Мене би ми ласкало жена да ми се удвара. Сериозно. Имаме поискрена и детална анализа за она што ни е привлечно. Ќе ми ја набилда самодовербата. Ама изгледа сум тешка грдоња, што се уште никоја не ми изјавила љубов преку социјална мрежа
Ако ти се пушта некоја, не значи дека и ти би била лезбејка. Немам против да флертува некој со мене, без разлика на полот. Што има поубаво од тоа, да бидеш привлечен некому?! А како би постапила понатака, ќе ја дефинира мојата сексуална ориентација.
Па не би била, нормално. Далеку од тоа. Инаку, за платите кога веќе ги спомнав, да биде некој проект координатор на проект за ЛГБТ ќе зема плата од 80.000 денари. Грдни пари се фрлаат, а ние сме општество кое се дави во многу сериозни проблеми.
Не. Ако ми се допаѓа нема потреба од напнување, се договараме за видување, си тече спонтано итн. Не сакам ни мажи кои напнуваат.
Ја оправивме државава па сега ќе гледаме за гејовите. Никаде се не целосно прифатени не подржувам насилство да бидат тепани и малттетирани затоа што се геј. Ама не е во ред да пропагираат и да наметнуваат со сила да ги прифати некој ако тоа не му е нормално.
Jас мислам дека се тепани тие што првоцираат. Знам дечко геј, плус е Албанец, и нон стоп постира слики од тоа како се пипкаат и бакнуваат мажи. Ги велича сите геј ликови од Ана Брнабич и слични. Нека си биде што сака, ама геј популацијата многу често се наметнува. И не сакам жени да ми се пуштаат, мажи е понормално да ми се пуштаат и во живо, и на фб, каде и да е. Сите се жалат дека се жртви, а кога земаат пари од фондови по пат на геј лоби, ок е.
Не ни читам подалеку од ова реченица. Пошто збора многу за тебе. Само шо нарече жртви - провокатори, „си го барале“. Туѓ срам ме изеде.
Dev o Значи, ниту ги тепам, ниту се заморувам со таа група на луѓе, па ти сфати како сакаш. Што има туѓ срам некого да јаде за нешто што трети лица го прават. И кој ќе знае дека е некој геј, ако не кажува наоколу? И секогаш ќе бидам против некој да лапа пари кои реално таа и таа година требало да бидат доделени на некој друг, арно ама таму конкурирал некој геј, а и во жирито имало некој геј, па како „жртви“ лобирале еден за друг. Се работи са привилегии и за илјадници евра кои во културата треба да бидат стимул. Овие лоби групи ги има по Балканот, и пошироко.
Не мора да вршиш насилство за да си насилник. Доволно е да поддржваш насилство. Ич не читам то шо релативизираш. Не ми е гајле. Ги коментирам ваквите сегменти. Кај шо поддржваш насислтво оти некој кажал дека е геј и некој ропак, гнида, психопат, го истепал. Не е тој шо си кажал шо е крив. Гнидата психопатска шо тепала е крива. И сите шо го тапкаат по рамо и го поддржуваат таквото однесување.
Сè додека самото постоење и експресија на истополова љубов во јавност се смета за вулгарност, пропаганда или дури и провокација за насилство, ќе требаат паради и „лоби“ т.е. кревање на свеста за вакви скандалозни ставови.
Мој колега Турчин тепаше геј Албанец, и кажа дека да можел јавно ќе го бесел на плоштад. Друг Бошњак на јавен настан исто сакаше да го навреди гејот пред сите. И сега? Што да правиме? Има Македонија многу проблеми. Секој нека си носи одговорност за себе. Тој може да си прави што сака во кревет и со кого сака, не верувам дека некому му е гајле туку луѓето од она што сум видела имаат проблем кога некој тоа го наметнува на другите. Знам мајка која одби да биде проект координатор на проект за ЛГБТ за плата од 80.000 денари, оти тоа се коси со нејзините принципи.
A што има врска талентот и секусалната ориентација? Каде е тука фер плејот? Еве конкурирав и добив дури по 10-ти пат средства. Потоа сфатив и дознав дека геј луѓето си имаат врски и по тој принцип си прават „нати го - дај ми го“, оти се знаат лично. Тоа во суштина е злоупотреба и проневера, за што и реагирав кај донаторите во Австрија. Тоа е злоупотреба.
Да де, шо ти е гајле ако тебе не те засега! Од то патите, од себичл'к! Те тера тебе некој да гледаш шо постира некој си дечко што е геј? Пиштол да не ти кладоја на чело?
Не сакаат да се прифатени. Сакаат останатите да веруваат во нив дека поминуваат низ човечко искуство. Немора да прифаќате, туку да верувате дека не се "изопачени" како што дотичниот кажа. Сфаќајте повеќе.. Правете ја разликата.