Да ве прашам може да ми објасните како идат семестрите од кога до кога има испити кога има одмор и слично? Годинава ќе се запишувам за прв пат на правен
Имаш секоја академска година 3 испитни сесии, во јануари, јуни и септември и заедно со нив казнени, ама нема точен датум, секоја година е различно. Зимски семестар се запишува после септемвриската сесија, а летен после јануарската. Ако имаш други прашања слободно пиши ми.
А дали секој ден има предавања или има и слободни денови? И со колку поени примаат на правен отприлика во државна квота
Петок нема, освен ако некој професор не помести, а за примање сите ги примаат во државна, бар така последниве години беше без разлика на поени.
Даваат само 3 дена рок за пријавување испити, од 14.08 до 17.08. Што е малку. Ако и други сметаат дека е малку, пишете им на ФБ да дадат повеќе денови. Барем 5 дена.
Зорица која е задолжена за политичките насоки, не е на работа. Ние што сме студенти на овие насоки, кај кого можеме да ги оставиме пријавите?
Па, не. Мора да има некој назначено да ги зема ако Зорица не се врати на работа до утре-задутре. Освен тоа, страв ме фаќа. На другите често им се случува да губат пријави и друго. Мора да знам на кој од тие му е речено.
Пријави секако се губат и вака и онака. Електронски ако имаш пријавено најлошо шо може да ти се случи е да треба да купиш нова пријава ако ја изгубат.