Секоја година има казнена сесија после 6та недела од семестарот, оваа година плус што дел од студентите поради тоа што биле заразени или биле во изолација и не можеле да полагаат, наместо да ни испаднат во пресрет, и тоа што не следува ни го кратат. Секако повеќе им одговара да ги презапишеме предметите по 50е, отколку да ги полагаме во казнена за 1000 ден.
Плус редовната сесија не трае ни 2 недели. 3та година сум па толку кратка сесија не памтам да сме имале. Се на се, мизерија од факултет.
Не не, ништо такво. Информатика од апсект на правото. Пример за дигитален потпис, домејни, социјални мрежи, електронска трговија и сл. Многу е лесно. Англиски познавања од правото во САД и Англија не мора да имаш, затоа се учи нели, ама јазикот треба да го владееш секако, бидејќи предавањата се на англиски. Ако нешто не разбиравме тогаш нè прашуваше и преведуваше на македонски. Во секој случај овие два предмети се едни од најлесните во прва година, па и во цело студирање. Ако имаш уште некое прашање слободни пиши ми.
Искрено на оваа тема денес размислував штом го положив четвртиот, последен испит од овој семестар. Прва година сум и уште пред да се запишам сите беа во фазон: „Правен факс е не е зафрканција, цел живот ќе бубаш, а ќе се изнамачиш и на факс, претешко е“. Знаеш што е мојот заклучок? - Кога се сака се се може. И кога се учи континуирано, Од првото предавање почнав материјалот континуирано да го учам, ретко што прескокнував и сега кога дојде ред да се полага се е полесно - повторуваш еднаш, двапати, трипати и решено е се. Денес после последниот испит бев сведок на изјави на многу колеги и колешки. Се разбира положените среќни, а другите наместо да ја побараат грешката во себе, ја бараа во професорите. Такви банални работи слушав што се згрозив. Што е професорот крив ако не си го загреал столот? Колку и да е обемен материјалот и колку и да е строг професорот ако одржуваш континуитет и те интересира она што го учиш кој може да ти го скрати правото да добиеш солидна оцена или барем да го тргнеш испитот од глава??? Па дури и да се чувствуваш некогаш оштетено, секогаш постои алтернатива (секако нели не е се сјајно), побуни се, полагај пред комисија. За се постои решение. На крајот само би сакала да ти кажам дека јас правото го учам со љубов. Тој што те демотивирал не поседува доволно љубов кон оваа наука, изгледа залутал во погрешен правец. П.С. Кога станува збор за факултет, нормално дека материјалот е пообемен - како на секој факс така и на Правен. И нареден пат кога некој ќе те поколеба во твоите намери, потсети се дека треба да си го слушаш срцето. Срцето е вистинскиот водич.
Колеги шо полагаа прва декада ми кажаа дека си поминале добро. Проф била фер и коректна и пишувала убај оценки, ретко паѓале. По две прашања поставувале, а ако заглавиш ти поставуваат повеќе да те извадат од кал, да не падниш. Е сеа дури не се уверам во то самата не вервам, вечен песимист и паничар сум.
Максимовска е супер,ама претходно беше писмено па не знам како е усно. Фала ти на одговор. Со среќа ако полагаш!
По тие предмети по кои ни предаваат 3 професори, кога ги презапишуваме избираме само еден или исто сите 3?
Уште ова хаха...Дали испитите се на англиски, иначе не ми иде баш англиски али разбирам. И дали се учи некаква содржина од правото само на англиски или граматика како концептот во средно?
Да, на англиски е испитот и на заокружување, се разбира и плус имаш понудени одговори. Граматика не учевме многу, еден час само ми се чини. На испитот имаше само едно или две прашања од граматика, поточно условни реченици со кондиционалите, друга граматика не. Повеќе се учи вокабулар и како функционира правото во тие земји што ти кажав.
Здраво дечки, сега треба да презапишам предмет од втор семестар и сега од новиов семестар мора да оставам еден, се мислам меѓу казнено право или административно. Кој е потежок од овие?
Според мене, самото име кажува - казнено! Но, сепак нека сподели мислење некој што веќе таа мечка го јадела
Казнено оставај го дефинитивно. Не да те плашам, ама предметот е да дуваш и да бегаш, иако јас го положив од прва многу колеги заглавија со него. Административно и Борче и Ана се коректни, не е ич страшно иако и овој е обемен.
Може ли некој да ми препорача изборен предмет од политички што сте го полагале скоро и лесно се поминува?