Кога генерацијата 2011/2012 се запишуваше, потпиша Договор за студирање. Во тој договор е додаден анекс со кој студентите избираат дали ќе полагаат предмети од првиот семестар во март или во јуни. Значи, нема повеќе шанси како за претходните генерации туку само една. Ова го тврдам како координатор на една од групите, и во моментов се водат преговори со студентскиот правобранител да се свика вонреден наставнички совет за да се избрише овој услов. Проблемот е, сите поучени од претходните генерации мислиме дека ќе има повеќе шанси за полагање, а всушност е, или полагаш во март, или во јуни. Оди во ЕКТС, истото ќе ти го кажат. За другите генерации е како што било претходно, за новата важи ова правило. А на Јустинијан пак, логичности еден куп Заверете услов за семестар за по 3 недели пак да презаверувате условно запишан семестар без услов. [?!]
Боже ако се нормални еве на! Спиздаа дека им намалија квотите од 800 на 400, и сега ради ова студирањето е како на електрична столица во секоја смисла. Укинаа колоквиуми, намалија број на бруцоши, хаос се, ако не стават малку контрола на факултетов, ќе остане сама деканската управа и службата, бидејќи не се нормални дефинитивно. А и на бруцошите се чудам, протестирајте бе луѓе, блокирајте ја наставата, борете се за колоквиумите назад....
Нема такво нешто Едвај се донесе одлука да се намалат скалите од 70 на 50% точни одговори за да се положи еден предмет. Квотите се 600. Знаеш колку студенти во јануари имаа положено минимум 2 предмети (без казнена сесија)? 100! И мотивацијата им е, вие 100 што се очекува да завршите ќе имате професорско место. Точно, за еден иден правник е битно да знае да се снајде, да излезе и да збори, да води дискусија, а не да си игра на компјутер при multiple choice одговори, кои патем, имаат погрешен клуч. Но, нека воведат завршен испит а не квалификационо невозможни колоквиуми и испити. После секоја бариера што ќе ја поминеме, поставуваат нова, уште поневозможна, со цел да не бутнат. Постои само една професорка, која не би сакала да ја именувам, и вели: "Факултетот не е место каде што ќе се врши тортура врз вас, тоа е пред се воспитно-образовна институција исто како и градинка, забавиште, основно и средно. За жал моите колеги сметаат дека таа институција е место каде што можат да ги истурат домашните проблеми и да ви создадат одбивност од нивната територија наречена факултет". А околу протестите, тие ни викаат, вие во секој момент можете да се откажете ако не ви се допаѓа, слободно, факултетот не е задолжителен.
хаха ретардирани до максимум, да де факултетот не е задолжителен, ама ни овој состав од професори и управа не е вечен, може да се смени. Само некој да испрати во некој весник или недај боже тв да се донесе, и анонимно да се образложи каква тортура прават врз студентите, одма ќе се смени орото на Јустинијан. Како е 600? Јас кога се упишав беше единствен државен кој после медицина, имаше највисока партципација од 800 евра, ама нели од лани со закон ги изрманија на 200/400.
Мислеше на 600 студенти запишани на правни студии, само што тоа не се нарекува квоти. Инаку квотите се 200/400 евра.
Го гледам таблото на интернет и многу мои школски не можам да ги најдам прво си викам ај не стигнале може до апсолвенти ама па потоа на фб си ги ставија сликите Зашто ги нема на таблото?
Не можам да го разберам проф. ГРОЗДАНОВСКИ Економика. ПО не знам како да го наречам пошо не е човек не сум видела толку злоба собрана на едно место. Полагав казнена сесеија, напишав 3 прашања од 4 вкупно напижшав цел табак и на крај... ми дали 3 поени??????? Не знам дали да се смеам дали да плачам... НЕМАМ КОМЕНТАР а шо е најтрагично не ми даде ни увид да видам!! Не можам со системот!! А и да се пофалам не сум спиена цела вечер пошо учев римско и пак паднав Неам сили веќе...
Jас го положив лани и уште не земав оцена, просто одбивност и страв имам од тој човек. На есејот ми се падна тема што ја имав за презентација, од збор до збор имав напишано се, а ми стави 14 бода. На дечкото што седеше до мене и препишуваше од мене, 13 Бог да чува! Инаку сите што го паднаа економика од моја генерација, сакаат да го презапишат кај друг професор. Не ми текнува како се вика, ама наводно само 8-ци ставал. Разгледај си ја таа опција.
Jас го положив лани и уште не земав оцена, просто одбивност и страв имам од тој човек. На есејот ми се падна тема што ја имав за презентација, од збор до збор имав напишано се, а ми стави 14 бода. На дечкото што седеше до мене и препишуваше од мене, 13 Бог да чува! Инаку сите што го паднаа економика од моја генерација, сакаат да го презапишат кај друг професор. Не ми текнува како се вика, ама наводно само 8-ци ставал. Разгледај си ја таа опција.
Јас имам 5 бодови. Напишав 7 страни, со сите 4 прашања, со примери и асс. Стојков ме убедуваше дека станува збор за грешка. Затоа, утре на увид Ме интересира, која група си?
Феминкиии ајде некоја помош околу МПП, ме фаќа паника сеа пред колоквиум што најмногу дасе обрне внимание какви се прашањата.... ?? :/
Отидов, и ми вика грешка ми бил тестот хахах после ми вика добро ај мисли сеа дека имаш 5 поени по сите прашања и на крај ми вика добро де ајде имаш 33 поени. Не знам што да кажам, да беше човек сите ќе се раберевме со него. Затоа, Кандиќјан му е мајката или Стојков! Иначе бев 2 група..
Правниот факултет „Јустинијан Први“ меѓу најпрестижните универзитети во светот Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје се вброи во листата на 16 најдобри факултети во светот по меѓународно арбитражно решавање на трговски спорови. По одржаниот натпревар по меѓународно арбитражно право “Willem C. Vis International Commercial Arbitration”, кој по 19 пат се одржа во Виена (Австрија), во конкуренција на 285 универзитети од целиот свет, кои успешно ја имаа завршено писмената фаза од натпреварот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ со остварените резултати на усните рочишта со најпрестижните универзитети Queen Mary (од Велика Британија), Bocconi (од Италија), Helsinki University (од Финска), Florida Coastal School of Law (од САД) и победите над универзитите, Sydney University (Австралија) и Duke (Северна Каролина, САД) го освои деветото место и со тоа стана највисоко рангиран правен факулет за меѓународно арбитражно решавање на спорови на Балканскиот регион. Професори-тренери на екипата беа професорите Тони Дескоски и Татјана Зороска – Камиловска, а студентската екипа ја сочинуваа Ана Пепељугоска и Татјана Стојкова, студенти на Втор циклус на студии на Правниот факултет. Вака остварениот успех претставува верификација на квалитетот на знаењето кое го кумулираат студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” од Скопје. http://www.idividi.com.mk/vesti/makedon ... index.html
Таков муабет се врти по групите на ФБ, а уште претходно знам дека беше предложена и ја сметаа за најсериозен кандидат. Така да изгледа точно е... јас останав без текст
Девојки ако може некој да ми помогне да ми посочи кај можам да најдам литература за арбитражно право, односно за спогодба за меѓународна трговска арбитража, ми треба за семинарска работа. Ви благодарам
Девојки, дали професорот Гоце Наумовски( Јавно право, право и информациски технологии) , се наоѓа во приемното време, јас сум од Економски факултет ама слушам предмет кај него, па би сакала да го замолам за потпис? Фала однапред
Здраво девојки и дечки. Доаѓаат последните денови од 4 година, време за да донесеме одлука за понатамошно образование. Па вака, во мое име и во име на уште неколку другари и другарки сакам да поставам некои прашања за оние кои студираат Правни студии на Јустинијан. 1. Кои предмети се вбројуваат меѓу најтешките? 2.Дали откога ќе се запишам (и ако бидам примен) можам да се преместам во друга група и на кој начин? 3.Како се набавуваат материјали и информации, мораш да бркаш професори низ ходници или се што е потребно се кажува на предавања? И така уште некои по битни информации да ми кажете нема да биде од одмет. Однапред благодарен!
Системот на Јустинијан од оваа година е целосно сменет, воведоа некакви усни испрашувања, некакви пред колоквиуми и значително го отежнаа студирањето, барем од она што го слушнав од помладите колеги. Не знам да ти кажам како функционираат работите, затоа што јас студирам според неизменетиот ЕКТС. Од она што можам да ти го кажам, конкретно во однос на предметите, на повеќето студенти најтешки им се Граѓанско и Стварно право кај Живковска. Не е толку тежок материјалот, колку што се тешки и двосмислени прашањата, ама за среќа даваат можност за правење есеј до 5 поени, па тоа е олеснителна околност. Мене лично ми беше и римско право тешко, поготово што прашањата ни ги правеше Апасиев и беа претешки! Предметот е комбинација на право, историја и латински јазик. Имаше на колоквиум прашања што беа целите поставени на латински! И право на ЕУ не е баш лесно, не знам каков им е материјалот сега, не знам дали издадоа книга, ама ние учевме од материјали на Петрушевска што беа многу неразбирливи. Уште го памтам цел Лисабонски договор на памет и извештаите за Македонија од Европската комисија за последните три години За материјали и учебници, прилично е средено. За секој предмет има книги, или ако ништо друго скрипти, собрани материјали од стари учебници. Обично таквите ги оставаат долу во копирница, па лесно се наоѓаат. Прашања на испит не се поставуваат надвор од материјалот. Професори се бркаат единствено за оценки, особено оние што се вонредни, тешко се наоѓаат. Или ако ги најдеш, ќе ги чекаш 3 саати во ходник додека си пијат кафе во канцеларија.