1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правата на хомосексуалците

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Pirana, 22 април 2014.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    AnaKarenina ги мешаш работите како што претходно ја помеша неприродноста на хомосексуалноста со неплодност, што немаше врска едно со друго. Каква врска има сега дете од сиропиталиште, без родители, со дете во геј брак, едно е да го посвојат мајка и татко а друго двајца татковци?

    Испадна работава-абе педерчињата се срциња, тоа ти е од раѓање појава, не можеш против тоа. Тоа не е од раѓање појава, педер не се раѓа, педер се станува, дали од погрешно воспитување дали од помодарство или премногу "демократија".
    И најсмешно е кога ќе прочитам, лелеее па утре твое дете да биде педер зар ќе одиш против него, зар ќе го осудуваш, аххх жени, така зборувате бидејќи сакате да бидете модерни и демократски настроени, а не дај Боже навистина да имате дете кое ќе забега до толку, е тогаш 100% сум сигурна дека нема да го мислите истото кое сега го пишувате. Ама да не даде Господ на никој.

    И да додадам уште една битна работа, ако педерите сакаат мажи, тогаш зошто тие се така женствени цица маци, што стенкаат кога зборуваат, што се чупаат, зошто сакаат дете кога дете жена го раѓа, зошто сакаат да изигруваат мајки, мајката е жена. Јас и кога ќе видам машко да се лигави како педерче кога зборува, да оговара со теткици, да се прави нешто што не е, ми иде да му залепам еден таков силен и сочен шамар па да се освести дека треба да биде маж.
    Или друга ситуација, лезбијките, зошто не ми е јасно кога имаат секс употребуваат вибратор? Па нели тие сакаат жени а жената нема пенис, има вагина, што ќе им е вибратор кој е замена за пенис, нека се снајдат со женски трикови до оргазам. Две жени сакаат да имаат секс ама без к*р ништо од бизнисот.

    Ама тоа ти е доказ дека маж без жена не може и обратно.
    Тоа што педерите се дел од вашето секојдневие и што ги имате такви во блиското опкружување, не значи дека истото е нормална појава и треба да се прифати. Овде не станува збор за дискриминација туку повеќе би рекла дека општеството треба да направи обид да ги ресоцијализира геј паровите односно да ги излечи, бидејќи тоа е болест која се провлекува низ минатото и сегашноста, за жал и во иднината. Па и нарушената хормонална рамнотежа е медицински случај кој треба да се лекува, ако веќе тоа се користи како изговор во нивна одбрана. Тоа што хомосексуалноста е тргната од листата на болести, не значи дека не е болест појавата, туку дека тоа е еден чекор на високата елита кон создавање на нов светски поредок (тоа е политичка одлука), притоа уништувајќи го поимот семејство, морал, дозволувањето на абортуси како од шала, признавање на права на луѓе кои треба да се лекуваат (хомосексуалци), проституција, педофилија итн... Сите ги гледате несаканите последици од сето ова ама бидејќи сте многу модерни и либерални, па не сакате да признаете или самите себеси се убедувате дека имате право, а немате.
     
    На PaLaVa, sweet-star, Glasna и 3 други им се допаѓа ова.
  2. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    21.752
    Пол:
    Женски
    Јас сум за тоа дека секој си има право на избор во животот. Се трудам да не ги осудувам оние кои се поразлични од мене. Не си поставувам строги граници на она што е нормално а што не. :^)

    Е сега, во врска со геј паровите мислам дека тоа е се до природата на човекот. Таков се раѓаш, а не стануваш со тек на време геј или лезбејка. Уште од мали деца, а особено во пубертетот доаѓаат до израз карактеристиките на лицата со таква сексуална ориентација. И сигурно дека на почетокот им е тешко што средината не ги прифаќа, родители се откажуваат од нив, пријатели исто, целото општество ги негира како луѓе.

    Во своја близина немам некој геј познаник, ама не оти не сакам туку оти до сега барем сум немала прилика за такво пријателство.

    Не ми смета да бидат заедно, да живеат заедно, да бидат во брак, ама навистина сум против тоа да одгледуваат деца. Иако не мора да значи дека децата кои растат во брак од мајка и татко ќе бидат подобри и поздрави личности, сепак уште не можам да се убедам во појавата двајца мажи или две жени да гледаат дете. ;)

    И воопшто не се согласувам со тоа дека треба да има политика за лекување на хомосексуалците! Како би ги излечиле, кога нема лекови ниту терапии за тоа? Тоа е исто како мене сега некој да ме "лечи" бидејќи сум хетеро. :^) Нема лек за тоа бидејќи не е болест. Природа е.
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Не ги мешам јас работите Abeja, ниту сега, ниту прееска.
    Претходно ти се обратив затоа што ми падна во очи тоа твоето дете се чува само ако ти го направиш, па ме интересираше дали таа теорија ти важи за во секој случај, дури и за хетеросексуални бракови. Прашање беше тоа, а не некаков аргумент.

    А со последниот пост, сакав да кажам дека тие деца подобро да ги посвои некој хомосексуален брак, отколку да растат во дом.
     
    На teddi, tessie и Hipster им се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    дете се чува само ако ти го направиш - да се разбереме, ова не е мое!
    Никаде го немам напишано јас лично ова. Колку да не дојде некој во заблуда. Реков дека бидејќи секој сака дете и има право на истото (тоа беше цитат од друг член), ама се знае дете како се прави и геј паровите ги споменав тука дека биолошки е невозможно да си "направат" дете самите, без да искористат женско тело. А тоа што ти го додаде за оние кои не можат да имаат деца, немаше врска со тоа што јас го пишував и е за во сосема друга тема.

    А за вториот став, дали детето од сиропиталише е подобро да остане во сиропиталиште или да го посвои геј пар, навистина не знам што би било подобро одн.полошо, од двете зла треба да се избере помалото односно да се остави детето во сиропиталиште, каде барем ќе научи исправно да размислува и да разликува што е маж а што жена, што е брак и што е сексуален однос и зачнување дете. А и од толку многу хетеро парови кои секој ден се молат за дете и сакаат да посвојат, во никој случај не треба да се даде детето на некој геј пар, само зашто двајца мажи сакаат дете. Многу хетеро парови сакаат да посвојат дете ама постапката за истото е усложнета, наместо да биде многу полесно. Ама затоа правата на педерите се повеќе се признаваат па дури и ќе им ја скратат постапката за посвојување на дете, само да сме модерни и либерални.
     
    На Mama25 и sajonaramucaca им се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Се гледа дека си изнервирана Абеја. Ама какви права давање на педофили збориш кога стави хомо и проститутки и педофили заедно дека им се даваат права?

    На муабетов, знаеш, јас имам другарка македонка, од тин годините. Не знаев дека е геј тогаш. Од опуштен муабет ми има испрашано став за да ми се довери. Се знаеме од мали нозе. Мајка ми ја мести со ергени нон стоп. Еден милион пати и имам речено на мајка ми, остави ја момичката на мира, ама не и зошто, оти и мајка ми ќе залета со нож кон детето што го знае за трета ќерка ако знае дека е геј. Доволно кажува каква личност е момата а какво е општеството. Сите сакаат да ја омажат. Нема партнер. Не прави ништо да згрози никој, и пак нема храброст да рече јавно машките не се за мене. Зошто? Затоа што додека се лишува од наоѓање на некоја своја среќа, се потиснува оти се осеќа како изрод поради околината и нивното мислење. Замисли да се натераш ти да спиеш со жена, за доказ, да се убедиш дека тоа е нормално и ти си нормална. Еднаш во животов другарка ми има спиено со маж, и никогаш повеќе. Разбираш зошто. Со жена нема спиено ниту еднаш. Кажи ми, како се станува геј без контакт на сексуално ниво од ист пол?
     
    На teddi и tessie им се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Изнервирана? Од што, од муабетиве овде?
    Никако. :lol:
    Можеби само незадоволна од глобалната политика и од раширениот либерализам и демократија со искривени вредности (како што се хомосексуалност, проституција, педофилија, абортус итн...)
    Не сум до толку модерна и да речам дека на педерите треба да им биде признато се што тие посакуваат.
    Отворено си го кажувам ставот, дека хомосексуалноста е болест и треба да се лекува.
    Ај да погледам некој филм, доста за педери, премногу им го посветив денов за дебатирање :D
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ок, искривени вредности. За некој прави за некој криви, за други зависи од која страна дува ветерот.
    Уживај во филмот. ;)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^^Би предложила да се измисли вакцина против хомосексуалност, ама веројатно и против вакцините ќе си или веќе си, оти се верува дека и тие се за да го истребат човештвото.
    Дали некој релевантен кажал дека хомосексуалноста е болест и може да се лечи? Постојат ли клиники?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    постоеја клиники до пред 30 години и тогаш сите викаа дека е болест...хормонско пореметување ;) .... не се ни предомислија само така едноставно ги натераа да ја укинат терапијата и веќе никој не ги слуша стручните медицински лица за ова......
     
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Хомосексуалноста и трансексуалноста и бисексуалноста не се болести, едноставно така се родени тие луѓе, отсекогаш постоеле и ќе постојат ги имало и во антиката и во среден век и сега. И ако хетеросексуалците се мнозинство, не значи дека останатите не се нормални. Како можеле да бидат прифатени и во римската империја и во античка Грција, а вие сега глумите лудило, демек многу модерни сте, измислувате топла вода. Глупаво е да се малтретирани и дискриминирани, а и тие уште помалку треба да изигрваат дека се нешто посебно, па да прават паради и слично. И гледам дека немате ни трошка емпатија, бидејќи не можите да се замислите во нивна кожа(или ете замислете дека е погрешно да си хетеросексуалец и дека хомосексуалците и останатите припадници на ЛГБТ се мнозинство ). Кога немате трошка емпатија, јас навистина не знам како сте или како ќе бидете мајки. Не дај Боже вашето дете да се роди такво(а можеби и треба),за да станете по емпатични и поотворени во сфаќањата.
     
    На Lolo5, teddi и tessie им се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.833
    Пол:
    Женски
    За почеток ќе ви раскажам една дешавка...
    Пред три години работев неколку месеца во забавен парк во Америка. Првиот ден од тренингот ни се состоеше во учење на главните начела на бизнис кои компанијата ги почитува. Да не објаснувам во детали, нивно мото беше почитување на семејството. Се рекламираа како семеен забавен парк каде се организираат екскурзии за основци, и место каде фамилии одат на одмор.
    Еден викенд, изненадно се појавија голем број хомосексуални парови низ паркот. На никој не му беше чудно што не се криеја дека се хомосексуалци, чудното беше дека некако во голем број ги имаше тој ден во споредба со предходните месеци. Работата била дека во соседен град имало некоја конвенција за ЛГБТ заедницата, па како што имале организиран превоз до таму, на враќање групно се организирале да дојдат во забавниот парк. Низ случаен муабет, ова го дознав од колегите во мојот оддел. Додека работев тој ден, ми пријде еден татко и ме праша дали е така постојано во паркот. Му кажав што е работата, и неговата реакција беше: Мојот син ме праша прееска зошто оние две момчиња се држат за рака и стварно не знам што да му кажам, како можеле во парков да го дозволат тоа???
    Како вработена, не беше мое место да коментирам, но подоцна тој ден го прекажав муабетот на една од менаџерките. Нејзиниот одговор беше дека затоа што некој се срами од едно малку комплицирано прашање кое му го поставило детето не значи дека оваа фамилијарна компанија ќе забрани влез на едно нормално семејство.

    Имав и колега, 22годишен дечко кој беше хомосексуалец, кој ми рече дека доаѓа во тој парк секое лето да работи затоа што тука може да си биде свој. Никој не го суди, никој не го малтретира. Тука е само еден обичен работник кој си врши убаво работата. И има нормален живот, не е важно дали има девојка или дечко. Значи и таму има нетолерантни луѓе, исто како и овде. И таму животот може да е тежок.

    Он топик, тоа дека воспитувањето ги направило "настрани" е толку безвезен муабет, не знам дали да се смеам или плачам. Една проста статистика, речиси сите хомосексуалци потекнуваат од хетеро семејства, и речиси сите деца на хомосексуални парови (иако се ретки) се хетеросексуалци (велам речиси сите затоа што за секое правило постои исклучок).
    А во оваа наша државичка знам за најмалку 10тина приказни каде тој се оженил и има деца, а сепак цел живот тајно се гледа со мажи. Затоа што општеството го очекувал тоа од него, да земе жена и расте деца, а тоа што тој ќе биде несреќен нема врска... |(

    И не споредувајте педофилија и зоофилија со хомосексуалноста. Мало дете и животно не можат свесно да дадат согласност за одреден чин (сексуален или било каков друг). Две хомосексуални личности знаат што сакаат, свесно и самоволно се заедно и тоа што го прават апсолутно ништо не значи на никој друг освен на нив двајца. Има и хетеросексуалци што уживаат во садо-мазо, се кршат од ќотек зошто тоа ги пали, ама нивна работа си е тоа, и секој си има право да прави со своето тело што сака.

    И за крај, апсолутно ги поддржувам сите права на хомосексуалците. :clap:
     
    На Lolo5, teddi, tessie и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    Повеќе права имаат од мене како и да е :D
    Сериозно, не верував дека и во Македонија почнале да искусуваат законски отстапки и поволности, ама после она што го дознав сум се излажала очигледно. Некои од вас зборуваат како хомосексуалците треба да се заштитат од дискриминација, се потресуваат над нивната ситуација (не разбирам зошто ги третирате како да имаат посебни потреби, нели сте убедени дека не е болест :) ), а не забележувате дека во меѓувреме тие стекнаа привилегии поголеми од вашите права. За геј лобито ширум светот што да се каже, страшно потсеќаат на албанското малцинство во Македонија. Би реплицирала неколкукратно тука, зашто имам контра-аргументи, но некако не сакам да одолговлекувам на темава, мене и онака се ми е јасно и кој какви ставови има, и од кои причини, а за објаснување некако немам волја.
     
    На PaLaVa и Abeja им се допаѓа ова.
  13. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Се додека сексуалниот чин не се одвива при нормална постапка претставува растројство или перверзија.
    Дали ќе биде предизвикано од хормоните, од целиот нервен систем, наследно или под влијание на околината во процесот на социјализација, воспитување и градење на личноста тоа не е нормално и не треба да се третира како нормален процес кога оди против природата на нашиот човечки вид.
    Ни имале некакви поволности овде во Македонија ни ќе имаат, тие што ги подржуваат не знам на која основа ги подржуваат, како да оди муабетот сакаме педерчиња, сакаме педерчиња, од цел форум скоро сите женски, предечиња му одговара во државата да има. :lol:
     
  14. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Не дај Боже да ти се роди такво дете, за да сфатиш дека такви се раѓаат и дека ништо друго нема влијание и дека секого може да им се случи и дека е нормално, или ти да се родиш како хомосексуална персона во наредниот живот. Штом во античко време било нормално да има такви луѓе и да се прифатени отсекогаш ќе има. И не се болни, едноставно такви се родени. Педофилите се болни луѓе, имаат психичко пореметување и се плашат да имаат однос со возрасни луѓе. Ама ЛГБТ луѓето не се. И претходното мое мислење кажува многу, ако си доволно отворена за да го сфатиш тоа, наместо да осудуваш. Ако беше против природата немаше да се раѓаат такви. Ние луѓето измислуваме некои норми што е нормално, а што не е. Повеќе против природата е да пушиш цигари и да се дрогираш, со синтетички дроги,да се опијануваш, да јадиш ГМО храна, да ја загадуваш природата,да се лечиш со сегашните модерни лекови, наместо со алтернативна медицина, масажи, акупунктура,акопресура, билки,чаеви и да убиваш луѓе, да замрзнуваш сперма, да правиш вештачко оплодување, да правиш хибритди, односно да вкрстуваш животни со луѓе(па макар и за научни цели) и многу други работи отколку да си хомосексуалец. :!:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ...во научните кругови уште се водат дискусии дали е болест или не, ти откри дека не е болест и ни напиша 15 пати :^)
     
  16. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    ^ Па штом пред 2000 години не го сметале за болест, зошто ние би се правеле попаметни, па научно се дрзнуваме да докажуваме? Јас лично повеќе за болни ги сметала луѓето со ограничени размислување(ниската интелигенција се смета за болест мислам), тие своеволно доведуваат до деградација на целото човештво и шират негативна енергија.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ...во стар рим само на робовите им биле дозволени истополови односи...во војската хомосексуалците ги казнувале со смрт...и како тоа „научно се дрзнуваме да докажуваме“, ајде од памет да зборуваме тогаш |( па да не беше науката, научниците каде ќе бевме ние сега?

    и јас за некој вид на болест ги сметам ограничените луѓе ама не секој може да ги процени нив, тука е проблемот ;)
     
  18. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    И благородниците си организирале целовечерни забави кои вклучувале оргии кои се состоеле и од истополови односи. Има многу побитни работи за докажување и откривање, од тоа дали хомосексуалноста болест или не. Тие луѓе не сметаат никому директно и нема потреба со сила да се прават пациенти и да им се ограничуваат правата, само затоа што некои родители не се спремни да одговорат на сите прашања на нивните деца. Пристојните луѓе си ја чуваат интимата за дома, без разлика на нивната сексуалност, тоа не е соодветен аргумент против ЛГБТ популацијата. Имаме доволно поделби меѓу луѓето, во однос на винаансии, религии, политички гледишта, етничка припадност, така да оставете ги луѓето да прават што сакаат во спалната и да им обезбедат топол дом и родителска љубов на децата на неодговорните луѓе.
     
    На Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  19. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ...благородници и во време кога црквата владеела организирале оргии, и денес богаташи организираат оргии....тоа никогаш не било некое правило, кој сака прави оргии....не само благородници и богаташи..... тебе некои работи од сериите ти се измешале.....законски не била одобрена хомосексуалноста како што е денес.... во римската војска ги казнувале со смрт.....и овде сите пишуваат дека во спална кој што сака може да прави ;) тоа што хомосексуалците се наметнуваат и се нападни во своите барања смета
     
  20. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Прво го почитувам сечие мислење, иако мислам дека некои од нив се екстремно грешни.
    Затоа очекувам за возврат и моето мислење да биди почитувано!

    Јас сум вечен поддржувач на ЛГБТ заедницата.
    Мислам дека хомосексуалците имаат апсолутно исти права како и хетеросексуалците.
    А под то се подразбира брак, и деца.
    За децата, знам дека сите поконзервативни луѓе се бунат оти наводно тие деца ќе гледале од родителите и и тие ќе станеле геј. Оти хомосексуалците не гледале од нивните родители па да се хетеро?
    Сфатете еднаш засекогаш дека хомосексуалноста НЕ Е болест! Едноставно така се раѓат.
    Имам читано дека дури во матката на мајката, во почетоците на оформување на фетусот се одредват хомосексуалните гени. И со аргументот дека не е природно, ќе кажам чим се случва, се случвало во минатото по природен пат Е ПРИРОДНО. Хомосексуалноста ја има во 450 видови, а само во еден вид ја има хомофобијата. Во човечкиот.
    Како можи еден моногамен хомосексуалец да биди сметан за НЕМОРАЛЕН поќе од хетеросексуален маж кој има односи со стотици жени? Дали неморалноста лежи само во сексуалноста? Дали луѓето пред се не се делат на луѓе и нелуѓе? Шо на пример утре другиден докторот, човекот шо ќе ви го спаси животот вас или на вашите најблиски е геј? Нема тој да ја заслужи вашата почит само заради то шо се труди да го искористи максимумот од својот живот?
    Понекогаш стварно се чудам на плиткоста на луѓето... Ама секој со своето воспитување, капацитет, информации...

    Во прилог имам едно видео, преѓе баш го гледав поттикната од темава... Ако сака некој да го гледа.
    https://www.youtube.com/watch?v=pvtKI_snIhM
     
    На Lolo5, teddi, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.