@Tanjamm а бе сѐ тебе ти се случува жено, опкружена си со најагресивните и стереотипни Албанци, лезбејки ти праќаат фотографии од полови органи не само на тебе туку и на мајка ти, уште одамна си полна со туѓи животни приказни за отварање нови теми и оговарање, а истовремено деловна жена што брка големи странски проекти и ја одбиваат во корист на привилегираните гејови Еве сѐ ти веруваме, важи.
Си толкуваш како ти одговара. Тие проекти не се големи, но се доволно големи за наш стандард. И не мораш да ми веруваш, ова не е никакво озборување, туку ова се работи кои секој ќе ги сфати ако гледа по ТВ кои лица се вртат, каде работат, и малку ако истражиш кој проект колку чини, кој каде патувал, се јасно. Не открив топла вода, ова веќе го знаат многу луѓе во земјава. А каде реков дека мене лезбејки ми праќале полови органи? На мајка ми да, мене не. Убаво си објаснив, само кој да чита.
Е кажи ги де, па да видиме каде се земаат илјада евра и што инволвира проектот. Чии се проектите? Дај линк да видиме.
Само ЛГБТ луѓето праќаат вакви слики? Да појдеме еве од форумот. На колку членки им имаат стигнато слики од машки полов орган.. Сигурно сите се геј.. Ама само ЛГБТ заедницата праат вакви работи.. Никако стрејт луѓето.
Што е толку тешко да се разбере дека поради притисок од здруженијата, би се фаворизирал некој наспроти друг, без разлика на едукативна и професионална позадина. Впрочем тоа е пракса и за вработување во државна институција, за тендери, за грантови. Тоа што не ви одговара да сфатите како факт, не го прави помалку точно.
Не може да бараш твоето мислење да е валидизарано, а притоа истото е "ми смета маж што се ебе со маж". Керен, не си толку битна. Фала Богу во неколку држави се признаени браковите и не е толку табу. За ваша жал, ќе стигне и тука тоа, порано или покасно... Да сум на ваше место повеќе ќе се секирам моето дете потајно да не е геј, отколку дали ќе имат права... Едит. И мене ми смета што нечии мажи, неповикани ми се пуштаат по пораки, ама изгледа трн во око се гејовите и лезбејките што се пуштале по пораки. Оукеј
Има. И јас познавам лица кои поради активизам во структурите на LGBT се фаворизирани наспроти други кои се далеку поадекватни за аплицирање на работно место.
Ти рече дека тебе ти се пуштале, и сега не само што се плашиш да додаваш мажи на социјалните туку и од грозните лезбејки ти е страв. Сега љубоморам што кај тебе се сите лезбејки и нема ништо за мене.
Сакаш да кажеш дека е во ред? Јас велам без разлика на вера, нација, пол, сексуална определба, ако личноста има далеку попрофесионална позадина, едукативно ниво да биде фаворизирана наспроти задоволување на некакви си квоти за мутуални интереси.
А од каде знаеш дека е поради тоа. Вака испаѓа баш као што вика @theowndemon ако е стрејт значи регуларно земал пари од фонд, а ако има активизам во некоја орг. одма аааа заради тоа он/а зема. Дали пример си размислила дека можеби проектот/идејата или било шо друго била подобра од другите апликанти?
Твое е дали ќе прифатиш или не. Немам намера да ти се докажувам. Ако сакаш слепо да веруваш во нашиот необјективен систем, слободно.