Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правата на хомосексуалците

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Pirana, 22 април 2014.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Го отековте тој брак. Само лупаш онака или зборуваш во име на хомосексуалците дека единствената пречка во животот, мото, мотив им е да стапат во брак. Убаво пиша членот. При легализација на брак, само 9% го склучуваат. Така да не отекувај со брак, брак, брак кога воопшто не го ни сакаат и бараат.
     
    На TheDreamGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Абе како не сфаќате дека проблемот е што за сите луѓе не важат исти закони.
    “Сите сме еднакви, ама некои се поеднакви од другите“.

    Што за еден, тоа за сите.
    Што не смее еден, не смее никој.
    Тоа е цивилизирано општество.

    За тоа треба да се дебатира.
     
    На Ketchup, staycalm, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Мојот муабет беше тој уште од почетокот, има секакви луѓе. Секој треба да научи да се носи со изборите во животот. Еве и јас не сум прифатена од сите, ама не го очекувам тоа ниту пак наметнувам на други дека треба да ме прифатат и дека мојот живот е баш тоа исправното. Секој нека си тера во животот како си мисли дека му е добро ама нека не очекува дека треба да е прифатен од сите.

    @GirlRose во секој од нас може да се крие по нешто. Никаде не негирам дека тие луѓе не треба да имаат права, и во моето општество се рамноправни со мене. Но, баш тие кои се различни и кои безрезервно ги прифаќаат треба да бидат на чисто со тоа дека можат истото да го очекуваат од сите.
     
    На TheDreamGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Сериозно во Македонија бараш еднакви закони, каде јас како македонка сум граѓанин од втор ред?! Кај живееш жено сиве овие години?
    Ја опрајвме државата, до хомосексуалците остана да преговараме.
     
    На TheDreamGirl, Tanjamm, christinnn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.591
    Допаѓања:
    40.021
    Пол:
    Женски
    Дали има тема, барем една дискусија каде нема да осетиш потреба да споредиш христијани со муслимани? Од кога сум на форумов те знам со мислењава за Албанци, муслимани, Македонци и разлики
     
    На staycalm, mssuniquee, Аргентина * и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Sucubus

    Sucubus Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2021
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    1.217
    Пол:
    Женски
    Леле што се не прочитав на темава.
    Ударна вест “Геј пар посвоиле дете, па го силувале” - е тука ме мачи прашање “ Кој го напуштил тоа дете?”.
    Ете сите знаеме за да се направи дете треба стрејт пар. Од која причина стрејт паровите прават деца и ги напуштаат? Да не правиме муабет за тоа, колку само родители ги продаваат своите деца, ги тераат на проституција. Но преку тоа ќе се премине, преку геј не може, не смее.
    Значи јас се раѓам како единка која треба да живее свој живот, не на мајка ми, татко ми, градот и Балканот. Значи мој живот е. Дали ќе бидам христијанка, муслиманка, атеист, будист, или ќе си верувам во самовили е мое право, и треба да имам слобода на тоа. Исто е и со тоа дали ќе сакам мажи или жени или па и двата пола, мој избор е за кој имам слобода. Како што сите имаат слобода да одат со дедовци и баби, нели избрале. Не дека не ги осудувате, барем не се камшикувани.
    Се додека никого не присилувам да прави тоа што јас правам, никој не смее да крене рака на мене.
    Кога Бог ме створил, Бог и треба да ми го одземе животот, а не некој си самопрогласени светци, безгрешници.
    Вриштите од двојни аршини.
    Појела ме туџа срамота :x
     
    На violetblue и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    Можеби родителите починале. Можеби мајката е млада и е присилена да го даде детето на посвојување. Можеби нема воопшто услови и финансии да го издржува тоа дете. Не е во ред да генерализираш за да докажеш нешто. Јас длабоко верувам дека поголемиот дел од причините се токму овие. И уште подлабоко верувам дека воопшто не е сеедно да го оставиш детето во дом, ако немаш огромна причина за истото. Секако дека постојат исклучоци.
     
    На TheDreamGirl, Tanjamm и Pea им се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Ти стварно не си свесна дека и геј луѓе те читаат.

    Што треба, да чекаат ред за да се оправи се друго, па тие да се борат за своето постоење?
     
    На staycalm, Bezimenka90, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  9. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.403
    И што ако ме читаат, кога би се согласиле и тие за истото. Да не погрешив нешто? Дали тебе доколку ти беше забрането склучување на брак, а истовремено имаш ниски примања, зголемен раст на цените на продуктите, загаден воздух, пропаднато здравство, пропаднато образование, мито, корупција, анархија, неспроведување на закони, жртви поради нефункционални институции, ќе беше пресреќна ако истото ти беше легализирано. Ако афирмираш тогаш свесноста ти е еднаква на зрно грашок. Не девојко, ти дали си свесна дека хомосексуалците си одат од државата поради горенаведеното, а бракот им е само бонус за својата најпаметна животна одлука. Бараш правдина онаму каде што елементарно не постои за никого. И сосема е нормално да формираш прво здраво општество, а потоа да внесуваш новитети и да санираш актуелни проблематики. Која држава на ниво на Македонија ги има легализирано? Тоа е исто како да градиш куќа од кров, а темелите се 'рѓосани и трули. Џабе ти е брак и посвојување на деца, ако немаш основни услови за живот, истовремено да издржуваш фамилија, уште полошо да ги растеш децата во оваа вукојебина.
    Не може да легализираш, ако залагањето за хомосексуалноста се сведува на ниво на шкртаници на форум. Која јавност ја едуцираш преку истиот? Прво треба да добиеш расположено тело за истото. А тоа се врши преку едукација. Ние ги решивме проблемите за нивното постоење и дојдовме до заклучок дека треба да се легализираат нивните бракови. Така било тоа...Дете си, ќе научиш како функционира светот.
     
    На TheDreamGirl, christinnn, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Добро ај излезете и протестирајте да ги заштитат со закон гејовите, пошто за греота не можеле да се венчаат. Им брани некој да живеат во заедница не? Биле малтретирани ги малтретираат и ромчињата на пример само зошто нели цигани се ги малтретираат и децата со попреченост па сите ќутат. Дај бе не го тупете ко божем на голи оток ги праќаат тие што се гејови. Имам многу познаници и другарки би, геј лезбејки никој до сега нити ги тепале нити имал проблем некаков заради тоа, а не ни ја кријат својата сексуалност. Пак ќе кажам не може сите да ги прифатат едностсвно некој не ги прифаќа.
     
    На TheDreamGirl, christinnn, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Еден проблем не исклучува друг.
    И излегуваме на Парадата на гордоста.
    Фала, многу.

    Ојте сега вие излезете на протест со антиваксерите, оти вам поќе ви се 'нарушени правата и слободите'.
     
    На Bezimenka90, crimson и staycalm им се допаѓа ова.
  12. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.534
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Господ да сакал две машки да се заедно би создал Адам и Лео, не би создал Адам и Ева!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Сте го смениле од Адам и Стево во Адам и Лео, редно беше, здосади првата верзија.
     
    На Bezimenka90, asdas, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  14. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.534
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Не ни знаев за првата верзија
     
    На TheDreamGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.073
    Допаѓања:
    12.815
    Може е вон темата, ама скоро читав роман кој е за геј пар. Таму реално опишани сцени каде геј пар се шета гол по плажа, мастурбирање на јавни места, секс на јавни места, обид за мастурбирање во кафуле, љубомора помеѓу двајца мажи, навреди, водење инат, потфрлање на алишта по стан. Уцена од трет геј маж најден по пат на интернет за да изнуди секс од главниот лик геј. И додека читав, размислувам дека сето тоа е пресликано од нашево општество. Видов само перверзија, љубов не.
     
    На TheDreamGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.782
    Допаѓања:
    169.610
    Пол:
    Женски
    Го гледав филмот 365 и 50 shades of grey и се шо видов е бдсм, фетиши и перверзија на хетеросексуален пар. Нигде не видов романтика, само перверзија. Сигурно сите се исти пошто така е во ова една книга и филм. Одлична слика на какво ни е општеството.
     
    На staycalm, Hecate, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.026
    Допаѓања:
    52.060
    Пол:
    Женски
    5F09C195-1EAF-4EED-A4F7-63899FA415C0.png


    Која е таа книга?
     
    На Bezimenka90, Srckata28, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.073
    Допаѓања:
    12.815
    „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски. Дејството се случува во Скопје. Да ја чита некој што е геј, може сосема поинаку ќе го доживее ова, не знам.
     
  19. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    11.637
    Пол:
    Женски
    Имаш читано еротични романи за хетеросексуалци каде се опишува се во детал?
    Такви книги има и за хомо и за хетеро. Книгата не е реалност.
     
    На Bezimenka90, asdas и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.073
    Допаѓања:
    12.815
    A aко авторот е ЛГБТ на пример? Дали е реалност? И ако пишува за остров каде неговите си живеат и во книгата се споменува истиот? И ако споменува дека родниот град не го сака, и навистина таму не го сакаат? Реалност е? Настрана тоа, кој што сака нека пишува. Секс на јавни места е казнив со закон колку што знам. И мастрбирање исто. Колку манијаци добија кривични оти се самозадоволувале на јавни места пред деца или за гејот тоа не важи, ќе му простиме?

    Мајка ми е жена над 50 години, со маж и внуци на профил. Колку пати и стигнале сликани вагини од жени. Тоа нормално ти е и за бранење е? Не. Да сум мајка на малолетно дете и да ми пушта некоја такви фотки во инбокс, ќе пријавам во МВР и нека ја најдат по ип адреса. И додека вие тука дискутирате, знај дека најгласните од таа група, земаат пари од секакви фондови. Дури еден јавно си признае дека не сработел тоа што требало за 3 проекти. Молам? Земаш пари, и не си сработел и те толерираат?
     
    Последна измена: 12 декември 2021
    На TheDreamGirl му/ѝ се допаѓа ова.