Дали Стефан има податоци од старите електронски досиеја? Ми треба да ми даде доказ дека имам оцена по еден предмет, дека ми е положен.
Здраво, дали ќе може да ми кажете мислење за овие професори: МПП - Т. Дескоски и И. Руменов КПП - Г. Лажетиќ и Б. Мисоски ГПП - Т. Зороска Камиловска и М. Ракочевиќ Трговско - Г. Коевски и Д. Спасевски
МПП - Вангел ти фали кај професориве, супер објаснуваат и гледај добро да го научиш предметов, доста заглавуваат. Има и влезен колоквиум и испит. Според мене влезниот беше потежок од самиот испит. А испитот се состои од теориски дел и од практичен. Обавезно присуствувај на предавања. Се вежбаат решавање на случаеви што ќе ти требаат за полагање на практичниот дел. Професорите горе долу не се лоши, ама бараат добро научено за положување. КПП - Калајџиев ти фали кај професориве, тројца се и поделена им е материјата. Можеш да бираш кај кого да полагаш. Во главно интересен и лесен предмет. ГПП - најтежок од сите досега. Професорките се построги за положување, гледај одлично да ти е научен. Обемен е доста, се состои од три дела: парнично, вонпарнично и извршно право. Мене лично интересен ми беше (сега сум мастер тоа) и немав проблем, ама бара доста време учење. Трговско - ќе немаш проблем, лесно се положуваше, имаш прашања за дополнување, објаснување и еден практичен случај. Професорите се океј. Земи прашања од либро, тие се повторуваат. Ако имаш некое прашање, слободно пиши ми.
Дечки, до кога завршува летната сесија во јуни отприлика? Сакам да си уплатам за одмор ама бруцош сум и не сум сигурна. Плс пишете ако некој се сеќава кога му бил последниот испит лани во јуни
прва и втора декада заедно генерално до крај на јуни траат. Казнена фаќа и почеток на јули. Од тебе зависи на крај...
Дали ќе може да споделите мислење за скедниве професори: 1. Административно право - А.Павловска Данева и И.Шумановска Спасовска 2. Семејно и наследно - Д.Мицковиќ, А.Ристов, Е.Игновска 3. Трудово - Л.Јовевски 4. Казнено - Д Тупанчевски, А.Деановска - Трендафилова