Ниеден смер. Државата е пропадната и систем не постоии ќе станува се полошо. Гледај учи германски и штрафта во Германија. Главната желба на студентите на овој факултет е да се бутнат у администрација и да се клањаат на партиите цел живот за 400 евра.
Вао, браво како не откри. Какви размислувања имате значи... @soffce нема лесен, тежок смер, тоа што ти доаѓа од срцето и каде се гледаш во иднина, тоа да си студираш.
За себе збори си.Не сме сите такви,замисли... А,да така лесно се иде во Германија. Глеј си за себе.Членката прашува за овдешен факултет,не за некој во Германија. @soffce Нема лесен факултет.Секој факултет има своја тежина. Прво размисли дали сакаш да студираш на Правен. Дали те влече право,политика,новинарство или односи со јавност? Потоа земи запиши на лист хартија. Убаво размисли!
Па искрено можам да кажам дека го сакам правото.Сега не дека ми е љубов најголема меѓутоа ако гледаме така ништо посебно не ме влече или пак сум заљубена ( освен психијатар да бидам зошо обожавам да се справувам со емоции, психологија и човечки мозок али медицина не упишувам па мајка јана нека е , а и повеќе се снаоѓам во теоретски предмети отколку логички и математички.Поиспрограмирана сум на теоретски предмети зошо и средно правен завршив..али проблем ми е што после факс сакам да отидам во странство да продолжам да работам па и живеам здравје боже затоа ме кочи правниот,што ако не е воопшто признаен и биде еднаков на нула во друга држава?
zdravo da prasam ovaa godina ne polagavme matura apliciram i na iknow za prijavuvanje na tretoto pole mi bara podatoci od matura ocenki i predmeti bez da go popolnam toa pole ne mi dozvoluva da prodolzam kako da go resam toa??
да прашам дали може да ми прстите образец за запишување на правен или морам да одам до правен за да купам од книжарите ?
Ова е прашање кое ќе треба сама да си го одговориш. Никако не се води по тоа што другите ќе ти го зборат дека треба да го направиш или според тежината на факултетот? Мислам дека секоја од студиските програми на правен е интересна и ќе ти биде лесно само доколку одбереш нешто што ќе те интересира. Доколку уште не се пронаоѓаш во нешто, тогаш можејби би било добро 1 година да работиш и ќе имаш време убаво да си размислиш. Што се однесува до правни студии јас сум задоволна генерално. Доколку одлучиш да запишеш правни студии јас ти препорачувам да учиш редовно и предметите коишто имате можност да ги полагате во делови, така да ги полагате бидејќи е многу полесно и имаш поголема шанса за поголема оценка. Олесни си го студирањето колку што можеш, редовно учи и редовно полагај си ги предметите. Со среќа!
Не е точно. На правен има многу амбициозни студенти. Не се сите куропушачи без никаква самопочит и достоинство, коишто сакаат партиски да се вработат!
а познаваш ли некој запишан на односи со јавност и дали можеби ти има споделено искуство околу тој смер?
Не сите секако, ама кога ќе завршат и ќе ја увидат реалната состојба на 90 посто тоа ќе им е целта, останатите 10 се синови и ќерки.
Да се вратам на прашањето - новинарство и политички студии ништо не вредат, правни студии само со партија во администрација или родител адвокат или судија.
Ако некој сака може да си оди од РМ, не мора да значи дека ако завршиш правен во Скопје ќе мора тука и да останеш, знам околу 5 луѓе што заминаа од РМ и работат во струка, еден од нив магистрира на Кембриџ и сега работи во ООН, една девојка што се запиша на мастер во Германија остана да работи како асистент на тој факултет. Не викам дека државата и образованието е идеално, затоа што не е ни блиску до добро, ама нема потреба да бидеме толку песимисти, успешни приказни и успешни индивидуи има. Само треба да работиме на себе, се е до нас. Има примери од бројни личности што постигнале многу во животот, без родители функционери, без партија, само со многу верба во себе и напорна работа. Знам дека се ова можејби звучи како клише, ама се е до индивидуата. Успешни индивидуи градат успешно општество!! Нашето не е успешно бидејки повеќето размислуваат како тебе.
Не можеш за ниеден смер да кажеш дека не вреди.Ако не бил потребен немало ни да постои.Познавам многу студенти што моментално студираат новинарство на Правен и се многу убави и паметни луѓе.Луѓе какви што се потребни во нашето новинарство, а не некој со средно.Новинарството е 7сила во светот и нема потреба од потценување.
Така ,убави и паметни, арно ама кога ќе завршат што ќе работат така убави и паметни, и за која плата.
Не сакаат сите надвор. Престани да тресеш.Има луѓе што сами успеваат да постигнат нешто,верувала ти или не.
Сакале-избрале.Некој сака да работи како новинар за таа плата.Ако нив им одговара кои сме ние да кажуваме што да прават другите Ако ги генерализираме така работите не вреди на ниеден факултет да се запишеш, нема плата над 1.000е овде.Ама не секој сака да ја напушти државата и не можеме само новинарството да го омаложуваме.