Немам ништо против секој да си живее така како што сака и да е среќен. Само ќе кажам еден пример за пар што толку заљубено се гледаа и внимаваа еден на друг што таква врска скоро и да не сум видела. Двајцата одлично изгледаа, образовани, културни. На никого не прават лошо ни се промовираат наоколку. Си живеат заедно и се среќни заедно.
Многу добро ми е познат начинот на кој е пишувана, и како секоја црква си одбира кои книги се дел од светото писмо, а кои се прогласени за апокрифи. Многу ми е јасно дека се користи религијата како алатка за опресија на народот. Само не ми е јасно како може некој слепо да верува на само една книга, која е структуирана според целите на некоја институција која врти милијарди и милијарди и милијарди евра.
Ја зборам како е пишувана и поради кој работи ја добила мојата доверба. Слепо ниту сум верувала ниту верувам. И да религијата не е никаква опресија, на тој што не му одговараат некои работи и не може да ги прифати не мора да биде дел од таа религија тоа што кај нас религијата се наследува од родителите е друг проблем.
А зошто мислиш дека имам против легализација на хомосексуални бракови и посвојување на деца? Одговорот на твоите прашања, ќе си го побараш во соодветната институција. До пред некое време беше забрането во Кина да имаат многудетно семејство, мислам дека во руралните средини се уште плаќаат пенали за трето дете. Секој со својата политика.
Не. Не е во ред да си против хомосексуалност и права на ЛГБТ луѓе. Исто како што не е во ред да си расист, да си против одреден етникум и сл.
Во ред е да објасниш зошто не е во ред, но не е во ред да критикуваш и наметнуваш упорно сопствено размислување, само затоа што е поразлично и сметаш дека е во ред. Патем, во темите за хомосексуалност, мислењата на оние што се залагаат за правата на хомосексуалците или пак се хомосексуалци, се поагресивни и порадикални него едно единствено негативно размислување поврзано за темата.
Ама ова важи само за женствени лезбејки, butch лезбејки ќе горат кај геј мажите, пошто нели ако не им се привлечни, ништо. @EvAngelos Колку стрејт мажи ги молат женските нивни за анален знаеш ли? Прв доказ ти е порно индустријата и колку се гледани таквите видеа со хетеросексуални парови. Второ, колку парови има што чекаат до брак поради религија, а имаат анален пошто не го сметаат за секс? Има секс играчки за анален отвор. Дел од секс е за многу луѓе, не само за геј мажи.
Религијата по дефиниција е опресија. Бидејќи е институционализирана. Под една капа имаш милиони, милијарди луѓе. Не знам дали си ти. Пишувам за оние кои што се против.
Оти не е во ред да им браниш лични потреби на луѓето. Зато. Не е само критикување. Де факто и де јуре не уживаат исти права како хетероскесуалците
@WildMk каде е таа дефиниција, опресија е угнетување, владеење со сила. Тоа не е воопшто смислата и целта на една религија. Те молам немој да ги мешаш работите, ти реков ако ти или било кој се чувствува угнетено во било која религија никој не го држи со сила може кога сака да ја напушти и да го тера животот по свој терк.
Многу сте интересни вака кога некои се правите судии и барате middle ground таму кадешто го нема. Дегутантно е што воопшто во денешно време уште се отвара дискусија против нечии права и противењето се објаснува со догми креирани пред илјадници години.
Ти ги мешаш работите. Спиритуалност е едно. Институционализирана религија е сосема друго. И во ист здив ќе ти кажат како тие биле 'обесправени' оти имало мерки поради пандемијата
@WildMk јасно кажав секој што се чувствува загрозено може да ја напушти, но, нема право да проповеда дека е угнетуван кога не е. Жал ми е за оние кои се хомосексуалци и честопати се мета на напади, но пак ќе кажам не можеме на сите да им се допаѓаме, треба да прифатиме дека има различни, и сосема ги разбирам и оние кои се против нив, но не разбирам и не поддржувам зошто тоа мора да се изрази со агресија и навреди.
Буквално истото го велеа за сифилисот. И кога го открија пеницилинот си рекоа готово, да удриме сега слободно на блуд, неморал и перверзии. И бам сидата се појави. Но, ништо ново под Сонцето. Човекот со векови мислел дека ќе може да најде начин да оди спротивно на својата природа без да има последици и стално се зафркнуел.
Ae, преку кур више од таа религија, мора у секоја ваква дискусија да се спомне. Аман сфатете дека не сите се водат по прикаски за невидлив чичко на небото, претворање вода у вино, двоење мориња и останати басни и сказни. И Хитлер ја напишал Mein Kampf за тоа како во светов треба само Ариевска раса да постои, има еден куп луѓе што го следеле, па денес знаеме дека не е во ред тоа така? Макијавели има цели четива пишувано зошто жените се криви што општеството идело надоле. Треба до ден денес да живееме како што тој сакал? Читате у таа книгата што ви пишува за љубов, compassion, помагање и почит? Или сте прочитале нешто па ај ќе лупаме на јавен форум кај што цела младина чита глупости и ќе им ги ебеме рајатот и психата на дел од популацијата? Осет немате, аман.
Одлично прашање. Единствено легално право што им недостига е наследство на пензија од партнерот. Правото за брак веќе им го гарантира новиот закон за анти дискриминација, само што никој не потегнал да го оствари тоа право. Деца можат да посвојуваат и сингл мажи/жени. Ако бидеме искрени, она „право“ што им недостига на гејовите е наметнување на ЛГБТ и родовата идеологија врз сите луѓе. Но, тоа не е право, туку ПРИВИЛЕГИЈА. Никоја друга група на граѓани не ја ужива оваа привилегија сите луѓе да ги прифатат нивните убедувања и вредности, а уште помалку па тоа да влезе во државното образование, па да можат да ги индоктринираат мозоците на сите децата. Вакви права не уживаат ни христијаните, ни муслиманите, ни веганите, ни анима мунди, ни било која етничка, верска или идеолошка група на луѓе во Македонија. Само лобито на ЛГБТ се привилегирани да ги имаат овие ексклузивни права, пак ќе речам: ПРИВИЛЕГИИ.
Ако ти лично си имала искуство и со ист пол, и потоа си открила дека сепак повеќе те влече спротивен пол, твоето лично индивидуално искуство, воопшто не го побива фактот дека се раѓаат луѓе што осеќаат привлечност само кон спротивен пол, или САМО кон ист пол. Јас имам блиски пријателки кои што од друга страна па се обидувале со машки на пример, затоа што општеството нели налага дека така треба и така сме растени, и воспитани во главно, и не им успевало никогаш и им креирало фрустрации со кои што се носат до ден денес, за подоцна да откријат дека проблемот бил во тоа што отсекогаш биле наклонети кон ист пол, ама не си го признавале тоа. Па откако си го признале, се осетиле слободни, и осетиле за прв пат чувства, поврзаност, сексуална привлечност и тн. Така да, твојот индивидуален пример, може да каже дека е избор да, ама исто така е избор ШТО ме влече повеќе. Мене ми се свиѓа повеќе бела чоколада, тебе црна. Пробувам и црна, може да ми е ок и да ја истолерирам, ама тоа е, едноставно ОБожавам бела. И сеа тоа значи дека тоа што можам да бирам, треба да го одберам тоа што е општествено прифатливо, наспроти она што навистина го сакам, а со кое што не штетам никому никако? Не глеам логика во ова. А верата е твоја лична и интимна тема, и ако било кое верување ми го негира правото да ја искусам љубовта онака како што ја чувствувам и замислувам највозвишено, и ми налага ПРАВИЛА конструирани кои што постојано подлежат на промени во зависност од развитокот на општеството, и со тоа се релативни, тогаш повторно ништо нема смисла.