Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правен факултет-Јустинијан Први

Дискусија во 'Образование' започната од MyMar, 4 јуни 2010.

  1. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Најкратко што може да се опише новиот систем... За секој предмет во колквиумска недела се полага ВЛЕЗЕН колквиум од 15 прашања од кои ти требааат 8 за да го положиш. Ако ги положиш двата влезни колквиум имаш право да одиш на завршниот дел,а тоа е усниот или писмениот испит за кој одговараш за целиот материјал, најчесто испитите ни се усни со влечење комбинација на испитни прашања каде раскажуваш цели лекции, или пак блиц прашања низ целиот материјал. Нема веќе есеи, ниту поени за активност, со исклучок на некои предмети каде што даваат, ама најчесто не ги вбројуваат во поените за оцена, туку ти се олеснителна околност за повисока оцена (ако така те процени професорот). Со искуството од претходниот семестар – ниту еден професор не ни ги погледна поените за активност, барем во мојата група така беше. И најважнотот ќе заборавев, за кое сега поднесуваме петиции и барања да се промени ама уште нема никаков одговор. Доколку само ЕДНАШ паднеш на испит го презапишуваш предметот со цена од по 8 евра по кредит, нема повеќе редовни сесии и не е како порано кога имаше можност 3 пати да се полага предметот без да се презапишува.
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Можност за само еднаш да се полага испитот?!
    Поголемиот дел од предметите имаат по 7 кредити, и оп 56 евра од предмет. Машала!! Ќе се наполнат со пари. А сигурна сум дека предмети од типот на Економика, Граѓанско, Трудово и сл. студентите како крушки ќе паѓаат. ц ц ц :x

    Него, во ред е што ја вратија старата програма на студирање, да се разретчат малку правнициве, зошто не знам каде ќе не собере сите да се вработиме.
    Ама од друга страна, многу е нечесно да дадеш толку мали шанси, само за да пикнеш во џеб нешто. Сега мито ќе си фршти на сите страни. Не дека до сега немало, ама сега.....

    Значи, најврскаџиски и најкорумпиран факултет е правниот. Точка.
     
    На Allthatglitters21 и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  3. Tanjich

    Tanjich Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    64
    Општи прашања

    Знае ли некој дали и кога ќе има отворен ден на правниот факултет Јустинијан I? :?: :?:
     
  4. mlover

    mlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    СО О П Ш Т Е Н И Е

    Им се соопштува на студентите запишани во прва година на прв циклус на студии во учебната 2011/12 година, на сите студиски програми (правни, политички и студии по новинарство), а во врска со член 7, точка (4) од Одлуката за измена и дополнување на Правилата за студирање – Анекс на студиските програми на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, донесена на седницата на Наставно-научниот совет одржана на 8.7.2011 година, и член 1 и член 2 од Одлуката за измена и дополнување на Правилата за студирање – Анекс на студиските програми на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, донесена на седницата на Наставно-научниот совет одржана на 24.2.2012 година следново:

    Студентот што нема да освои минимум 16 поени (2 комјутерски теста по минимум 8 поени - редовни студенти), односно не освоил минимум 16 поени од едниот комјутерски тест (вонредни студенти), има право да полага во поправниот термин во тековниот испитен рок.

    Студентот што нема да освои минимум 16 поени (2 комјутерски теста по минимум 8 поени - редовни студенти), односно не освоил минимум 16 поени од едниот комјутерски тест (вонредни студенти), ниту по поправното полагање, ја презапишува предметната програма.

    Студентот кој освоил минимум 16 поени (2 комјутерски теста по минимум 8 поени - редовни студенти), односно минимум 16 поени од едниот комјутерски тест (вонредни студенти), но не го положил вториот дел од испитот, има право да го полага вториот дел од испитот најмногу уште еднаш (во наредниот испитен рок), без да ја презапишува предметната програма.

    Студентот кој освоил минимум 16 поени (2 комјутерски теста по минимум 8 поени - редовни студенти), односно минимум 16 поени од едниот комјутерски тест (вонредни студенти), но не го положил вториот дел од испитот и по втор пат, ја презапишува предметната програма.

    Скопје, 15.05.2012 година Д Е К А Н,
    Проф.д-р Борче Давитковски


    Значи БРАВО :@:@:@:@:@:@:@
     
  5. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Значи алал да му е на системот и факултетот, од сите факултети ние сме црни овци, искрено ич не ми се прави мерак, одмилено ми е да идам и на факултет веќе. Се правам тоа што не сум, да се тепам за презентации да извадам барем некој поен, да трчам по кабинети за семинарски,да им се упикувам на професорите, да поставувам дополнителни прашања као демек ме интересира,да идам у читална за време на пауза.. Е НЕ МОЖАМ! прв семестар ништо не правев срам ми беше, па на крај морав се да ми зависи од испитот.. ужас.

    Те моткаат како сакаш, што е со колоквиумите? Полагања од петок, сабота, пон, вторник и среда? АБЕ АЈДЕ! шо сум јас??
    Уфф значи немам коментар повеќе да знаев дека е вака... Да знаев дека дошло време на среќа да одговараш и да се молиш колку да поминеш само и само да не го влечкаш предметот.. искрено би размислила дали би се запишала.
     
  6. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    СРАМОТА! Сестра ми студира на овој факултет и се мачи и нервира секој ден жалосно бунете се барајте си ги свопите права!
    http://neutralec.blog.mk/2012/03/30/stu ... se-prazni/
     
  7. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Кој не слуша?? Кои сме ние. :^)

    Луѓе вчера правев пресметки, за 8месеци имам полагано 35 пати вкупно.. :tmi: ЈАС МИСЛАМ ДЕКА НИКОЈ ДО СЕГА ТОЛКУ НЕМА ПОЛАГАНО ЗА ТОЛКУ КРАТКО ВРЕМЕ А ВЕРУВАМ И ДЕКА НИКОЈ НЕМА ПОЛАГАНО И ЗА 3 ГОДИНИ! Wish me luck Полагам пон вторник и среда :envy:
     
  8. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Утре полагам граѓанско право-усно. Знае некој какво е испрашувањето, искуство со Родна? :?: |(
     
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Некој информиран од апсолвентите, дали може да ми помогне да ми каже кода се роковите за запишувања на мастер за правни студии?
    Ми кажаа дека имало во Септември, Октомври и во Февруари?
    Битно ми е многу, дали има во Октомври па и во Фебруари, малку чудно ми беше за у Февруари, ама се е можно за пари.
    Ви благодарам.
     
  10. MissAnn

    MissAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Како поминавте денес граѓанско усно? Како беше испрашувањето?
    Ве испрашуваа, си влечевте прашања? :?:
     
  11. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Hipster најчесто првиот уписен рок е во почетокот на септември и при крај на месецот ги објавуваат резултатите,а вториот уписен рок е во октомври.Минатава година имаше шанса за упис во февруари само за тие што сакаа да аплицираат за смерот што е за интелектуална сопственост.Со настава најчесто се почнува крај на октомври/почеток на ноември :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Сите не пушти 60 души шо полагавме, али не се знаеше кој што прави..оваа асистенткава е полоша од Родна!! Хаос, ниту имавме време да си направиме концепт, ниту да размислиш, немаше прашања туку она по ред цела редица ги прашува.. ај ти колешке,добро, ај ти колешке..од пушка да одговараш.. сите со 9,10, кога дојде на мене редот.. се збунив бе!! :sweat: ме прашува јас ќутам и тек после 10 секунди одговорвив.. 7 добив.. нема врска колку е бино положив и пола факултет ми е завршен :D
     
    На MissAnn и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    ^Цени родна усно, многу повеќе него писмено, и следен пат одговарај меѓу првите, полесни прашања се паѓаат и она снемува воља и расположение после 45 минути. Не е толку кне како што ја прават, ќе видите ќе си имате подобри оцени вака него писмено.
    Битно си положила, супер
     
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    48.627
    Пол:
    Женски
    Родна пуштила срце :^) :^) :^) Честитки од мене деф исто ко пола факултет да ти е завршен штом имаш положено кај главната :D :D :D
     
  15. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Благодариме за искрените честитки :)
     
  16. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    444
    Пол:
    Женски
  17. EliasT

    EliasT Активен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали можам да се запишам на правен факултет ако прва година од средно сум ја утнала работата, а другите години би ми биле добри? На пример, со добар успех од прва година и одличен од другите години? Знам дека е рано да мислам на факултет, ама навистина ја утнав работата оваа година што измина, ако другите години се поправам дали ќе успеам да се запишам на правниот факултет без плаќање? А ако не успеам, колку се плаќа т.е ако може некој да ми ги објасни државните и приватните квоти. :)
     
  18. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    So EKTS povekje se zanimavas so administracija odkolku so ucenje
     
  19. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Ne se sekiraj kje te primat 600 dusi primaat .
    200 evra e drzavna kvota
    400 privatna kvota
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ќе ја примат, ама тешко дека ќе влезе во државна квота.
    Јас кога се запишував, имаше некои што со одличен успех беа во приватна квота.
    Просекот им бил едвај одличен, некоја 4ка или 3ка на матурата и толку е.
    EliasT, зависи какви ќе ти бидат оценките од следните години и какви резултати ќе извадиш на матурата. Ама рано ти е уште да размислуваш и да пресметуваш поени, ти само гледај да имаш добри оцени :)