Посакувам ама неможам да разберам како може да осудувате така остро, хомосексуалноста постои онолку колку што постои и човекот. Се коси со природата, уствари со репродуктивната функција на човекот но хомосексуалноста не е ништо злобно и лошо, едноставно тој човек не чуствува привлечност кон спротивниот пол и тоа е тоа. Како што секогаш постои исклучок, така и сега. Јас лично осудувам лоши луѓе, луѓе кои не почитуваат, луѓе кои се агресивни...ама никогаш не би се дрзнала да осудам нечија животна одлука, особено кога знам дека тоа некој прави среќен. И да, пре би да живеам со хомосексуални родители отколку во македонско традиционално семејство.
Не знам дали ги забележа сликите поставени од Daydream, што тие работат во јавност ама побезобразно од тоа немам видено и како они треба сега деца да гледаат и чуваат
Да не вадам сега слики од стрејт народ во јавност што не се за гледање. Тоа сакав да кажам. Има и такви и такви и таму и таму, па кога веќе се лепат, нека има и вакви што нема да ви прават
Јас немам забележано стрејт да излегува гол, голи во толпи, ако го видам тоа ќе го помислам само за будала/и. А и мислам дека ќе се казни тоа да го прави низ плоштади.
^ Спојлер и уште многу други протести со голотија. Тоа е проблемот што сликата за хомосексуалците сте ја створиле само преку парадите. Јас се кладам дека вие не познавате ниту еден пар хомосексуалци.
^ Голотијата е симболична во парадите, туку нема везе, еве оние хомосексуалци кои не одат на паради полуголи или голи или облечени како на маскенбал, за нив може брак и дете?
Абеја јас сакам да те прашам нешто, ако сметаш дека хомосексуалноста не е природна појава, дека од околината и од тоа каде растеш зависи за кој пол ќе се определиш, ако хомосексуалноста ја ставаш во ист кош со зоофилија, педофилија, тогаш што мислиш како на овие (не)луѓе влијае околината, дали тие секојдневно гледале некој што општел со животни и мали деца па и е наметнато од околината и тие да го сакаат тоа? Ако така гледаме на тоа ти ги ставаш во ист кош, а сметаш дека хомосексуалноста не е вродена и е наметната, а ова другото не е, каква вода држи ова?
^^ Ако мислиш која е целта на голотијата во парадите, веројатно како и на секоја друга парада, протест каде што има голотија, да се привлече што повеќе внимание.
Не реков ништо за голотијата, туку која е целта на хомосексуалците за организирање на паради ? Не разбирам зошто би привлекувале такво внимание (и за какво внимание точно ти мислиш? ) .Парадите се само патот каде они сакаат да наметнат дека се жртви со нивната сексуална определба.Доволно провоцирачки,некултурни и омаловажувачки за сите што не се како нив .Не навлегувам во она бракови, деца итн .Само сакам да кажам ако некој е хомосексуалец нема потреба да го истакнува тоа така јавно и да глуми жртва.
Голотијата па голотијата па парадите. А од дуга страна пак да потсетам, веќе постојат нормални среќни семејства со геј родители. Да де, го искористив зборот нормални во геј контекст. Овој пат, две мајки.
^Ги заборавија женските парови,сите се фокусирани на машките Луѓе стварно не знам од каде ги ставате педофилијата и сличните дејности на ист куп како хомосексуалноста. Тоа си е сексуална ориентација која нема потреба да биде истакнувана како нешто најгрозно на светот,тоа си е интима. Хомосексуалците се обични луѓе,различни карактери исто како што и хетеро,со исти мозоци и навики што ги прави погодни за одгледување на дете. Децата заслужуваат семејство,без разлика на полот на родителите.Нивното воспитување ќе биде истото како што и е во двополови семејства,тие пак ќе знаат начин на репродукција и сексуалната ориентација на родителите нема зошто да им влијае на нивното расудување ниту пак нивниот поглед кон општеството. Факт дека и од хомо и од хетеро постојат луѓе недостојни да се наречат родители,па не треба да се двојат само едните,туку да се пресуди според личноста. Фала богу при посвојување се минува низ разни процедури кои кажуваат дали е добар родител,ама во никој случај сексуалноста не треба да игра улога. Единствено што не одобрувам е тактиката со која хомосексуалците сакаат да си ги постигнат правата.Премногу голотија и перверзии кои нималку не им помагаат во целта,туку дупло им одмагаат,па стануваат омразени од општеството,што може да се види и во темава Како и да е,оние геј што ги познавам се повеќе човечни од огромен дел стрејт,ни малку не ја истакнуваат сексуалноста наклонетост ниту пак се безобразни во јавност. Се е до карактерот,не до сексуалната ориентација.
Парадата е протест, голотијата и тоа што го прават на тие паради е еден вид на изразување на протест и правење на работи нарадски кажано за инат на оние кои ги негираат. Тоа што се прави на тие паради не значи дека се тие перверзни или лоши луге, туку како и на секој протест и тие на тој начин со голотија и јавно бакнување го изразуваат својот протест. Впрочен на кој протест сте виделе да протестантите стојат како академски грагани и да протестираар? На секој протест има погрдни зборови лупање, правење бука..... Зарем и тие луге се недолични и не достојни да бидат родители? Значи вие површно ги гледате работите и не ја свакате пораката која тие луге сакаат да ја пратат на тој начин, и веднаш тоа го поврзувате со нив дека тие се и во приватниот живот такви вулгарни и со непристојно однесуање, што е сосема погрешно.
што е до мене нека им дадат се и нека престанат да кукаат нивните подржувачи, ми прекипе и мене не ми чинат многу работи во светот па не водам кампањи и не им се качувам на глава на сите останати како да нема поважни проблеми од нивната сексуална ориентација... и да ова е хормонско пореметување ви се допаѓала на вас вистината или не
Па сексуалната ориентација е голем дел од она што сме. Замисли да беше чудно да си стрејт, да си тепан и малтретиран секој ден, да не уживаш во љубовта како сите други, туку само да ти се потсмеваат и да те навредуваат. Па затоа им е важно(и така и треба да биде), а не знам зошто ТИ си го сфаќаш тоа лично. Ако не сакаш не читај мислења на подржувачи, не разговарај со нив, не следи геј паради и сл.
не сфаќам јас лично туку џабе се правиме наудрени кога пропагандата е застапена доста и не се избегнува така лесно..... мене ми смета тоа наметнување.....
Сака да кажи дека има многу побитни работи(пример гладување во светот, немаштија, дрога, ГМО итн), проблеми во светот кои треба да се решат од нивните права барани преку голотија за да ги сватат луѓето дека тие се нормални и да не бидат исмејувани, мислам дај излези надвор соблечи се и нека те свати некој дека со тебе е се во ред. Прво ќе те казнат, цел град ќе ти се смее и сите чудно ќе те гледаат. Како нема да те исмејуваат? Како нема да те тепаат? И многу стрејт луѓе се малтретирани и исмејувани, па никој не излегол на плоштад гол. Ете заради тие паради кои ги прават ние примитивните луѓе не сакаме да ги гледаме како нормални, културни, воспитани, способни да гледаат деца. Многу од парадите кои ги направија згаснаја што не го оправдувам тоа малтретирање, но не и тоа што се шетаат голи.