Најново нешто, од следните колоквиуми од 15 прашања со 8 се полага, на 30 прашања со 16 се полага? Е сега имам предмет од прв семестар,денес не го положив.Во јуни има сесија,но слушам дека тие што се условно/поправно заостанат предмет си плаќале 50евра од предмет во јуни,а не 1000ден. Колку е ова точно?
Јас мислам дека толку се плаќа доколку три пати го полагаш предметот и не го положиш,па после го презапишуваш, и се плаќало незнам таму колку евра зависи од кредитите на предметот. А сакав да прашам дали кога полагате електронски ги проверуваат уплатниците,дали сте уплатиле ??
Што се брои три пати? Да, ги проверуваат уплатниците.Инаку не те пуштаат да полагаш, жива глупост, ја на првиот предмет така се опеков.
Сноу имаш фора три пати да полагаш испит, и доколку не го положиш ќе мора да си го презапишеш. На пример слушаш предмет во зимски семестар, и не ги положиш колоквиумите. Во јануарска испитна сесија го полагаш цел испит(1), во јунска исто(2) и во септемвриска(3). Ако на сите три полагања паднеш тогаш мораш да го презапишеш, тоа се плаќа, мислам дека е по 8евра од кредит. Финтата е во тоа што полагањата во казнена не се бројат, па така имаш можност 4 пати да полагаш.
Одиш и пред да полагаш му ја даваш уплатницата, обично Драги е таму, или кој и да е.ти ја зема уплатницата и седнуваш да полагаш
Абе моми за есеј во казнена 500 или 1000 се плаќа? Јас се си мислам оти е 500, ама во онаа одлукана па не пишува .
дечки со што се оде само со пријавница дека имаш платено или и со пријава???ај ако сака нека пише некој и да не знае некој кога се полага есеј еу и од колку мислам таа ден е ама дали после испит или пред тоа???/
Значи за тие што прашуваат уште дефинитивно 1000 се плаќа од предмет.. со уплатница од 1000 денари идеш на колокфиум..а на испит со пријава и уплатница за таксена марка
Сакам да ве прашам кај треба да се обратам во врска со електронското досие... Предметот ми е положен уште пред еден месец и повеќе, а уште не ми е внесена оцената, прашав кај другите колеги внесено му било. Претпоставувам дека тоа е проблем поради уплатницата за таксена марка што професорката ми ја оставила во индексот, наместо да ја земе. Веднаш потоа откако видов, ја однесов во студенски прашања, и ми рекоа ок е... Сега зошто уште не ми е внесено Кај Драги да одам или во студенски повторно?
Се во врска со електронското досие е одговорност и задолжение на Драги, студенски немаат врска со тоа. Побарај го господичниот величествен Драги во компјутерски центар и обратиму се. ПС. Биди крајно упорна, ако ти изводи нешто од типот утре дојди задутре, кажи му прецизно да каже кој термин може, или ако ти рече средено е, а за 2 дена видиш се е исто, пак да му одиш, се додека не ти е се во ред. Ако не му запнеш, ќе се влече и ќе те влече, затоа фати му се околу врат.
Тогаш ќе одам директно кај Драги, но мене исто ме мачи тоа што професорите сами си ги ставаа поените од полагањата, независно дали усни или писмени... Стварно ми е безвеза, сите колеги имаат оцена, си велам немој да не ми го признава дека било без таксена марка, а тоа воопшто не беше по моја вина, беше ставена во пријавата, таа не ја видела... или пак можно ли е да не ми напишала оцена во пријавата, само во индексот да имам. Триста ума ме мачат, а оваа недела полагам и не одам на факс, дури другата недела ќе можам...
Феминки едно прашање... Дали знаете од кого е книгата за облигациони односи, поточно првиот дел: Воопшто за облигационо-правните односи (Започнува со поим, карактеристики, видови и значење на облигационите односи) . Ја немам таа страна, а ми треба тој податок за проектната...
Девојки а што се случува со тие што немаат фатено услов...братучед ми не фати па сега незнае што да прави, односно кога ќе ги полага предметите од прв семестар а кога од втор...знае некој да објасни како идат работите??
Во Јуни може да полага. Со тоа што нема право да полага на колоквиуми, туку директно на испит ќе оди на предметиве од втор. Ама прво ќе мора да фати услов од прв, па после да полага од втор за да фати услов да упише трет семестар во Септември. Меѓутоа не ме фаќај за збор, ова се само паушални информации, не сум имала вакво искуство за да нешто ти тврдам, но мислам дека сепак има право да ги слуша предметите од втор али не и да полага на колоквиуми. А ако и повторно ништо не положи од Септември ќе си го упише прв семестар на квадрат и јово на ново. Но повторно ќе ти кажам не се ослањајте на ова, најдобро да си праша на студентски.
По новиот квази-Болоњски-систем нема право да полага испити во јуни доколку во мартовска сесија паднал. Станува збор за новододаден анекс во договорот за студирање, така да најверојатно ќе мора да ги презапишува сите предмети, односно квадрат. Сепак, дискутабилно е ова прашање затоа што има напори да се промени договорот за студирање за генерацијата 2011/2012.
Не ми е веродостојно да неможе во јуни, бидејки јуни си е регуларна сесија, а мартовската е вонредна дадена од факултетот. Неможам да им ја разберам поврзаноста на овие две работи што ја кажуваш.