Факултет Значи ако може да ве прашам дали на правен факултет може да се запиши со успех добар мислам од средно ... благодарам однапред !
коа ке го начекаш не знам што е со човекот ама глеам у последно време сите го бараат и сите се жалат дека нигде го нема ,се крие ко змија нозе.
ЖЕНСКИ ОТВОРИВ НА СТРАНАВА ОД ПРАВЕН И ЧИТАВ ДЕКА ИМА НЕКОИ ИЗМЕНИ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ ЌЕ СЕ ЗАПИШАТ ОД СЕПТЕМВРИ: Врз основа на член 37 од Правилникот за внатрешни односи и работењето на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во врска со член 7, точка (4) од Одлуката за измена и дополнување на Правилата за студирање – Анекс на студиските програми на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, донесена на седницата на Наставно-научниот совет одржана на 8.7.2011 година, и член 1 и член 2 од Одлуката за измена и дополнување на Правилата за студирање – Анекс на студиските програми на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, донесена на седницата на Наставно-научниот совет одржана на 24.2.2012 година, Наставно-научниот совет на седницата одржана на 31.05.2012 година, ја донесе следнава О Д Л У К А I. По барање на Студентскиот парламент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, студентите имаат можност да полагаат предметна програма најмногу 3 (три) пати, во 3 (три) последователни испитни сесии во тековната учебна година (почнувајќи од испитната сесија кога за првпат се стекнуваат со правото да ја полагаат предметната програма), пред да ја презапишат истата предметна програма. 1. Студентите имаат можност да ги полагаат предметните програми од I, III и V семестар во трите последователни сесии во тековната учебна година (јануари, јуни и септември). Доколку студентите заклучно со септемвриската испитна сесија во тековната учебна година, не положат предметна програма, тогаш ја презапишуваат предметната програма. 2. Студентите имаат можност да ги полагаат предметните програми од II, IV и VI семестар во трите последователни сесии во тековната учебна година (јуни, септември и јануари). Доколку студентите заклучно со јануарската испитна сесија во тековната учебна година, не положат предметна програма, тогаш ја презапишуваат предметната програма. II. По еден примерок од одлуката да се достави до Канцеларијата за ЕКТС, Студентскиот парламент на Факултетот, Службата за студентски прашања, огласна табла, архива и персоналната евиденција на Факултетот. III. Odlukata vleguva vo sila so denot na donesuvaweto, а ќе се применува почнувајќи од генерацијата студенти зашишани на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во учебната 2011/12 година. D E K A N, ___________________________ Проф. д-р Борче Давитковски НЕ МИ Е ЈАСНО КАКО ТОА ЈА ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТНАТА ПРОГРАМА? НА ПРИМЕР АКО НЕ ПОЛОЖАТ ЕДЕН ПРЕДМЕТ СИТЕ ПРЕДМЕТИ ОД ТОЈ СЕМЕСТАР ГИ ПРЕЗАПИШУВААТ ИЛИ САМО ТОЈ КОЈ НЕ ГО ПОЛОЖИЛЕ?!!! И НЕМА ИЗМЕНИ ВО ОНА ЗА ШТО СЕ ЖАЛЕА СТУДЕНТИТЕ ДЕКА СО ДВА ПОЛОЖЕНИ КОЛОКВИУМИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ПОЛОЖЕН Е И ПРЕДМЕТОТ ТУКУ МОРА ДА СЕ ОДИ НА ИСПИТ И ПОНАТАМУ ЌЕ ВАЖИ ТОА? ЧЕКАМ ОДГОВОР ВО НАЈСКОРО МОЖНО ВРЕМЕ
Oчигледно погрешно си разбрала. Bели дека имаш право 3 пати да полагаш еден испит во три последователни сесии. Aко не положиш во тие три сесии, го презапишуваш предметот, и плаќаш 8 евра по кредит. Aко ти запишана сега во септември не го положиш предметот кој и да е, до нареден септември значи до наредна учебна година, тогаш го презапишуваш. A колоквиумите влезни не се менуваат, полагаш 2 колоквиуми како услов за да одиш на испит.
ЕПА ДОБРО Е, ИМАШ ПРАВО ТРИ ПАТИ ДА ПРЕПОЛАГАШ.. А АКО ПАДНЕШ НА КОЛОКВИУМ, ИМА ПОПРАВЕН ТАКА? И СО СИТЕ ОВИЕ ПРОМЕНИ ШТО МЕ СОВЕТУВАТЕ БИТОЛА ИЛИ СКОПЈЕ НА ПРАВЕН?
Имаш поправен колоквиум во истата сесија, па поправен во казнена сесија (мартовска), па јунска и августовска. Kако што гледаш, овде има 4 сесии, но казнената односно мартовска не се смета како редовна сесија. A за тоа дали Битола или Cкопје, твој избор е. Aко има некој од Битола - нека ти каже за таму, за овде имаш доста заврзлами во смисла што се менуваат ете одлуки во последен момент, и играме на орото што ни го свират. Учење сегде има, така да, твое си е.
Измените не се за тие што се запишуваат од септември, овој систем е веќе во сила една година. Добро е што ги вратија сесиите за презапишување, оти за нас од 2011/12 генерација важеше само една шанса за полагање на предмет. Убаво разгледај на страната на правен, и прелистај на темава... Доста потешко е од претходните години, јас лично да знаев каков ќе биде системот на правен пред да се запишам, ќе се запрашав едно 100 пати дали вреди маката учење најмалку 3 пати еден предмет и стресовите со секое полагање на САМО 1 ПРЕДМЕТ (имаш два влезни колквиуми за секој предмет ако ги положиш нив имаш право да полагаш испит). Размисли и консултирај се со некој и во Битола што студира.
^ Имам уште малку време-дотогаш ќе собирам информации од секаде. Инаку ме интересира колку правниот факултет ја поттикнува креативноста и познавањата на повеќе работи поврзани со историја, политика, општа култура, па и да речеме литературна креативност или се си ептен буквално само закони, членови да читаш и учиш? Од тие причини се двоумам дали правен или филолошки...
па оглед на тоа дека е обемен материјалот што се учи на Јустинијан и да сакаш и да нејкеш ке научиш и повеке од тоа што ти треба.Е сега факултетот не може да ти ја поттикне креативноста за тоа си ти самата задолжена во поглед на тоа ако тебе те интересира нешто ван материјата за учење да земеш сама да си прочиташ.Дополнителна литература има по секој предмет,ама ретко кој ја зима да ја чита бидејки бааги глава тупиме со тоа што ни е испитна материја. Сеа неможеш да праиш споредба со филолошки бидејки тоа се две сосема различни образовни гранки кои немаат никаква допирна точка.Нормално дека на правен се учат закони и правни поими, како што на филолошки се учи граматика и се гради вокабулар на одбраниот јазик.
Девојки, јас сум 2 година на правни студии, немав услов за 4 семестар, ама сега фатив и ја чекам септемвриската сесија да полагам од 4 семестар предмети ама имам проблем. Само на административно право се имав куцано и имав два поени активност, и ми го отвара тоа, а на сите други 3 предмети од 4 семестар кај што се немам куцнато, не ми ги отвара во електронското досие и ми вика, немаме податоци за тој студент по избраниот предмет. Јас мислам дека е оти ни еднаш ме немаат куцнато по тие 3 предмети, ама па едни колеги сега ми викат дека Драги можел да ми го среде тоа, пошо демек немам ни активност, ни есеј ни полагано колл или испит, тоа да му кажам и он ќе ми средел. Совет или нешто кој знае?
Нема везе тоа што не си куцана , тоа одамна не функционира како што треба. Убаво ти кажале колегите , досието не ти се отвара бидејќи немаш никакви бодови , административно ти го отвара затоа што имаш 2 бода. Не треба ништо да му кажуваш на драги , досието ке си се отвори кога ќе полагаш испит/колоквиум или кога ќе ти внесат бодови од активност и есеј .
ајде девојки и јас да ве прашам дали некоја од вас знае како треба да се подигне тоа уверение за завршени додипломски студии ?ви благодарам однапред
Прашај на студентски што точно треба да поднесеш за да го земеш , знам дека се уплаќа 3500 денари , студентска легитимација , потврда дека не должиш книги од библиотеката ..
Да, ама кога ке сака да ги пријави испитите ке нема да може бидејки ке и покажува дека нема податоци за тој студент.ЈАс така се зезнав со економика од прва год и морам да го презапишам бидејки нитуеднаш не отидов и сега не можам да го пријавам ради тоа немање податоци.Вистина е дека не функционира тоа со присуството но си требала барем еднаш да се искуцаш за да те евидентираат у компјутер дека слушаш настава кај тој и тој професор/ка.И јас немав фатено услов за 4 сем. и немав нишо по тие предмети ни активност ни есеј ама идев се куцав и немав такви проблеми, така да мислам дека не е до тоа дека ради тоа што немаш никаква активност затоа не ти ги отвара.Памет за друг пат иди си на предавања колку -толку.