Јас до сега не сум имала проблеми со пријавување на испити , а секогаш досието ми се отвара од кога ќе полагам колоквиум . Ако имаш проблеми со пријаување на испит преки електронско досие , пред полагање на кол/испитот ќе идеш кај драги и му кажуваш дека те нема на список или дека системот не ти дозволува да пријавиш или дека си пријавил а сепак те нема на список и сл. иако некогаш и не треба да му кажуваш причина . он дирекно те внесувау компјутер седнуваш и си полагаш.
јас не студирам на правен, но ме интересира да не знаете кога почнуваат со работа студентски прашања пред два дена бев затворен беше факултетот, а итно ми треба да завршам нешто поздравчиња до сите
Девојки ај некоја од вас да ми каже како испрашува Кандикјан, дали е фер за оцени, ии ако некоја случајно памти прашања од испит или колоквиум, би ви била благодарна. И да, дали се паѓаат прашањата од Зоки и Либро за на колоквиуми?
Ај ако знае некои нека каже. Имам полагано колоквиуми, ги положив, али испитот не. Сега треба пак од почеток?
Може да ми каже некој како се пресметуваат поените потребни за упис? Три години имам просек многу добара и незнам дали би ме примиле а учам правно училиште..
40 поени се од матурата 60 поени се од оценките од средно од сите четири години овие шеесет поени се пресметуваат на овој начин прво ги собираш одделно сите оценки од прва и ги делиш со бројот на оценките и ти излегува просекот од прва истото го правиш и со останатите години потоа сите четири просеци од сите четири години ги собираш и ги делиш на четири. на тој начин добиваш среден просек за сите четири години тој среден просек го множиш со 12ет затоа што 12ет е средна бројка на предмети од сите четири години пр. 5+5+5+5+5+5+5+5+5=50 50/10=5,00 5,00+5,00+5,00+5,00=20 20/4=5 5*12=60 60-максимум поени од оценките е сега како беа распределени поените од матура, 90% сум сигурна дека вака беа максимум 10 поени од македонски максимум 10 поени од англиски или математика максимум по 8 од интерните и максимум 4 од проектната задача 10+10+8+8+4=40 на линкот подолу се е детално објаснето и таму можеш да пресметаш в година боже здравје http://join.finki.ukim.mk/Calculator.aspx инаку оваа година последниот во државна квота беше со 79 поени, можеш да замислиш колку слаб ученик бил се надевам дека помогнав поздрав П.С Ајде постарите студентки на правен факултет во Скопје, нека дадат некој совет за нас идните, што како со учење, за активност на часовите колку се бара и цени, дали може да се префрлиш од една во друга група, дали во различни групи различни професори има и ако е така кои би ги пофалиле а кои не и воопшто вашето искуство од правниот факултет дали беше така како што го замислувавте и сите предности и недостатоци и тешкотии кои следуваат Благодарам!
Јас завршив додипломски меѓутоа моето искуство нема баш да ти помогне затоа што го сменија начинот на полагање и оценување . во врска со тоа нека ти пише некој што завршил прва година . Колку што знам не дозволуваа да се префрлаш од една во друга група за да не настане хаос , они групите ги прават по азбучен ред по презиме. Сепак некои ( дури и многу ) колеги си фатија врски и си се префрлија без проблем , другарка ми несакаа да ја префрлат затоа што логично немаше врски. Да различни професори има . Обично се двајца па ако се шест групи земаат секој по 3 . Активноста на час ти се цени , ако си активен си имаш бодови , обично по 1 , некој става повеќе некој замисли и помалку ( пола бод) па иди собери ги :/ Учи си редовно и нема да имаш проблеми . Тежок лесен предмет тоа веќе си е индивидуално . Јас на пример коа учев ,за сите предмети кои ми викаа тешки се нема шанси од прва да се положат, без проблем си ги поминав, заглавив со еден што сите го поминаа без проблем ... се зависи како ќе ги спремиш ти .. земи си прашања од зоки и либро , некогаш се паѓаат некогаш не,ама чисто колу да си го провериш знаењето ако не друго . Со среќа
Денес излезе еден конкурс за мастер студии за сите факултети на УКИМ но бидејќи мене не интересира за Јустинијан, да го споделам линкот тука за колешките и колегите http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/178_ ... -13_v1.pdf Прв уписен рок од 20 до 30 Септември Сега да чекаме да излезе и посебен конкурс за Јустинјан
Јас мислам дека ќе си почекаме за посебниот конкурс за Јустинијан , мислам дека треба да излезе после октомвриската сесија за апсолвенти може и грешам , претходната година рокот за пријавување на Јустинијан беше до 30 октомври .
^Малку ме загрижува следново- "Во случај на неможност за упис во наведената насока се согласувам за упис во следните насоки според следиот приоритет...." Незнам кои би биле условите освен не доволно пријавен број, ама и тој број би било убаво да се знае. Ако некој знае нешто повеќе нека ми каже, благодарам.