Па ако идеме по таа логика, има жени кои се сериски убијци, жени кои ги сечат гениталиите на мажот кога он ќе ја изневери и ред други ствари. Заради таквите треба да го користам зборот "изопачен" кога во дискусија се спомнува женскиот род?
Не е работата што гледам јас, туку гледаат цел град, и после го фаќаат и тепаат. И не еднаш, повеќе пати. Пријавувано во полиција, и знаеме дека за тепачка евентуално некоја казна ако платиш, и тоа е се. Па ако гледаш дека ти е загрозен животот, мислам дека секој здраворазумен треба да има самоконтрола. Може има и деца во пријатели и постира како мажи лежат во кревет заедно и што уште не. Искрено, мислам дека муслиманите имаат поголем отпор. Верите не дозволуваат, ни христијанство ни ислам, тоа е грев, но муслиманите се посебно строги. Дечкото е Албанец, и не христијани, туку муслимани за него имаат кажано дека би го беселе, оти Бог го дал да биде маж, а не жена.
Па се користат и уште полоши зборови, овде на форум колку тикети паднаа за жените ехее. Ама зборот ми беше дека не може сите да ги прифатат, и јавно да ги поддржат бидејќи и од оваа заедница има секакви луѓе. Геј пар добија дете и го силуваа. Значи не е се така розево. Да треба да имаат права но како се користат е исто така важно.
Ама шоако постира? Не е забрането таму кај што ги гледаш сликите, што значи, ако ти смета детето да ти гледа, нема да му прајш профили на тие мрежи и готово.
На Балканот сте исти горе-долу сите традиционални верници на оваа тема, и христијани и муслимани. Всушност ништо не може да обедини затуцани Балканци од секој етникум и вера како хомофобија и мизогинија. Може да се испозаколат рандом Трајче и Африм за националистички каузи, ама и двајцата би да бесат геј луѓе и да се ситат на жени жртви на сексуално насилство. Одвратно.
Ee сега релативирање. Да, ќе го затвори некој родител детето во пештера оти некој геј наголемо пропагира како е ок дечко да има дечко, детето да има двајца татковци, дека треба да се венчаваат, да посвојуваат деца итн. Денес децата си имаат групи по фб од практични причини, од школо ги информираат за настани, учат онлјан,и во кој век живееме па детето да биде без профил?
Нигде не спомнав христијани дека се заканувале на гејови. Дечкото кој јас го знам е муслиман кој го тепаа муслимани. Сите Македонци го знаат, и многу почесто се дружи со Македонци, ама не го тепале. Христијаните се за нијанса полиберални по тоа прашање. Не ги интересира да се заморуваат со тоа.
Не е рационализирање. Социјалните мрежи се наменети за деца над 13 години. На 13, веќе гледаат порнографија. Нема да се изненадат од романтични слики.
Имаше една тема тука дека девојките кои не се мажени, дома ги гледале како товар и гледаат да се отарасат од нив. Таква тема имаше за форумот. Во Македонија искрено подискриминиран е сиромашен човек, немажена девојка, разведена жена или жена без деца, од геј популацијата. Попрво нив ќе ги гледаат криво отколку гејот.
Сите ги гледаат криво, ама не им е со закон забрането на разведени и сиромаси да стапат во брак и да створат семејство. *Ниту па ги тепаат оти биле немажени
Има разлика измеѓу предрасуда која доаѓа од нашата проста култура и насилна дискриминација која ја доживува геј популацијата. Немате околу вас геј луѓе, не знаете колку и како им е тешко, ве молам заќутете, шадап.
Сите што се силувани, експлоатирани и убивани, оти во Македонија нема ни еден геј пар со деца. А и секаде каде што е забранета законска заедница за хомосексуалци.
Абе од се што пишав ти само тоа разбра. А тие знаеш на СТРЕЈТ парови какви се услови им бараат за дете да посвојат знаеш колку од нив умираат и никогаш не се оствариле како родители. Се дигнаа некогаш на протести, очекуваат од сите да се разбрани. Ај отрезнете се.
Не го сфаќаш муабетот. И во стрејт и во геј популацијата има такви кои злоставуваат луѓе. Во стрејт популацијата има повеќе, оти статистички ги има повеќе, отколку геј. А во земји каде што не е легализирана заедница на геј парови, сите деца кои се присвоени и злоставувани се злоставувани од стрејт парови
Ете како што знаеш колку е тешко стрејт пар да посвои дете, помножи го тоа со 100. Е толку е тешко ГЕЈ пар да посвои дете. Ако гледаме силувања на посвоени деца, е многу повеќе застапено кај СТРЕЈТ парови. Сакаш да кажеш дека геј паровите се ненормални и педофили? Океj, checked.
Во Америка, каде се целосно легализирани хомосексуалните бракови, само 1 од 10 ЛГБТ лица влегуваат во брак. Поточно само 9.6 %. Која иронија е ова замислете. Се борат со децении за правото да стапат у брак и властиве им велат: оќеј, од денес можете да стапувате во брак... значи сериозно, не е шала, повелете регистрирајте се... зошто чекате? Ајде навалете... ЛГБТ: Ама не, ние уствари ни беше интересна самата борба, за да изиграваме обесправени жртви, а не дека озбилно сакавме у брак да стапуваме Што ми е поентата? Да не се лажеме, целата ЛГБТ идеологија се сведува на хејтање на бракот како една старомодна верска институција, како наметната општествена конструкција... дури и некои од нив (тие 9.6%) кои влегуваат веројатно од инает во брак, и во бракот се однесуваат како да не се у брак, не постои таму концептот „светост на бракот“, нема таму завет за верност (завет пред кого?), нема таму деца кои се производ на љубовта на брачните партнери, секогаш фали или татковска или мајчинска фигура итн. Секако дека има лошо и дисфункционални бракови и кај оригиналната дефиниција за брак (маж-жена), ама статистиките јасно кажуваат дека постои огромна разлика.
Шо ти е гајле колку проценти стапуваат во брак? Битно е да имаат еднакво право со останатите. И ти не си женет, па не ти забранија да се ожениш. И еден куп има други ко тебе, ама никој не им забранил да стапат во брак. *Акцентот е на право и забрана
Ne znam za vas ama jas si gi podrzuvam homoseksualcite. Imam eden drugar i deteto e najnormalno. Ima nekoi luge koj so mislat deka ako si homoseksualec nesto ti fali hahahahahahahhahahaah.Luge 21 vek sme,opustete se, koj so kogo saka ke si bide i toa e toa.