Здраво дечки, Би сакала да ве прашам, доколку некој знае, дали и како се признава завршен Правен факултет (мастер) на УКИМ во ЕУ? Дали може да се најде работа на струката? Ви благодарам однапред!
Па можеби ако запишеш мастер меѓународно право, ама најубаво распрашај се во деканат или по професорите. А и има меѓународни натпревари од областа од меѓународното право и во последниот конкурс пишуваше има можност за пракса и вработување. Може и да го прашаш предметниот професор.
Здр имам едно прашање, ми се јавува желба за студирање на право, сакам да бидам јавен обвинител , Но не би сакала да работам тука, дали може со таа диплома да се работи во странство, или треба во странство да студирам..Ми оди Германскиот 60% го разбирам, ии дали се учи 8 години факултетот како одии, дали има посебем факултет за јавно обвинителство? Се извинувам за многуте прашања се надевам ќе добијам одговор, секое добро
За да бидеш јавен обвинител во друга држава со наша диплома тешко. Најпрво за такво нешто ти треба државјанство од таа држава, и исто така од нашиот факултет не е призната дипломата во странство, бидејќи се учат наши закони (освен меѓународно право, но не сум 100% сигурна). За меѓународно право на мастер, ќе треба да се распрашаш, има и натпревари од областа на меѓународното право со можност за пракса и вработување. За да бидеш јавен обвинител кај нас ти треба завршени додипломски студии (3 години), мастер (2 години), положен правосуден испит, па потоа се запишуваш на “Академија за судии и јавни обвинители” (2 години трае мислам). Ако ти требаат други информации слободно пиши ми.
Не, сосема друг правен систем. Правен факултет само од крива Паланка до Гевгелија важи во комбинација со партиска книшка.
Здраво женски. Дали некоја од вас знае која е постапката и дали е воопшто можно предмет шо сум го полагала лани, втор семестар (имам оценка внесена и во индекс и во ајноу) , да го поништам и да го преполагам во следната сесија, фактички доаѓа четврт семестар?
За жал нема да можеш, со оглед на тоа што се поминати повеќе од 4 месеци (ова е извадок од водичот за студенти на веб страната, може да си разгледаш подетално таму).
Moze da mi kaze nekoj koga e prezapisuvanjeto na e2 bidejki jas jas ispustiv vo februari i mi rekoa za vo septmevri
Мислиш предметите? Ги има на веб страната на факултетот pf.ukim.edu.mk, па потоа имаш избор правни студии, политички итн. зависи на кој смер ќе се запишуваш, ќе стегнеш на нив и ќе ти излезат сите предмети.
http://pf.ukim.edu.mk/ Еве од веб страната, отвори на кои студии планираш да се запишуваш и ќе ти излезат предметите.
луѓе ај хелп кој смер да го упишам глупо прашање ама онака пријателски совет ми треба знам дека на сите се учи смерови али вака подредени кој е најтежок кој најлесен, нешто поише за смеровиве зошо ств врска немам
Не можеш според тежина да се водиш за упис на факултет.Одбираш нешто што треба да го изучуваш со години, а подоцна цел живот да го работиш истото. Конкретно факултетов е меѓу најпосакуваните три за упис, ама дека е лесен не е. Ако не знаеш што да избереш одмори една година и поработи, за една година ќе ти се сменат мислите и ќе си одбереш смер.