Внимавај шо пишиш. Огромно знаење треба да имаш за да знајш дека сексуална определба и нагонски барања не се исти со зависности, како на пример алкохолизам шо напрај споредба. Али се согласувам. Немам образовен систем кој не учи на ова. Ене луѓе шо уште плукаат по сеопфатно сексуално образование. Кое о ч а ј н о ни треба.
Не е романтична привлечност. Имам објаснувано зошто не смее да се воведува сексуално образование, не гледам зошто на тебе да ти зборувам за тоа.
Ништо немаш маци објаснето. Тука си да плукаш по се табу, како на темава, така и на проституција гледам си поминала. Да имаше да кажиш нешто ќе даеше валиден аргумент. Не шоидае ова.
Бога ми, се гледа дека те просветлиле и те вдаховиле со знаење потстанарите што си ги имаш ти во главата. Ама слободно продолжи да си ги лечиш фрустрациите по темиве, сигурно имаш многу исполнет и среќен стрејт живот вака полна со омраза и егоизам.
Ви благодарам на неколкумината што ме предупредивте да не се одлучувам за општо корисна работа. Каде отидоа луѓето во овој свет. Се прашувам само колку психолог би ви наплатил за да ви го каже се тоа.
Епа драго ми е што сум успеала, со уште неколкумината други, да помогнам некој да не заглави опасно поради тебе. А за психолог не знам, ама и онака треба сега за брзо да изберам специјализација, па можеби ќе успееш ти мене да ме предомислиш, наместо на хирургија да завршам психијатрија, сепак има нешто интересно во егоцентризмот и God complex.
Дур не прочитам „зошто“ е општо корисна работа, мислењето не ти е аргументирачки поткрепено. Мислење? Океј, секој има право на то. Али „општо корисна работа“, „нормално“, „му дадовме џабе“, „морал“ не се лични мислења. Да слушнам з о ш т о и од каде доаѓа твоето мислење, вервај полна сум разбирање. Со многу со спротивни мислења сум се разбрала ко ќе сфатам од кај идат. Не поддржвам, ама разбирам и можам да искомуницирам. Па ако планираш да го пишиш то, би сакала да прочитам. Ако не планираш да пишиш то не ме ни цитирај со небулоза. Ќе морам да игнорирам зошто не ми се оди напред назад.
Ја можам од лично искуство да кажам дека е избор, сум имала и женска и емоции према неа и други женски ме привлекувале но откако станав верник и молитвата ми е дел од секојдневието привлечноста апсолутно ја снема и она што го сфатив е дека хомосексуалноста има окултна позадина. Blaise Pascal бил христијанин он на неговите пријатели атеисти кои секогаш имале спротиставени ставови за креационизмот им велел пробајте да се молите и ќе видите какви промени Бог ќе направи во вашиот живот. Јас сфатив дека е избор а оној кој вели дека не е избор нејќе да се промени.
Јас дур пробвам да разберам зошто хомосексуалноста е лоша сем зошто некој таму некогаш рекол дека е неморално и ненормално, па промената околу неа да се смета за неопходна:
Јас и кога бев хардкор верник обожавав цицки Иначе, дај оди малце подлабоко во позадината, пошо не те сфатив.
Еве и да е избор, наведи ни една разумна причина (надвор од субјективните христијански принципи) зошто треба да се трудат да се променат. Како си штетеше ти себеси или на кој било друг со тоа што те привлекуваа жени?
Што подразбираш под хард кор верник? @Someonespecial Постот се однесува за оние кои велат дека не е избор, твој слободен избор е да изградиш свои морални вредности ако си атеист и нејќеш да се смениш но тоа не го менува фактот дека привлечноста кон ист пол е избор и ја лично се уверив во тоа, а штетата е кон себеси, духовна.
Верник длабоко навлезен во верата со силна љубов кон Бог. Ајде сега кажи ни, затоа што сериозно прв пат слушам дека нашиве романтични чувства имаат окултистичка позадина.