Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правата на хомосексуалците

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Pirana, 22 април 2014.

  1. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.239
    Пол:
    Женски
    Секој нека го прави она што го прави среќен. Сите заслужуваме да бидеме сакани. И онака животот е премногу кратокза да се труеме со глупости и да се полниме со омраза.
     
    На WhiteWhitch, violetblue и Srckata28 им се допаѓа ова.
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Освен склучување на брак, кој патем е легализиран во 30 земји, со тенденции таа бројка да расте, вклучувајќи го и посвојувањето на деца, јас не гледам како се погазени останатите елементарни права. За работен однос, законски е невозможно да те отпуштат поради дискриминација, т.е може, како што може да те отпуштат и за баналност без никакво објаснување, сепак имаш основа за тужба. Користење на здравствени услуги, банкарски дејности, јавно излегување, овозможување на паради, постоење на формални невладини организации и ред други дејствија кои моментално, не велам ги уживаат намерно, туку ги имаат сите поединци во склоп на државата. Какви права дополнителни имам јас, како стрејт особа? Како мислиш дека изгледа мојот живот, наспроти животот на еден хомосексуалец? Јас сум дискриминирана на други основи, јас секојдневно доживувам неправди од своја лична перцепција. Единствено дегутантно е што сметате дека ако се спротиставите на нечие спротивно размислување на форум, како алатка за споделување на своето лично гледиште, мислите дека сте двигатели за некакво си позитивно политичко расположение за легализирање на горенаведените ,,привилегии". Истите се добиваат по пат на активно следење и вклучување во јавни собири, притискање на политичкото тело преку дебати, а не на форум. Ти си всушност само пасивен набљудувач и оратор на таа идеологија и ништо повеќе. Кој добил дополнителни права, читајќи и пишувајќи на форум?! Кога нештото ме афектира мене, активно се вклучувам во некакво движење за подобрување на моменталната ситуација. Како крајно пасивен народ, и да се легализира, никој нема да противречи. Но, да дискриминирам некој и да сметам дека не е прогресивна личност, или е зол човек, само затоа што има спротивно мислење од сопственото, не ме прави подобра личност, напротив. Секојдневно се среќавам со личности кои не ја прифаќаат хомосексуалноста, има и такви што се индиферентни, има и такви што дебатираат со цел да ти го променат мислењето, но во никој случај не го формирам своето мислење врз база на туѓо размислување во еден сегмент.
    Активирај се, промени... Не мене да ми објаснуваш што е дегутантно, а што не е, затоа што сум сосема рамнодушна на темата легализација на бракови.
     
    На Need for Speed, Tanjamm и EvAngelos им се допаѓа ова.
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.434
    Допаѓања:
    60.578
    Пол:
    Женски
    Oд кај знаеш дека лично јас не одам по панели, по јавни дискусии и дебати и не се залагам и јавно за оваа проблематика? Од кај знаеш зад никовите на членовите што и кој се крие?

    А и фемина форум е најмасивен форум во државава, читан секој ден од стотици луѓе. И јас коа се регистрирав не сфаќав колку луѓе ме читаат, па знаев да ја опалам некоја глупост. Нема да кажам за кое мислење, ама во инбокс ми пишаа неколку новорегистрирани членки, да ми кажат нивно мислење и да ми речат благодарам на некој начин што има некој што ги брани, макар и на анонимен форум.

    Гледате што се случува со инфлуенсери, јавни лица и други луѓе експонирани на интернет коментари, кај што секој зад псевдоним може да пише што сака. Не сите го издржуваат тој притисок.

    Форумот е плус еден вид на рефлексија на она што секој го мисли. Отвори у политика, пресликани се сите анкети на реален исход што се случи на избори. Отвори мода, се влечат совети од тука и се комбинираат парчиња. Отвори било што и ќе видиш колкаво е тука влијанието.

    Нема ништо поубаво од тоа да се логираш некаде и да видиш истомисленици, и дека некој човек разбира и поддржува низ она што поминуваш.

    И да, во секој случај подобро е да си макар и пасивен набљудувач како што викаш, отколку господата од погоре што кажуваат глупости од праисториска ера за да му го девлалвираат на некој човек постоењето, љубењето и можноста да се аутне во посигурна средина.
     
    На Indiegurl, staycalm, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Ако беше толку ангажирана, времето кое го поминуваш на форум, ќе беше лимитирано на една секунда, и проактивно ќе ги следеше и користеше оние алатки кои ги користи пошироката популација. Свесност за оваа проблематика, не се креира само кај одредена популација, во случајот женскиот пол, туку се опфаќа секоја возраст и двата пола. Да го земеме случајот со јавна соба. На форумот беа пишувани секакви дебати, но се додека една индивидуа јавно не се произнесе за сопственото патешествие, притоа ги стимулираше и останатите јавно да говорат за овој проблем, направи вистинска промена и доведе до казнување на оние кои си мислеа дека ќе поминат неказнето. Замисли иронија, од анонимен ник, пробуваш да наметнеш некој јавно да говори, смешно е и трагично истовремено. Што укажува дека пишаниот збор на анонимен форум е еквивалентен на нула промена.
    И во право си, форумот е рефлексија на она што секој го мисли. Во случајот, едностран ти е аргументот и целосно лицемерен. Убаво пишав let them be, обострано. Зошто сметаш дека ти си во право, а не тие? Според кое учење се ориентираш, освен по сопственото креирано врз база на својата лична перцепција. Секоја вистина има две страни, и твојата има точни сегменти, и туѓата има точни сегменти. Ако некој не се согласува за истополови бракови, зошто да му наметнуваш и да користиш епитети за да покажеш колку си ти прогресивна во тој поглед?! Те сметам за личност со висока емоционална интелигенција и нека остане така.
     
    На TheDreamGirl, Tanjamm и Pea им се допаѓа ова.
  5. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Човече, затоа што збориме за реални особи кои дишат, не за некои приказни од фантазија. Како може некој да се согласува или да не се согласува со нечие постоење? Како е тоа можно? Остварување на љубовен план е нешто што го заслужува секоја особа, за многу луѓе и семејства правење свадба, стапување во брак е еден голем и убав чекор во животот (зборам за луѓе кои придаваат поголемо значење на бракот, меѓу кои сум и јас лично, искрено), како може некој да е против тоа и притоа да е океј?

    Дали сметаш дека било нормално што порано белите луѓе субјективно си мислеле дека црнците се долна раса и дека тоа е океј или дека црнците се луѓе кои заслужуваат права секогаш било објективен ФАКТ? Не може да се има субјективно мислење за нечие постоење и нечии права и точка.
     
    На Indiegurl, staycalm, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ако ти е жал, ќе ги поддржуваш и ќе се бориш да добијат еднакви права како тебе.
    До тогаш... жал ти е, колку мене шо ми е за ланскио снег.
     
    На Hecate, staycalm, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    @GrimTheReaper
    Премногу реферати за да кажеш дека си „над ситуацијата“. Ако си толку индиферентна, логично би било да не ни читаш вакви теми.
    Воопшто не е ни мудро, ни зрело, ни објективно да ставаш маргинализирани групи и тие што ги дискриминираат во ист "let them be" кош. Неутралните (и тоа гласно и гордо неутрални) во вакви ситуации ја бираат страната на опресорот.
    И да, онлајн дискусиите биле празен и фејк активизам, а од друга страна членовите на невладини се сметаат за платеници кои работат само за свој профит... еве не знам, одлучете се :?:
     
    На Hecate, Ambitious, Indiegurl и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    За моите права јавно не се борам, не па за нивните, никогаш не сум била против нечиј избор на живот, ниту пак некој вид на заедница. Секако до сега никој не дошол ни мене да ми се меша. Реков и ќе повторам сум против агресија. Но, ми боди очи тоа што некој сметаат дека сите треба да ги поддржат, мора секој од нас да прифати дека различни сме. И гајле ми е мене дали сум поддржана или сфатена од некого си таму се додека слободно си го живеам животот како што сум избрала..
     
    На TheDreamGirl, Tanjamm и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  9. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.434
    Допаѓања:
    60.578
    Пол:
    Женски
    Па и јас те сметам, да не те сметав немаше вака да зборам до тебе. Времето кое јас го поминувам на форум си е лично мое, нешто што сум го заслужила, кога не идам на работа, искачање, итн, итн. Кога се сака за се се има време. Смешно ми е да дискутирам мои ставови и мислења во однос на тоа колку квантитативно ги изнесувам.

    Јавна соба е нешто сосема друго, а форумов можеби е и единствен медиум каде девојките добија колку толку поддршка, фејсбук и инстаграм беа ужасни. И на форумов се пријавивме тие што ќе идеме на протест и отидовме. Јас си знам колку постови имам напишано за таа проклета соба и колку луѓе земав на протест тогаш.

    Да ми смалува некој придонес за тоа колку и што правам - нема. Сори, ама ич не ти е местото да ми кажуваш јас колку сум постигнала и постигнувам.
     
    На staycalm и WildMk им се допаѓа ова.
  10. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Црнците не пишуваа на фемина за да ги бараат своите права. Појасно е сега? Јас не видов ништо да се превзема, освен една годишна манифестација и веење на знамиња, нормално и пар засегнати луѓе што анонимно говорат на форум.
    Истовремено кога реплицираш на пишани небулози, со сарказам или потсмев, ја стимулираш и другата страна да пишува уште повеќе небулози. Кога одредено мислење, за тебе ирелевантно и крајно недоветно го ставаш во приоритет, даваш повод некој да влијае врз твоето сопствено размислување, а со тоа и врз нечие фрагилно и срамежливо постоење. Истовремено, ако таквите постови се игнорираат, и се пишува за реални цели, за реални проблеми, за реална поддршка, ќе се охрабрат оние кои се засегнати да општат, говорат и конечно признаат како рамноправни членки на една нација со сите општествени дејствија. Како една или две индивидуи на овој форум го креираат мислењето на целокупната популација? Пристапот на проблематиката е сосема погрешен. На една хомосексуална личност му е потребна поддршка од околината за која знае и е опкружен, а не лик некој таму што смета нешто спротивно од сите досегнашни учења од научен и психолошки аспект. Јас сметам дека сите треба да имаат целокупни и еднакви права, и токму затоа и пишувам во темите, иако моите мислења погрешно се интерпретираат, бидејќи не се прави разлика помеѓу критика и вистинско негирање на хомосексуалните лица. Истовремено стојам зад ставот, дека секој е личност за себе и не е во ред да се критикува нечие мислење, врз база на она што ти го размислуваш, особено кога истото чопоративно се манифестира. Особено тоа се увиде кај членката што ја убедуваа дека е геј. Остајте ја, кој сте вие да кажувате како да се идентификува, кога тоа е сопствено право. За останатите не би ни да коментирам со оглед дека се косат со секое мое размислување на темата, therefore не стимулирам да се пишуваат уште повеќе дискриминирачки постови.
     
    На TheDreamGirl, Tanjamm и Pea им се допаѓа ова.
  11. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Рече човекот што и сам е дел од религиозна секта.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  12. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Имаат право на образование? Имаат, имаат право на здравство? Имаат, имаат право на вработување имаат. Во многу земји легално може да се венчаат и дете да посвојат или имаат биолошко преку сурогат. Што уште сакаат да ги заштитат со закон како посебен вид? Ништо немам против гејовите ама не знам што уште сакаат, веќе многу луѓе ги прифаќаат и им е сеедно кој што е. Не може да очекуваат баш сите луѓе во светот да ги прифатат..
     
    На TheDreamGirl, Need for Speed, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Право на брак пример
    Право деца да посвојуваат
    Овие првиве се основни човекови права
    Уше тоа да им го скратат
     
    На staycalm, crimson и WildMk им се допаѓа ова.
  14. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Во некој држави имаат такви права, реков не може да очекуваат секаде да бидат прифатени од сите. Ги имаат сите права како и секој човек.
     
    На TheDreamGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Тука имаат права? Не. Тепани се, навредувани и понижувани.
    Сакате да кажете дека не се дискриминирани?
    Сериозно?
     
    На staycalm и crimson им се допаѓа ова.
  16. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Познавам луѓе кои бидејќи нема основни права во Македонија, добија азил во Америка и си го тераат животот како сакаат. Секое зло за добро е.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Па не може и да очекуваат сите хетеросексуалци да се прифатени од сите.
    И ним нека им се забрани право на брак и семејство.

    Шо велиш?
     
    На staycalm и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Ебате 'доброто', да треба да избегаш од домот, оти те опресира и осудува!

    По твојата логика: Блазеси му на оние во Сирија и Афганистан, барем можат да побараат азил во САД

    Сакаш да си на нивно место?
     
    На staycalm, Someonespecial и crimson им се допаѓа ова.
  19. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Хахаха абе желба му беше од секогаш да оди таму, некои случувања го убрзаа процесот. Топ му е, многу подобро од што мислиш.
    И мене многу права ми биле скратени па сум се преселила и што сега, да плачам по форуми колку ми било тешко.
    И како секогаш мешање баби и жаби. (facepalm)
     
    На TheDreamGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.077
    Допаѓања:
    12.818
    Не се заморувам многу со темава, кој што сака нека си прави, но од она што јас го знам со сигурност, е дека во културата не да се дискриминирани, туку се привилегирани по основа на тоа што се геј. Влечат пари од секакви фондови, си лобираат едни за други, и пак се жалат. Зошто да биде привилегиран во однос на мене само затоа што некој пример е геј? Не би требало. Инаку, од лезбејки, бисексуалки, не додавам ни жени на фб, освен ако не ги знам. Се пуштаат кај стигнат. Се почнува со „од кај си, што работиш, убава си, згодна си, па колку години си, па помлада те мислев“. Отоци. Ај женско да те пофали за изглед, си велиш ок, ама ова напнува, се пушта, и баталив и жени да додавам од таквите.
     
    На TheDreamGirl му/ѝ се допаѓа ова.