Некој да чува прашања по јавна администрација од било кога ако може да ми пише, чисто да имам предвид што се паѓа отприлика?
Девојки стварно право колку минимум поени од активност мора да имаме за да полагаме? Со 4 дозволуваат да полагаме? Благодарам
Здраво феминки! Имам прашање околу трошоците на правниот факултет, знам дека на државна квота цената на една година е 200 евра, додека на приватна квота е 400 евра. Тоа го знам, но ме интересира околу другите трошоци како што се книги (дали по сите предмети се купуваат?) дали е задолжително да се купуваат книги, нивната цена, дали се плаќаат испитите и така натаму, во главно ме интересира се околу цените и финансисиките трошоци. Ви благодарам од напред многу би ми значело ако некој би одвоил време за да ми објасни.❤
Испити не се плаќаат. Книги исто така не мораш оригинал. Фотокопиите се многу евтини. Единствено превисоки цени имаме за презапишување предмет, ама ако си учиш редовно и положуваш на време нема да имаш таков проблем.
Здраво сакам да прашам нешто. Сега ги добив резултатите од листата на примени студенти на медицинскиот факултет на смерот за медицински сестри и техничари. Резултатот е негативен. Сакам да прашам дали ќе можам де се преместам и да влезам на правниот факултет во државна квота? Секако на 2 круг. Благодарам.