Веројатно ќе можеш ама дигресијава од медицински на правен... Чисто совет да подразмислиш за струката што те влече, да не биде ,,мора на факултет по секоја цена''
Доколку немаш услов да запишеш наредна година, прва за втора, втора за трета или пак по трета ако ти се останати неположени предмети.
Здраво девојки. Утре политички систем се полага во амфи 2 и амфи 3. Дали има списоци кој во која просторија треба да полага и доколку има каде можат да се видат?
Здраво, се запишав на правен, но моментално работам и сум пријавена на неопределено време, сакам да прашам дали би ми правеле проблем од факултетот и дали морам да бидам присутна на секое предавање и ако знаете кај кои професори е задолжително присуство. Ви благодарам
Зависи од професорот дали бара присуство или не. Обично оди 50% + 1, ама сепак до професорот е дали воопшто ќе гледа присуство или не. На првото предавање ќе ви кажат услови и дали присуството е задолжително.
Здраво, сакам да прашам дали некој е запознаен со можноста дали може да се полагаат испити надвор од испитната сесија со надоместок или во договор со професорите ако на подолго време сме биле надвор од државата и сме го испуштиле испитниот рок? Благодарам однапред за одговорот.
Од друг факултет сум,ме интересира предметот Право на друштва како изборен дали е за во зимски или летен семестар?
Некој што полагал кај проф. Узунов Економски систем и економска политика,како е полагањето и кои прашања најчесто ги поставува?
Здраво, дали знае некој кога се објавува распоред на студенти кој во која група е, зборувам за прва година?
ne, mislam deka seuste nema informacii. dali ima grupa na socijalnite mrezi za studentite na pravni studii?