Ме интересира Економика како е на испит кај Стојков и Шапкова ? Писмено или усмено ? Колоквиуми бараат или не ?
Кај Стојков е писмено, лесно е и има само најбитни работи, дава колоквиуми, но не се задолжителни, ако сакаш можеш да одиш на испит. Вака беше уште кога одевме на факултет, мислам дека не е сменето.
Прва година сум сега правни студии и сакам да прашам вие што сте постари од искуство да ми кажете дали само со учење од скрипти може да се положи?
Значи ке можам без колоквиуми да одам дирекно на испит ? Колку прашања се паѓаат на писмениот испит ?
Да ќе можеш. Ако не ви е нагласено дека колоквиумот е влезен (услов за полагање испит) тогаш значи дека е опционо дали сакаш да полагаш на делови, односно колоквиуми или не. 5-6 прашања беа мислам.
Здраво. Имам прашањр во однос на колоквиумите за вовед во право кај спасов, историја кај билјана поповска и социологија кај јасна. Како се поминува? Дали поставуваат тешки прашања и по колку прашања има отприлила и дали бараат обемни одговори? Прва година сум и ме фаќа паника малце, а сакам сите да ги поминам. Фала однапред.
Дали знае некој контакт или е-маил на професорот по семејно и наследно право Дејан Мицковик фала ви однапред
Добро вечер девојки. Бидејќи сега почнав со правни студии,не сум уште убаво уходана во се тоа,па сакав да ве прашам,каков е принципот на полагање кај проф. Билјана Поповкса (историја на право),нешто повеќе за колоквиумите,испитот,какви прашања се паѓаат на што да се обрне внимание и за кај проф. Спасов (вовед во право) кој прашања најчесто се паѓаат на влезен колоквиум и на испит? Благодарам
Прашање до оние кои сте на мастер. Имам уште еден испит останато и се надевам ако е се' во ред ќе запишам мастер во фебруари. Е сеа, како ќе ги слушам предавањата од првиот семестар од мастерот, пошто нели веќе тие што запишаа на првиот рок во октомври веќе слушаат предавања? Не ми е баш нај јасно.
Нема да ги слушаш, директно се полагаат на испит, можеш сега да се приклучиш на предавањата и да ги слушаш
Можеби ова не е за тука но со оглед на тоа што е темата правен Продавам книги за правен за 1,2,3 год кој е заинтересиран нека пише
А дали барем малце се професорите полабави кога се работи за студенти на мастер? Конкретно дали полабаво се полагаат испитите, пошто нели ја плаќаме годината 1000 евра?
Прашање за оние кои полагале некој предмет кај Каракамишева , дали може за Политички систем smth more , или во случај да имате прашања што поставува и во глобала каква е на колоквиум. Фала девојки
Јас уставно полагав кај неа. Околу 3-4 прашања поставува, ако виде дека можеш повеќе или си измеѓу оценка може и плус да те праша и исто ако некаде заглавиш може да ти даде насоки. За политички не знам, ама на предавања сигурно ви има кажано на што да обрнете внимание, што е побитно и слично. Во глобала е фер и многу добра.
Jas nemam polagano kaj nea, megjutoa od kolegi imam slusnato deka bila mnogu fer i korektna i retko pagjala.
Дали има некој што слуша англиски кај проф. Зорица овој семестар? Исто ако може да ми пише некој што слуша предмет кај Владимир Божиновски, Јулија Брсакоска, Бобан Мисоски.