Зависи од секој предмет, бидејќи секаде е различно. Некаде нема предвидено добивање поени преку активности, некаде има. Најчесто има и тоа е преку презентации на одредени теми, дискусии и слично.
Преку презентации, семинарски, активно да одговараш на поставени прашања за време на предавања и сл., но секако доколку тоа е предвидено, значи зависи од принципот на професорот.
Ако може да бираш за полагање, не го бирај него никако. Принципиелен е, супер објаснува и со примери и сè за да е појасно, но наоѓа мани на секој одговор од страна на студентите, ама реално тоа е за ние да сфатиме подобро. Сепак за полагање е многу тежок.
Се преценува себеси. Во прва година реално колку можевме да знаеме и изразување и слично ? На секој наш одговор он имаше реплика во стил вие појма си немате. А, тоа не е океј
Реално, вчера првпат го слушав и тоа беше тоа. Веднаш ми стана јасно се. Џабе се сите магистратури и докторати ако се нема дипломата за човечност, емпатија, солидарност...
Какви прашања поставува Тања Каракамишева на испит политички систем? Дали треба све од книгата да се учи?
Дечкии, ме интересира како сте поминале на онлајн усен колоквиум семејно кај Ангел? Исто ме интересира и трудово онлајн како проаѓате и административно? Административно писмено онлајн на заокружување имам и прашања многу од претходниве сесии, дали може да се паднат истите?
Едно прашања за оние кои имаат искуство со презапишан предмет. Имено, по програма предметот го предаваат 3 професори, а можело да се презапише само кај еден. Јас го презапишав и сега тој професор не држи предавања, па го слушам кај другите професори. Јас имам активности на предавањата, што секако тој нема да ми ги важи во формирањето оценка. Прашањето ми е дали може да го полагам предметот кај некој од другиве професори или морам кај тој што сум го презапишала?
Итно ми треба да го исконтактирам проф. Владимир Божиновски (предмет Јавно мислење). Вчера му пишав на двата меила но ништо ми нема вратено. Дали некој знае кога му е приемно време за студенти? Фала ви.