Јас сум строго против фаќање врски. Само смешно ми е како наеднаш то ви смета оти се геј, а ко ќе стрејт ко прај то "пробва прај шо можи". Ајрон појаснил после твое мислење шо сакам да кажам.
Темата е за геј. За што друго би пишувала. Да говорам за етничките заедници колку се позастапени во огласите за вработување?!
Aма системот е необјективен по многу основи. Во очи на друго лице можеби системот е субјективен кон тебе иако ти можеби не го гледаш тоа.
Eпа сега ќе ти кажам. И јас така мислев долго време. Мислев дека во мене е проблемот, дека не е доволно оригинало и креативно, и се трудев повеќе и повеќе. И на крај ги дознав релациите меѓу луѓето. Неколку лица, влезени во шема, а двајца од нив на постер ЛБГТ ги видов. Друга работа е динамиката, не можеш да цепаш проект по проект само ти, како само ти да постоиш во оваа држава и твојот геј пријател во друга држава. И да кажеш дека не си реализирал скоро ништо од 3 проекти, а си земал пари, и да не те стават на црна листа. Ние сме сите отепани западен Балкан, и сме во иста група. Парите на Европјаните се трошки кои нам ни значат. Еве жива сум уште, не умрев од некоја си неправда, таман работа. Секое искуство те учи на нешто. Со тек на време точно се покажува во општеството кој што правел. Се се дознава.
И тоа не го негира фактот дека се случува. Само подалеку од твоите очи со оглед си неафектиран од ситуацијата. Немам потреба да измислувам за да докажам нешто. Твое е да го прифатиш или не. Немам никаков личен бенефит, а за твојот негирачки бенефит не би навлегувала.
ОК е да кажеш „Јас работам во НВО, не е така како што велиш, не се согласувам“ или „Знам геј, одличен е, има искуство, знае јазици, патуваше таму и таму, и заслужено добил грант“, а не муабети „ти ли мори си деловна жена, па ти мори во таа и таа тема се жалеше, а?“. Јас сум била деловна жена ееее? Не, Данела Аровска е деловна жена, не јас, и Македонија додека не влезе во ЕУ нема ни да има пристап до големи европски проекти, тоа човек од општа култура го знае, не па јас да земам јаки европски проекти, таман работа. Често велите „оговарам“, не бе дечки озборувам, ама тие што сега ги озборуваме, верувајте и да читаат сега, нема да се препознаат, оти дури и најголемиот манипулатор за себе мисли дека е најчесен на свет и дека не го знаат што прави.
Врховниот суд на ЕУ одлучи дека истополовите родители и нивните деца мора да бидат признати како семејство во сите земји-членки на ЕУ. Во пресудата, Европскиот суд на правдата изјави дека ако една земја признае родителски однос со дете, тогаш секоја земја членка треба да го стори истото, за да го гарантира правото на детето на слободно движење. Случајот дојде пред овој суд откако бугарските власти одбија да дадат извод од матичната книга на родени на ќерка на истополов пар, која е родена во Шпанија во 2019 година, со образложение дека детето не може да има две мајки. ©Makfax.com.mk
За жал на Балканот хомосексуалците немаат никакви права. Да почнеме од тоа што секојдневно добиваат закани по живот , голем дел од нив им се случило да ги нападнат и физички а да не зборуваме за психичкото малтретирање. Кога станува збор за посвојување, навистина мислите дека двајца вљубени родители од ист пол кои сакаат дете би биле полоши од типичните хетеро родители што ги имаме овде? Навистина? Или полошо од тоа да немаш родители? Не разбирам зошто толкава омраза кон хомосексуалците , тоа си се само луѓе што си се заљубени во личност од ист пол и никому не прават штета со тоа. Не разбирам зошто би пречело некому доколку некој е заљубен во личност од ист пол. Најчесто религиските фанатици се против хомосексуалците уште еден доказ дека религијата ствара омраза кон луѓето.
Кога некому си укор за совест одма почнуваат навреди и напади, во Библијата пишува, Исус вели кој е со мене, непријател на светот станува.
Во мк проблем е свеста. Хомосексуалците можат законски да ги добијат сите права како и хетеросексуалците, но сепак ќе бидат осудувани и исмевани од голем број амебовидни граѓани кои не научија дека не треба да го коментираат јавно приватниот живот и изборот на останатите луѓе, колку тој и да не им се допаѓа, и нема ни да научат. А се додека е така, стигмата ќе биде присутна.
Како стварам омраза кон религиозните фанатици ? Јас само кажав дека најчесто тие што имаат против хомосексуалците се радикални религиски фанатици, религијата дека ствара омраза насилство и убиства тоа е факт.
Не е омраза, реалност е. Досадни се, ко крлежи се. Во сите теми го има од хомосексуалност до силување.
Idk man ако некој повредва друго лице и после се дрзнува да речи дека некој го хејта за такво однесување, honey, check yourself.