Јас пак мислам дека се уште е хомосексуалка (или би) ама си го репресирала тоа заради религија. И таа самата си кажа дека си била во врска со жена (што значи и било убаво) ама демек откако почнала да се моли веќе не се осеќала така. Сеедно ми е што е членката на крајот на денот, само мислења можеме ние да даваме. Не постои хомосексуалец што се „излечил“, постои само религиска терапија на конверзија која може доволно да трауматизира некого за да го потисне тој дел од себе.
Не може да е гаслајтинг кога воопшто и не очекував дека ќе се сменам ниту пак ги поттиснував емоциите, уствари најтежок дел од прифаќањето на вистината ми беше дека ќе морам да го игнорирам фактот што ме привлекуваат и жени затоа што мислев дека е дел од мене и дека не може да се смени но некој кој е атеист и одбива да верува дека постои духовен свет и колку може да влијае на нашите идеи и одлуки нема да може ни да сфати што се случило и дека тоа е реална конверзија. Инаку не бев хомосексуалка туку бисексуалка и кога имав врска со женско ме привлекуваа и машки значи точно знам како е да те привлекуваат и двата пола.
Бисексуалка можеш да бидеш и ако 99% те привлекуваат мажи, а 1% жени, или пак романтично и за сериозни врски те привлекува само еден род. Ама не е битно, самата секако можеш да се идентификуваш како сакаш, проблематично е пропагирањето конверзија и демонизирањето. И биди поконкретна, не станува овде збор за духовен свет, туку исклучиво за конзервативно христијанство. Денес постојат и верници што си се прифаќаат или прифаќаат други ЛГБТ луѓе, не сечија форма на верување и спиритуалност налага дека хомосексуалноста има „окултно“ потекло.
Па и не баш, ја сум била бисексуалка и знам како е, свесен си дека те привлекуваат и двата пола без разлика што си во сериозна врска. Тоа е мое лично искуство и не сум единствена многу други имаат исто искуство. Ја се изјаснив дека сум христијанка нема потреба цело време да потенцирам дека мислам од аспект на христијанство.
Зад секое право си стои и одговорност. Државата може да ти даде право и да возиш 200 км/ч, но ако се треснеш у некоја карпа, одговорноста е твоја. Зошто секаде во светот 70-80 проценти од сите новозаразени со ХИВ се мажи што имаат секс со мажи? Библијата дава јасен и директен одговор на тоа: „И мажите исто така, напуштајќи го природното општење со женa, се распалија со сладострасност еден кон друг, и вршеа срамни работи мажи со мажи, добивајќи ја заслужената плата во себе за својата изопаченост.“ (Римјаните 1:27, Библијата)
Евангелос: „Емоциите мора да се покорат пред фактите“ Исто Евангелос после некој саат: *цитира дел од фикција напишана пред два милениуми како аргумент* Ми фали кловн емоџи тука, упм
Мене ми е прејако кога вака "силите" ќе ги удружат христијанка и протестант а на друга тема ќе се изедат чијото е правилно
Иако знам дека е без поента што ќе изгубам скапоцено време да објаснам, here we go. Јас кажав, кажувам, и ќе кажувам во иднина, дека членката што изјави дека била геј а сега не е, оти така избрала, е неточно тврдење. Како што кажав и претходно, постојат повеќе опции: Геј е, ја потиснува привлечноста кон жени во себе заради религиозни причини и перење мозок. Би е, ја потиснува привлечноста кон жени во себе заради религиозни причини и перење мозок. Имала експериментална фаза и сфатила дека е стрејт, жени не ја привлекуваат. Не знам зошто е тешко да го прифатиш делот за експериментирање. Експерименталните фази може да постојат кај секој човек, независно од сексуалноста. Постојат мажи што мислеле дека се стрејт, експериментирале со мажи и сфатиле дека се би или геј. Постојат и геј мажи што експериментираат со жени од х причини, и сфаќаат дека едноставно не ги привлекуваат и се геј, некои се форсираат да останат со жени ама тоа е друга тема на муабет, не би да навлагам и во тоа сега. Јас тебе не те принудувам да веруваш во повеќе родови идентитети (не се само два, замисли), или во повеќето сексуални ориентации (не е само стрејт, замисли), ти верувај си во што сакаш, тоа не значи дека си во право и јас секогаш ќе сум тука за да ти ги поништам лажните тврдења . Факт е дека конверзивната терапија НЕ ФУНКЦИОНИРА, тоа е обид да се промени сексуалната ориентација од геј/би во хетеросексуална, без притоа било какви научни докази за успешноста. Напротив, постојат научни докази дека истата е штетна за здравјето на луѓето кои поминале низ тоа, а може да биде и фатална. Баш поради небезбедноста на оваа „терапија“, истата е забранета во многу држави денес, баш во Канада ја забранија целосно пред некој ден. „Една здрава и нормална сексуална ориентација согласна на науката т.е. биологијата на мажот и жената.“ - Ова е изјава којашто не само што е неточна, туку е одвратна. 1. Хомосексуалност кај животните. 2. Хомосексуалноста не е избор. Она што мене ужасно ме иритира е тоа што секогаш сте вие, религиозните фанатици што се залагате и ги извршувате ваквите практики, и наплаќате за уништување нечиј ум. Не те етикетирам како хомофоб и трансфоб оти така ми текнало денес, те етикетирам затоа што ти покажуваш дека си таков, спиеш во темите за хомосексуалност и трансродовост и мислењата што ги пишуваш го кажуваат своето. Значи, можеме да заклучиме дека да си стрејт, геј или би, не е избор, избор е дали ќе ја потиснуваш својата сексуалност доколку си геј и ќе живееш лажен живот. За крај, ќе го ставам видеово овде.
А зошто ако ХИВ е божја казна за хомосексуалноста, дадена од Семоќниот за грешниците (геј мажи), може да се спречи со,, кондом? И нели беше загрижен за геј мажите специфично поради тоа што имаат премногу секс партнери, а сега велиш у Библијата пишувало дека морало да се казнети? Или јас не ја сфаќам Библијата, не велам дека и тоа не е можно. А што правиме со лезбејки како се казнети тие???
Не постои никаква конверзивна терапија, ниту пак болен процес како што си опишал, ниту пак моите молитви биле поврзани со сексуалност буквално само престана било каква привлечност кон женскиот пол без никакво форсирање и поттиснување на емоции така да нема потреба од демотивации со непостоечки факти што може да ги прочита некој што сака да се промени. Ова у мое име тврдиш?
Јас не реков дека ти си била на конверзивна терапија. А дека не постои, мало сутра. Па да, тврдам. Доколку си избрала да си стрејт, воопшто не си била геј in the first place.
Па може му се случува, може и на мене и на сите тука (од било која сексуална ориентација) да ни се случува и да се пронајдеме себе за некоја година. Разликата е што останатите не гледаме на тоа како на грев што треба да се исчисти.
Тој никого не нарече ништо. Само цитираше библиски стих. @Srckata28 за да се разбере треба да се прочита. @staycalm многу вистина има во тоа. Имам пријател кој отворено кажува дека го привлекуваат мажи, тоа сите го знаат, но тој самиот не сака да има секс со мажи, едноставно нему му е неприфатливо.
Ако му се ко Евангелос во опкружување, ништо чудно. И кое е твоето решение за твојот (дискутабилно) пријател? Да седи цел живот во целибат за да не повреди нечие кревко его? Ваљда си слушнала за интернализирана хомофобија и како се јавува?