1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Права на потрошувачите

Дискусија во 'Правни совети' започната од kolovoz, 18 јули 2014.

  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    се потрудив да пронајдам дали постои ваква тема ама не успев да најдам , ако постои мислењето се надевам дека ке ми биде пренесено во неа.
    Во прилог изваден текст од еден портал во кој многу добро се споделени дел од правата на потрошувачите
    Дали ги знаете своите права како купувач: Замена може, пари не враќаме?
    13.07.2014 | 13:35

    Голем дел од граѓаните се срамат или им е непријатно да го рекламираат производот, па си го користат таков каков што е или, пак, не го користат воопшто. Малкумина знаат дека нивните потрошувачки права се заштитени и загарантирани со Законот за заштита на потрошувачи и дека постојат институции, како што е Државниот пазарен инспекторат, што може да им помогнат да се изборат за тие права. Одговорните за спроведување на Законот велат дека никој потрошувач не смее однапред да се откаже од остварување на кое било потрошувачко право, колку и да смета дека тоа е банално


    Чувајте ја фискалната сметка и доколку има потреба, производот може да го замените со друг во рок од 15 дена. Ова е препораката што некои трговци ја даваат, без притоа да споменат дека, освен замена на еден со друг производ, потрошувачот може да си ги добие и парите што ги дал за купување на производот. Но, добра е и замената затоа што има трговци што не сакаат да направат ниту замена, па потрошувачите се чувствуваат измамени и не знаат како да си ги остварат своите права како купувачи. Голем дел од граѓаните се срамат или им е незгодно да го рекламираат производот, па си го користат таков каков што е или, пак, не го користат воопшто. Малкумина знаат дека нивните потрошувачки права се заштитени и загарантирани со Законот за заштита на потрошувачи и дека постојат институции, како што е Државниот пазарен инспекторат, што може да им помогнат да се изборат за тие права. Одговорните за спроведување на Законот велат дека никој потрошувач не смее однапред да се откаже од остварување на кое било право, колку и да смета дека тоа е банално. Доколку така постапуваат сите, потрошувачите би се нашле во една незавидна ситуација во која тие имаат обврски и ги остваруваат, ги имаат правата, а нив не ги остваруваат.
    Расте свесноста на потрошувачите за нивните права и за начинот на нивно остварување, но останува проблемот на нискиот стандард од аспект на купување производ со сомнителен квалитет и од аспект на водење судски постапки за реализирање на тие права. Особено е тежок проблемот со водење судски спорови бидејќи треба вештачење кое многу чини, па на луѓето не им се исплатливи таквите спорови. Мислам дека во споровите потрошувачот треба да се ослободи од трошокот за вештачење за да може да се реши да почне каков било судски спор против трговците. Како и да е, потребна е едукација на граѓаните за нивните права и обврски при купување услуги или производи, но и законски прецизирања на одредени трговски трансакции. Тоа најмногу се однесува на правилата за користење одреден фонт и големина на буквите, кои сега се ситни и обично граѓаните не ги читаат, а се клучни за секое купување. Обично во нив е содржан текст што ги намалува правата на потрошувачите на сметка на трговците – вели адвокатот Валентин Пепељугоски.

    Многу често се случува во продавница да бидат претставени одредени карактеристики на еден производ, а кога ќе се отпакува дома тој да не ги содржи тие карактеристики или по извесен период на користење да престане да ја извршува својата функција поради која бил купен. Многу пати се случува да се купи одреденa услуга при која се нуди нешто, а потоа да не се добие услугата со тој квалитет за кој е склучен договорот. Доколку проблемот не може да се реши директно со трговецот, тогаш тука е Државниот пазарен инспекторат.

    Потрошувачот што смета дека е оштетен, треба да се обрати до пазарната инспекција, каде што поднесува барање за постапување по некој предмет со опис на проблемот и пропустот на услугата или производот. Потоа наш инспектор излегува на терен, при што проценува дали е оштетен потрошувачот и колку, па издава налог за решавање на проблемот – велат од Државниот пазарен инспекторат.

    Оттаму додаваат дека бројот на поплаки е константен, односно не се забележува некое зголемување или намалување на незадоволството на потрошувачите.

    Најчесто граѓаните се незадоволни од услугите на мобилните оператори, снабдувачите на топлинска енергија или, пак, при купување на некој производ што нема декларација. Често се случува граѓаните да се пожалат и на неиздавање фискални сметки иако во тој случај ние ја известуваме Управата за јавни приходи. Има и случаи при манипулација со производ кој е под гаранција иако Законот во тој дел е дециден: Производот може да се сервисира трипати во рамки на гарантниот рок и доколку производот не се поправи, потрошувачот може да бара замена со нов или да му биде вратена сумата што ја платил за производот. Потрошувачот нема право на замена или на враќање на парите ако недостатокот е минимален, односно не влијае врз квалитетот и врз перформансите на производот. Доколку производот се сервисира, тој може да биде во сервис 30 дена, а веќе 31 ден мора да му биде вратен на купувачот сервисиран, или, пак да му се вратат парите што ги платил за него – велат од Инспекторатот.

    Исто така, Законот за заштита на потрошувачи посочува дека при купување, на пример, мебел, потрошувачот има право да го замени кај трговецот каде што го купил мебелот доколку тој не одговара според бојата, големината или бројот врз основа на договорот што е склучен при купување. Но, производот не може да се замени ако е по нарачка со одредени нестандардни димензии.

    Доколку, пак, се купи парче облека или чевли, потрошувачот може да ги замени или да ги добие своите пари назад во рок од 15 дена, но само ако производот е сочуван во формата во која е купен, односно неупотребуван, секако со приложување фискална сметка или сметкопотврда – објаснуваат од ДПИ.

    Со оглед на тоа дека сега е време на распродажби, Законот за заштита на потрошувачи има одредби и за тој дел. Според Законот, означувањата што упатуваат на распродажба, односно намалување на цените, независно од тоа дали намалувањето е изразено во износ или во проценти, треба да бидат реални и вистинити и изразени со наведување на новата цена покрај видливо пречкртаната претходна цена; со наведување на зборовите „нова цена“ и „стара цена“; со наведување на процентот на намалување на цената и наведување на новата цена покрај видливо пречкртаната претходна цена; со наведување на процентот на одобреното намалување за секој одделен производ или услуга или за секоја наведена категорија производ или услуга.

    Како претходна цена се смета цената што трговецот ја применувал 30 дена пред почнувањето на распродажбата.

    Сепак, во практика се јавуваат проблеми при распродажбите, во насока на тоа процентот на намалување да не е тој што е истакнат на продавницата, некогаш не е наведна намалената цена, туку таа се пресметува на каса, па потрошувачите се збунети – велат од пазарната инспекција.

    Пазарните инспектори имаат безброј примери со кои трговците се обидуваат да ги измамат потрошувачите.

    На пример, правно лице купува телефони за своите вработени. Телефоните се расипуваат и се носат на сервис, а сервисерот не ги поправа бидејќи тој нема обврска кон фирмата, а Законот го штити само физичкото лице како потрошувач. Во тој случај ние како инспекција сме немоќни бидејќи ние постапуваме во согласност со Законот. Истото се случува и со возилата што ги купува фирма, а ги користат вработените. Дилерот е обврзан да го поправи автомобилот на физичко лице или да го замени со друг, а таква обврска нема кон фирма – велат од Инспекторатот.

    Оттаму додаваат дека имало и случаи во кои купувач да сака да купи телевизор. Оди во продавница, гледа телевизор и вели „сакам таков“. Продавачот му носи спакуван телевизор, купувачот си оди дома, го отпакува телевизорот и гледа дека тој е скршен. Го враќа во продавница, но продавачот не сака да му го замени и му вели дека тој го скршил при транспорт. Ние во тој случај не можеме да „пресудиме“ кој е во право.

    Токму затоа апелираме кога се купува техничка стока, таа да се види во продавница, како би се воочиле евентуалните недостатоци или, пак, кога таа ќе биде донесена дома, во присуство на овластеното лице од продавницата, да се вклучи за да се види дали функционира. Така потрошувачот може да се заштити – велат од пазарната инспекција.

    Во овој дел има една финеса која малкумина ја знаат.

    При купување телевизор, трговецот со договорот се обврзува наредните пет години да има резервни делови за него. Се случува телевизорот да се расипе по 4,5 години и да се однесе кај трговецот за рекламирање. Тој вели дека нема резервни делови или дека нивната набавка е скапа, односно дека не се исплаќа поправката на тој телевизор. Но, тој мора да го набави тој дел, а ако смета дека таа процедура за него е неисплатлива, тогаш треба да му даде нов телевизор на купувачот. Во секој случај, потрошувачот мора да инсистира на остварување на своите права – велат од ДПИ, од каде што додаваат дека има случаи кога кај нив доаѓаат лица што сакаат да вратат производи што ги користеле или, пак, ги платиле 50 или 100 денари.

    Но, ние мора да посредуваме и во тие случаи иако повеќе се троши на ангажирање инспектор, возило, време – нагласуваат од ДПИ.

    Во Организацијата на потрошувачи (ОПМ) од почетокот на годинава досега имало 1.000 поплаки од граѓани, преку веб-сајтот sovetuvanja@opm.org.mk или по телефон.

    Дел од поплаките ги решаваме со операторите, дел со инспекторите . Најголем дел од нив се однесуваат на сервисирање технички апарати, мобилни телефони, лаптоп-компјутери. Многу често, посебно во време на промоции, репарирани апарати се продаваат како нови. Не ретко се нудат апарати, се склучува договор, а доставата на апаратот доцни. Обично таквите спорови одат преку АЕК, но тука има чекање што ќе реши регулаторното тело, па спроведување на одлуката, што ги демотивира потрошувачите – вели претседателката на ОПМ, Маријана Лончар.

    На врвот на листата со најмногу поплаки во ОПМ остануваат давателите на јавни услуги, водовод, смет, топлинска енергија.

    Често споровите се решаваат во интерес на потрошувачите, но треба да се има нерви за терање на целата процедура. Во контекст на тоа може ќе помогне Законот за медијација, кој предвидува посредување за решавање такви спорови. Се надеваме дека новиот Закон за заштита на потрошувачи, кој треба да биде готов во 2015-2016 година, повеќе ќе ги заштитува потрошувачите, се разбира без руинирање на бизнисот. Во овој дел се наметнува потребата од поголема интегрираност на институциите за решавање на сите проблеми. Можеби со правилно користење на средствата од фондовите на ИПА 2, ОПМ ќе зајакне и ќе се приклучи кон следење на трендовите на ЕУ, каде што се издвојуваат по пет центи од жител за заштита на правата на потрошувачите – вели Лончар.

    Со оглед на тоа дека е сезона на одмори, од ОПМ советуваат секој што не е задоволен од аранжманот и смета дека не се испочитувани одредбите од договорот, да реагира кај туристичката агенција осум дена по враќањето од одмор. Во такви случаи агенцијата може да му врати дел од парите на лицето што се пожалило.

    Што се однесува до трговците, тие најмногу мамат со роковите што ги кажуваат за замена на производот, па најчесто велат имате пет или десет дена за замена, иако тие се обврзани да го направат тоа во рок од 15 дена. Или, пак, се пуштаат летоци за продажба на производи со погрешна цена или погрешни перформанси на производот, правдајќи се со печатна грешка. А, такви грешки не се случуваат бидејќи се печати тоа што е дадено како информација и цена од страна на трговецот – објаснува Лончар.

    Она што сега е актуелно, електронско купување, му нуди на потрошувачот краток рок за враќање на производот.

    Новата директива на ЕУ предвидува при е-купувањето производот да се користи 15 дена и потоа, ако има незадоволство од страна на потрошувачот, да се врати. Кај нас тие рокови се скратени на 7, односно 8 дена, што е кратење на потрошувачките права. Поради тоа, сметаме дека Законот под итно мора да се промени во тој дел – додава Лончар.
    превземено до вистина.мк
    Затоа што и јас сум потрошувач а реално многупати ме имаат измамено за некој продукт- дали било тоа за истечен датум, скината блуза која не сум ја приметила во продавницата, телефон кој не сакале да ми го сервисираат иако имал гаранција од две години а не сум знаела каде да се обратам . Ваквите совети за мене се добредојдени.
    Овде сакам да споделуваме совети за како да постапуваме или како сме постапиле во ситуации кога сме биле измамени од продавачите. Односно да бидеме информирани за наштите права како потрошувачи.
    Во прилог е веб страницата како и бројот на кој треба да се обратиме
    http://www.opm.org.mk/ организација за заштита на потрошувачите
    телефон: 02-3179-592 работи од 10:30 до 14ч
    http://www.dpi.gov.mk/ од државен пазарен инспекторат
    телефон: 02 3220 547
    Броевите ги ставив овде во случај на некој да му требаат
     
    На boomsleng и Cvekjence им се допаѓа ова.
  2. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Интересна тема, бидејќи и јас долго време не си ги знаев правата како потрошувач, односно заштита на потрошувачот.

    Си има и закон за ова и со сигурност знам дека ако си незадоволен од производот, имаш право да го вратиш во рок од 15 дена. Има и такви кои се безобразни трговци, па доволно е само да им се запрети со закон, ујп и слично... мразам вакви работи, ама со такви луѓе само така мора да се постапува за жал.

    Мене ми се случувало најчесто да купам нешто со поминат рок и кога ќе го вратам онака наљутена, продавчката да рече ејјј, не сме виделе. Иако ова може да е случај само во колонијали или гранапи :D
     
  3. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Пред една недела купив чизми. Денес беше втор пат како ги носам. Си идам дома гледам цела пета крвава и чорапот дупнат. Незнам како не сум осетила при одење болка. Тоа да ти било како шајка нешто во чизмата. Незнаете како се изреволтирав! Уште утре ќе одам да ги вратам, ама незнам како ќе реагираат тие таму. Сакам да ми го вратат цел износ. Можно е? Ако не како да излезе мојата правда на крај? Ако не се разумни следува инспекција, имам докази и фискална.А толку ми е криво, број носам редок и ми се погодија во однос на удобност и не ми пропуштија вода, а цел бев по вирови. :@ :doh:
     
  4. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Da, mora da ti gi vratat parite. Ako ne udri im gi od glava. Sramota. Taka cevli da prodavaat, da povredat covek. Ako ne gi vrakaat parite, tyzba za nanesena fizicka povreda i otsteta.
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Ептен се вознемирив, вакво нешто прв пат ми се случува и незнам како да постапам. Не сум личност што знае да се расправа, сакам да решам на мирен начин. Бев и кажав што ми се случило и сега
    требало да го известат
    газдата па после ќе сме
    виделе што и како. Јас јасно
    и гласно кажав дека си ги
    сакам парите назад и толку.
    :@
     
  6. Acisal

    Acisal Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    165
    Toa ti se nasite kompanii. Za elementarni raboti mora da go prasaat gazdata. Ke ti ja povredele nogata tebe, i sega treba da go prasaat gazdata dali da ti gi vratat parite.

    Ne razbiraat deka eden den kupuvacite ke pocnat da im lepat tuzbi, pa ke se razmislat uste ednas dali ke vratat 100 evra za cevlite ili ke platat otsteta od nekolku iljadi evra za nanesena telesna i psihicka povreda.

    Ic da ne ti cue Mimi. Otidi im pak denes i kazi im da ti gi vratat parite ili ke teras druga postapka so niv. Moze da se javis i vo sluzbata za zastitna na potrosuvacite pa i oni malku da im se javat ili da gi posetat. Bessramnici.

    Kako i da e, nie te poddrzuvame.
     
    На Mimi123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Јас земав лани блуза од Њујоркер. Фискалната како и секој пат, ја фрлив. После еден ден видов дека под ракавот е искината. Отидов да се жалам и да барам друга да ми заменат, девојката што работеше не ми дозволи без фискална. После и реков дека сум стален муштерија и да разговара со менаџерот. Оставив број за да ме побараат, ми се јавија после три дена и ми го заменија за нов.
     
  8. Vesna1988

    Vesna1988 Нов член

    Се зачлени на:
    14 јули 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Еве погледнете овде со едно кратко видео едноставно е објаснето кои ни се правата како потрошувачи
     
    На Lolo5 и boomsleng им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    34.163
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали некој во скоро време успеал да стапи во контакт со организацијава за заштита на потрошувачите? Мене не ми успеа. Исто, што се случува ако (не дај боже) пријавата во инспекција добие негативен одговор? Има ли друг чекор? Јас знам дека сум во право, ама.... нашава држава е потплатена и корумпирана, така што... сакам да сум спремна за секој случај.
     
  10. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    440
    Пол:
    Женски
    Јас ги барав телефонски и потоа и на фејсбук профилот им пишав за време на Рамстор гараж сејлот што беше во август, ме изманипулираа и никој нит се јави,нит ми пиша. На дуќанџиките им пререков и тиа дигаа раменици и велеа газдата тоа,а газдата на одмори па состаноци ништо.Останав така убаво изманипулирана.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.902
    Пол:
    Женски
    Ќе замолам за помош. Уплатив тура во агенција за двајца за едно патување за први мај. Проблемот е што изманипулираа со хотелот, излажаа за неговата оддалеченост. Станува збор за многу големо растојание. Се јавив во агенцијата и им реков дека си ги сакам парите назад и дека нема да одам на таа тура кога веќе не си стојат на зборот. Тие не направија никаков проблем и рекоа дека ќе ги вратат но требаше тоа да го сторат завчера а сеуште не ги пуштија. Вчера попладне ги исконактирав повторно и ми рекоа дека парите биле пуштени но до банката било, денес ќе стигнеле. Доколку тоа не се случи како да постапам понатаму, дали да се јавам во пазарна инспекција или? Поаѓањето е утре и мислам дека ако не успејам пред тоа да ги земам парите, подоцна може се и сешто да испадне. Не дека станува збор за некоја огромна сума но не би сакала некој да си поигрува на тој начин и да лаже.
     
  12. Azzra

    Azzra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    60
    Колку време е нормално да чекам повраток на средства( заради грешка во порачка од мк фирма) и кога треба да реагирам во случај да не ми се вратени средствата?
     
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    Denes vo waikiki vo city mall na kasa edna cena na proizvod druga cena koga im e posoceno se pravdaat pa znaete i noe sme luge. Vo red vo princip ne sum izbuvliv tip no veke koga se kuca devojkata na kasa mozela da kaze jas se izvinuvam cenata e 299 namesto 249 dali vi odgovara proizvodot a ne da s epravi budala i odgovor toa vi e. Iskreno prijaveno vo potroshuvaci no i iskreno za taa suma i ne ocekuvam odgovor deka bilo kako e postapeno
     

    Прикачени фајлови:

  14. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.928
    Пол:
    Машки
    Тешко.
    Тие за 50 000 ден. не реагираат кога граѓаните се оштетени им се продадени апарати со дефект , а камоли за 50 ден. разлика од изложена до наплатена цена, треба за ова да пријавиш во пазарна инспекција, но нема да реагираат, како што пишав погоре за многу повисоки суми не реагираат а камоли за вака мал износ (за 2 кафиња од кафемат) да се нашалиме, едноставно што можеш да направиш е да не пазаруваш од таму, тоа е тоа. :)
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nikogas severna

    nikogas severna Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2022
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Dali ste imale problemi so vrakanje na nekoj proizvod koj otkako ste go kupile i sakate da go vratite ,no vi e sram da go storite toa ili ste probale da go vratite no ne vi go vratile a pritoa vi dale obrazlozenie zosto ne vi go vrakaat.Kakov zakon imame(zakon za potrosuvaci)kolku funkcionira toa odnosno kolku nie kupuvacite sme zastiteni so toj zakon ako voopsto i funkcionira vo ovaa (ne)drzava
     
  16. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    10.451
    Пол:
    Машки
    Јас како шо знам има законски рок од 30 дена за враќање на производ, некои од ланците на продавници за облека имаат 15 дена рок, секако со фискална сметка. Како можи вака различно, не знам, нека кажи некој правник.

    Е сега доколку се работи за храна или козметика пример и си го отворил производот, а е во ред, ама не ти се допаѓа, мислам имаат право да не ти дадат замена или да ти ги вратат парите.
     
  17. nikogas severna

    nikogas severna Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2022
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Кога го инсталирав лаптопот тогаш увидов дека има само хд резолуција. Замидлете си 2022 година сме а сеуште да ти имало лаптопи со хд така да пример клипови или филмови, игрички не може да ги гледаш во фул хд.! Човеку божји 2022 год. Сме! А ссмо барав замена со моја доплата. Сетек испаднаа преваранти со тапија!