Јас не се замарам со то Женско сум и цел живот имам девојка, родена сум и живеам странство и тука тоа е нормално, а во Македонија е ненормално
Јас лично мислам дека тоа е неисправно. Прашував бидејќи ме загрижува. Не за друго туку бидејќи сметам децата треба да се со пример за родители според оригиналните создаватели. Што не значи дека ако не се создадени од лгбт парови или дури и заедници (3+ согласни возрасни) не треба да се воопшто во такви средини. Нормално, за да не биде биолошки невозможно, немам ништо против да, ако се договорат лгбт личности, се користи биолошкиот материјал за да се направи вонтелесно оплодување и вметнување во родилка која би го носела детето и би го родила. На пример 2 г со 2 л да си разменат материјал и подоцна си доделат од породот или дури и ако се поголема заедница (3+) да има вметување на материјалот од родум биолошко машко во родум биолошко женско па така се создаде пород.
Па нели има и кај нас, јас знам една личност на инста ја следам, не би да ја именувам, имаат детенце, најверојатно им е посвоено Предрасуди немам во тој поглед, само се надоврзав на прашањето. Многу побитно е децата да имаат изобилство љубов, во домовите тоа го немаат секако. Знам многу родители кои се стрес за своите деца, а ете ќе кажеме треба да е нормална заедница. Вакви,, нормални"заедници за жал ги има многу. А децата страдаат најмногу.
Тие кои ги споменуваш, најверојатно е онаа миа или како се викаше. Не знам за околностите, ако е посвоено, можно е да не била прашана за полова ориентација при посвојување туку се јавила како потенциално самохран родител. И дека е жена, добила дете. По основ дека жените им следат децата во секој случај. Јас лично мислам можно е и да е купено платено, мито нормално, јавна тајна е дека за посвојување треба да им се плати на службите, безмалку уште да објават јавно ценовник е состојбата. За семејни состојби, законот е јасен, ако нема физичко повредување тогаш не се смета за нездрава средина. Семејни дискусии се на принцип ти реков ми рече, сето кажано не се смета за неисправно, зависи кој како си ги сфаќа работите.
Не е Миа, небитно да не мешаме сега луѓе, пред се деца, кој како му одговара ако не штети на околината и здравјето на децата не сум јас таа што треба да вперувам прст во некој зошто и како правел, само е поинаков од мене.
Да немаме недоразбирања, јас не сум против никого. Јас само сакам да нема мешање и пропагирање меѓу сите. Ниту ги терам некои да бидат како мене, ниту сакам да ме тераат да бидам како нив. Истото е и за деца како недоразвиени личности. Треба во целост да се земе во предвид нивната културолошка позаднина. Инаку, тоа е присилна асимилација.
Скроз ја почитувам нивната одлука, и ги почитувам како луѓе. Имам и пријатели. За посвојување деца, мислам дека треба да им се дозволи(нели, нормално не на секој, ама рано ни е нас за тоа) Е сега, тоа што ме иритира е пренагласувањето, и тоа што на повеќето главна лична карактеристика им е токму тоа што е геј/лезбејка. Исто така ме нервира барање на дискриминација онаму каде што ја нема. На пример, ако не сакаш некоја личност, што по некоја случајност е геј, ти си автоматски хомофоб, нема врска што е го*но човек. Или, го одбиваат на интервју на работа, и тоа по автоматизам е хомофобична фирма, само затоа што личноста е од ЛГБТ. Да не збориме па за форсирањето низ филмови, еден нов филм нема без ЛГБТ пар. Колку што се дискриминирани, толку и имаат корист. Ама ова не е случај само со ЛГБТ, туку и со други “дискриминирани” како ромите на пример.
Не разбирам што сакате да кажете. Не е ни битно. Дали вашиот став е дека лгбт лица треба да посвојуваат деца? Дури и со одземање од родители кои не се економски моќни? Пропадна фирмата работодавач или сл.
Не треба тука да ме прашаш дали дете треба да се одземи од економски нестабилни родители за да се дај на лгбт или на некој воопшто оти темава е генерално посвојвање од страна на геј луѓе а не да си мислите сценарија в гла за заплашвање. Оти моите одговори не зависат од то дали некој е геј или не. Така да на друго место прашај ме вакво прашање. Не тука. Срам да ти е. Fear mongering бедна пропаганда. Туку, ти си за да се одземат децата од економски нестабилни родители и да се дават на стрејтс?
Да. Да. Дури и мислам дека на сите стрејт парови треба да им се одземат децата (особено на оние што земаат минимална плата, социјално, што немаат кола, што не идат на одмор два пати годишно, што не купуваат у Зара, итн) и да им се дадат на геј парови.
Јас сметам дека посвојување е за оние кои не можат да имаат свои деца а сакаат, не за оние кои не се ни потрудиле. За економски фактори, службите даваат деца да се посвоени од економски појаки родители. Колку повеќе имаат повеќе шанси за добивање. А и сигурно чекаат мито. За посвојување од лгбт лица, сметам дека не треба бидејќи се нарушува континуитетот на културолошката позаднина на детето. Поточно, ако е родено од хетеросексуален полов акт треба да оди во континуитет т.е. кај хетеро родители. За било што треба доследност Еве, на пример ако некоја Македонка од Македонија оди во бугарија по било која намена, дали за да се вметни мора да се декларира како бугарка? Да вреска на цел глас "аз сум б'лгарка! Њама македонци! Всичките се б'лгари! Това е србска пропаганда! Њама б'лгарски фашисти, това се освободители! Партизаните беха терористи!". А иначе, не знам зошто осеќаш заплашување? Ако си малолетна и си со биолошките родители, нема да те тераат да работиш ако останат тие без работа ниту ќе те дадат на посвојување. Или?
Па и лгбт паровите сакаат да имаат свои деца, а не можат, не е дека не се потрудиле, две п или два к не може дете да напраат.Сите го знаеме тоа. Не е дека не се потрудиле.Не е возможно Па и боље да ги даваат на економски појаки луѓе, него на некој со мизерни примања.Треба ли да јаде тоа дете? Аууу мешање работи..ова вториов пасус ти е ХАОС