На мојата група таа предаваше и затоа таа не испрашуваше. На другата група Сашо и Љупчо ги испрашуваа. Елена поставува три прашања, ти дава време и концепт да си направиш и размислиш. Коректна е, ако заглавиш или сакаш повисоко може да те праша и дополнително прашање. Гледа да го извлече максимумот од тебе.
Ретко. Некој професор може да одлучи да се полага неговиот предмет на колоквиум, ама повеќето се на испити.
Мене ме интересира за предметот Историја на Право, кај Мелина Гризо , дали сеуште предава бидејќи сакам да го презапишам предметот , па кај кој професор би било најдобро и најлесно за полагање на овој предмет, ако може некој совет.
Мелина дава колоквиум. Јас кај неа полагав, мислам нема да згрешиш ако го презапишеш кај неа. Дава три есејски прашања, најбитни.
Колуквиумите каде ги одржува во копмјутерска сала, амфитеатар, кабинет, пред испит неколку дена или на денот на испитот?
Во амфитеатар. По договор со професорката ги одржувавме. Првиот колоквиум после 6тата недела, вториот после 12тата ама може да се одложи ако се договорите поинаку. Тогаш беше флексибилна.
Откако ќе се завршат сите испити на прв циклус, освен што треба сите оценки да ги имаме во индекс, друго што треба да се однесе на студентски прашања?
Здраво може ли да ми кажете дали некој од овие предмети е услов за друг предмет Меѓународно Јавно Право Трудово право Казнено право и ако да за кои предмети. (мислам на она ако не ти е положен некој од овие, да не можеш да полагаш друг)
Здраво, од октомври сакам да започнам со студирање на правниот факултет при УКИМ и прв пат го користам iKnow системот. Кај полето прикачени документи не ми дозволува да прикачам документи и пишува "The connection was reset." Некој со сличен проблем да ми даде насоки како да го решам проблемот?
Здраво, некој студент да ме упати како и кога да се запишам на Правен факултет во Скопје? Дали може вонредно да се студира на него и ако некој ги продава учебниците од прва година. Мислам и неколку испити дека ќе ми бидат признати од првиот факс. Пишете ми лп