zdravo dali nekoj moze da mi pise dali znae kako e procedurata za stavanje na studii prv ciklus vo miruvanje i kolku se plaka i uplatnici? fala vi
Здраво,ќе може ли некој да ми објасни за следниот случај.Имам останато еден предмет од претходната година од летен семестар,но предметот само еднаш го полагав и не го положив.Би сакала да знам дали имам право тој предмет да го полагам оваа година во јунска или есенска испитна сесија или би требала да го презапишам?
Некој да сподели искуство за полагање МЈП кај Љупчо Стојковски? Какви прашања поставува? Како оценува дали бара многу?
Ве молам некој да сподели искуство со Јавна администрација предметот,казнена сесија. Дали е усно и на кој начин се одвива,на што најмногу да внимавам додека учам. Фала ви однапред
Здраво, јас сум од друг факултет, ако може предлог за лесен изборен предмет во летен семестар? Освен права на друштва
Добар ден,би сака да ве замолам дали некој може да ми ја објасни постапката за презапишување на предмет.Дали треба да отфрлам некој предмет од летниот семестар што треба да го слушам и ако треба да отфрлам некој предмет кога потоа би можела да го слушам истиот предмет.Исто така би сакала знам кои се потребните документи за презапишување на предмет?
Кај Драган Гоцевски и Ана Павлова? Ужас. Бараат на памет дефиниции, во две групи е испитот и секогаш имаат нови прашања, сум пробувала да учам прашања ама треба сѐ реално да знаеш. Побарај им ги презентациите од кои предаваа, прашањата се од тие точки отприлика. Јас на памет искрено го учев тој предмет и ми е останато само споилс/мерит систем и Макс Вебер во глава. Ама спреми се на учење, ептен се строги во оценувањето и стандардите, Астеруд и Вовед во право левел.
Уплатница со сума во зависност од бројот на кредити, идеш на студентски пополнуваш лист кај кој професор презапишував (затоа што имаш можност да го смениш, ако по предметот има двајца професори, барем така беше ако нема измена) ти запишуваат позади во индекс, потоа си пријавуваш.
Кај Љупчо си влечеш прашања(има 16 групи и секоја група има по 3 или 4 прашања во зависност колку се тешки прашањата). Доколу заглавиш ќе ти помогне и плус допрашува и ти поставува дополнителни прашања. Бара знаење а и доста од студентите ги паѓа ако не знаат. Значи учи си го предметот убаво, ако си била на предавања да слушаш што објаснува многу полесно се поминува. Со среќа☺️
Моментално сум 3 година правни студии и ме интерсира дали кај нас имаме дипломска што треба да ја браниме. И дали ако не успеам да ги положам сите предмети во септември можам да запишам мастер студии или пак треба да чекам до февруари дур да ги положам и да завршам со сите испити?
Колеги, ми останаа два предмети од втор семестар да презапишувам сега во четврт. Кој предмет би ми препорачале од 4ти семестар да го не го слушам / да го оставам за 6ти семестар?
Би те советувала да го оставиш административно, бидејќи професорите потешко пуштаат, а казнено и семејно секако се ти условни за ГПП и КПП од 6.