Знае некој како полагаа вонредните што се прва година по новата програма? Исто како редовните со два колоквиума па после испит писмено или усно? Или само испит
Девојки да ве прашам, значи јас ги имам положено колоквиумите но го немам испитот положено,дали знаете во казнената сесија дали ќе се важат колоквиумите и ќе одиме директно на испит или ќе треба пак да ги полагаме колоквиумите ???
Се надевам дека не е офтопик едно инфо за апсолвентите од правни студии: Сликите се готови, можете да ги видите на сајтот на фото студиото. Еве линк http://www.fotojasmina.com.mk/praven_2012.html
Имам предмет кој не го положив на колоквиумите,автоматски немав право на испит, сега од 24 фебруари до 10 март има поправна сесија. Освен соопштението од кога до кога е поправен и дека се плаќа 1.000,00ден. по .Нема ништо друго објавено. Ај ве молам кажете ми, треба нешто да се пријави, као што кога, каде?
Па најверојатно ќе објават на страната кога треба да се пријават,а инаку електронски се пријавуваат, а кога ќе го полагаш испитот тогаш носиш пријава за испит и уплатница.
Па јас колку што сум упатена така е,само за испитот си плаќаш 1000 денари.Инаку професориве ќе ги закажувале поединечно испитите, како што беше претходно.
Значи како што разбрав, идеш на колокфиум, и ако положиш уплаќаш казнена 1000 денари и идеш на испит.. Ме убедуваат овие колешкиве мои дека за колокфиум плаќаш?! не знам по која логика ама ете.. Ако може некој по детално да ми објасни
^Имам јас погоре напишано дека само за испит се плаќа 1000 денари. А знае ли некој да ми објасни како иде пријавувањето на испитите? И тие ли треба електронски да ги пријавуваме како колоквиумите? Затоа што кога ќе се пријавиш на e-студент пишува пријави електронско пполагање и по тоа има пријавување завршен испит и незнам што да пријавам??
Или е утре или е задутре...не се сеќавам дали пишуваше вториот или третиот работен ден откако ќе почне сесијата...распрашај си се поубаво.
Кажете ми колку точно е за уплаќање, 1000 и ....? И што треба да се пише на уплатницата? За што се уплаќа?
Јас пишав казнена сесија, доста им е. Уствари нив тоа не им е толку битно, битно е да имаш уплатено 1000че на точна жиро сметка. Уплатница земи си од книжарата во факултет, кажи за казнена дека ти е, ќе ти дадат со искуцана жиро сметка само пополни ја со лични податоци и пиши 1000.
Воман и јас полагав во понеделникот, е сега мене ми требаат поените да ми бидат внесени во досие, за да асистентот ми среди нешто, а овие кретениве никако да ги внесат што ужасно многу ме нервира. Кај тебе внесени ти се во досие поените, или уште ти стојат претходните?