Тие што си паднала можеш во која сесија сакаш да ги полагаш во текот на 3 години студирање. Значи факултетот те обврзува да имаш услов за да завериш следен семестар ама не и до кога да ги положиш предметите. Освен до рокот предвиден за дипломирање, после тоа се плаќа. Е сега на правни имаш врзани предмети, мораш да го положиш едниот (уствари првиот дел) за да во следниот семестар имаш право да го полагаш вториот дел (друг предмет).
Девојки сакам да ве прашам нешто во врска со предметиве...пример сега имам јас историја на правото да ги полагам двата колоквиуми одеднаш на поправен...е сега можам ли да си го оставам за понатаму и да не го пријавувам за полагање за поправен или морам да го пријавам и да го полагам, па дури тогаш ќе се смета дека предметот не е положен ??? А за другите три ќе си одам на испит најнормално, само тие ќе ги спремам ??
Od tie sto ste vtora da ne pravel nekoj esej po Voved vo EU, da mi gi kaze temite? Lani bese za izvestaite ovaa godina ne znam sakam da go prepolagam. I ako moze da mi kazete ako spomnala nesto asistentkata ili profesorkata sto da se uci od noviot ucebnik na Petrusevska? Lani ucevme od skripti. Fala. [mod-kirilica:3lorgszb][/mod-kirilica:3lorgszb]
колку што сум информирана, не си задолжена да го приавиш,имаш исполнето услов од 14 кредити, така да можеш да го оставиш за понатаму (но што е сигурно,провери си на студентски прашања)
Пошто и јас го имам истиот случај како тебе, паднав на двата историја и решив да не одам ни на поправен ни на испит, колку што ми кажаа, можеш и да го пријавиш но, со самото твое недоаѓање ќе се смета дека не си положила. И јас планирам да одам на другите три, само историја ќе го оставам,
И јас така ќе направам, подобро ќе си ги спремам другиве сигурно за на испит, а вака незнам што попрво да учам.Со среќа!
Ах, ни ги открија прашањата по финансово... Па поради „технички проблеми“ ни го одложија колоквиумот. Отишол пак некој да ја праша професорката за некое нејасно прашање
Дане ги знае некој случајно темите за есеј за Политички теории? А и кога се полага? Благодарам однапред
Според правилникот за работа и студирање на факултетов, обврзани се оцената да се формира од колоквиуми или испит (70 поени), активност 10 поени и есеј 20 поени. Или во мојот случај, за вонредни студенти 80 испит и 20 есеј. Е сега, јас ова право не го имам искористено од што ми е преку од нервозите од управата, и само одев на чистење предмети преку испит, и дали имам 5 есеи правено се на се, а сум 3та. Сакав да прашам, дали во сесија, имам право да се обратам кај професорите или асс, и да барам право на есеј, бидејки го немам користено ни еднаш, а сум студент од 2009 година, и според правилникот, секоја сесија се задолжотелни и есеите, мегутоа искуството досегашно и виденото, ми укажува дека и небаш се применува ова кај нас. Што мислите?
^ Ако немаш земено оценка и ако во досието не ти е заклучено за тој предмет, можеш да правиш есеј. Во секоја сесија има посебен термин за есеј за вонредните и проект 45.
dali znae nekoj temi po eu????dali prven se polaga ispitot pa posle esej se pise za onie koi se vonredni..
^^^Прво е како и секогаш испитот, а есејот е или после испитот истиот ден, или друг ден, се во договор, т.е како ке се изнајсни асистентот.
Сакам да прашам нешто. Стварно право до сега правеа два есеја, јас не можев да присуствувам заради повреда. Првиот беше редовен, а вториот го даде на 17-ти месецов. По логика би требало да даде есеј во испитната сесија, нели? А испитот е на 4-ти Февруари. Ама тоа ќе биде трет есеј што го дава. Да се надевам на тој или ќе треба да чекам до Јуни? Јас пратив молба да ми одобрат полагање есеј во вонреден термин, ама изглеа молбата остана да си чека во студентски..... Ај ако некоја знае, нека ми помогне.
А зошто не ја прашаш таа Тина да се договорите некако, за некој термин? Ќе и објасниш за повредата и молбата и замоли ја да ти излезе во пресрет. А и искрено, прв пат од тебе чув за ова испракање молби, не сум знаела за таква можност, ма да не верувам многу во позитивниот исход од истата, мегутоа чим испитот е на 4ти , сигурно ке дадат и тогаш, освен ако оној есеј од 17ти месецов е тој за испитната, само понапред даден. Сепак, прашај ја госпожата снаа Тина. ПС. Немам маил од асс по еу.
Ја бркам Тина низ факултетов како луда, ни трага ни глас од неа. Вчера ја чекав до 1 и нешто, не дојде. А ова со молбиве, го дознав лани. Една колешка си побара вонреден термин, поради оправдани патувања. Па чекаше подолго време да и го одобрат, висеше пред деканат, ама на крај се исплатеше и и дозволија. Ама мене јок, што до сега ништо нема. Ако Тина не ми одобри, ќе си полагам во казнена. Ама не ми се плаќа, тоа е
Старфиш, на колега му фалеа 7 поени за предметот и му рече да дојде да полага есеј кога ќе биде терминот за граѓанско. Така што, може да ти дозволи и на тебе. Башка Тинка ни стана професор сега, па многу добро е расположена и достапна за студенти. Само што, постојано трча низ факултет, ама можеш да ја начекаш Башка вчера се полагаше испит стварно, па може била долу во училница и центар.