Од прилика колку време сте чекале за уверение? Од средина на ноември имам однесено документи и останато и уште не е готово.
Дали некој сега брзо вадел потврда за редовен студент за јсп и здравствено осигурување? Дали ми требаат 2 уплатници за административна такса и 2 молби?
Ништо не се плаќа, земи го индексот и оди на студентски кажи иж за обнова дека ти е. Кога ќе одиш на ЈСП земи ги индексот, картичката и листот. Можеш.
Може да се сменило од тогаш нешто. Што слушав од колеги имаш 4 прашања , 2 од микро и 2 од макроекономика без можност да бираш што ќе одговараш. Сите 4 мора да се солидно одговорени за 6ка.
Дали знае некој дали за да ми дадат потврда за редовен студент за здравствено осигурување на правен треба да уплатам уплатница и колку треба да уплатам
Здраво дечки, искуство кај Чупеска усно полагање? Конкретно современи пол теории. Материјалот е толку преобемен и без везе...
Мене ми предаваше Зорица Трајкова. Материјалот е лесен, а и испитот беше на заокружување, така да не би требало да имаш потешкотии.
Околу 100 страни се. Се учи за правото во САД и Велика Британија, нивната организираност на судството, поими од кривичното право и слично.
Кои професори предаваат Римско право, Уставно право, Право и информатичка технологија и Граѓанско право? Дали може некој да сподели искуство на кој принцип работат професорите, дали се флексибилни при оценување и нешто околу материјалот - дали е обемен или пак релативно лесен за совладување?
Е тоа не знам, претпоставувам не, бидејќи е различен смер. Мене Римско ми беше проф. Гоце Наумоски, не е страшно ако ти предава тој . Нас ни даде случаеви за решавање, па така не оценуваше. Уставно предаваат повеќе професори, проф. Марика Ристовска, проф. Тања Каракамишева и доцент Денис Прешова. Јас полагав кај Тања Каракамишева, фер е и прашува најбитни работи. Лично многу интересен предмет ми беше, и лесен за совладување. Имаш право на избор кај кого ќе полагаш, ти препорачувам да избереш некоја од двете професорки, супер се и двете. Информатика ми предаваше проф. Драги Рашковски. Материјата е општа и лесна, ако ти предава тој само внимателно слушај на предавања, обично поставува прашања од тоа што кажува. Не пишува високи оценки. Граѓанско право предава проф. Тина, убаво предава, за материјата може ќе ти треба повеќе време, пообемно е, но не е толку тешка. Фер оценува, полагањето е усно и поставува три прашања.