егото не ви дозволва да си го гледате носот туку се ширите подалеку од шо треба. Нечија сексуалност не повредва никој. Ако некој е насилник, ќе биди и како геј и како стрејт. Секакви гниди има. Ако некој е силувач, ќе биди и како геј и како стрејт. Секакви гниди има. You name a situation, и геј и стрејт луѓе има такви. Шо се стига до заклучок, не е до сексуалноста.

    Не е ова за дотичната. Ова е за луѓе шо вистина му е грижа за други луѓе. Не луѓе шо го гледат призма низ свој комфорт и сите да се слика и прилика на нив. Не сте центар во универзумот.
     
    На WhiteWhitch, Ketchup и Bezimenka90 им се допаѓа ова.