Во пријата што се поднесува при упис, незнам дали ја отвори, конкурираш за една насока , а под тоа треба да ги наведеш другите насоки по приоритет , во случај ако на насоката на која конкурираш има запишано премногу студенти па истие ако се многу ги рангираат по просек, доколку се случи истово ќе те запишат на првата насока која си ја запишала во пријавата како прва по приоритет, ако и на таа има премногу и таму рангираат по просек и да речеме имаш послаб просек од другите те запишуваат на втората по приоритет итн. Сега реално гледано по искуството на постарите колеги , и резултатие од конкурсите што ги имам гледано , никого не го зашишале во друга насока од таа што конкурирал.А и нигде нема објавено број на студенти во која насока колку примаат. Резултатие од претхдниот конкурс ги разгледував на пример на граѓанско и на казнено имаше запишано по 130 од прилика студенти , а на останатите мн помалце
Ема, еве соопштение од страна на факултетот: На Правниот факултет „Јустинијан Први„ во Скопје, согласно конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиски програми на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„ во Скопје, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК во учебната 2012/2013 година ќе се запишат вкупно: • 61 студент во државна квота од кои: - 57 студенти на правни студии-Тетово - 4 студенти на студии по новинарство • 224 студенти со кофинансирање на трошоците за студирање од кои: - 164 студенти на правни студии - 20 студенти на правни студии-Тетово - 40 студенти на студии по новинарство • 27 вонредни студенти од кои: - 20 студенти на правни студии-Тетово - 3 студенти на политички студии - 4 студенти на студии по новинарство Има 164 слободни места во Скопје, влегуваш директно во приватна квота
Еве ти исто соопштение од факултетот што е потребно за вонреден студент, се надевам дека ја знаеш страната на правен ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ ВО СКОПЈЕ НА ПРАВНИ СТУДИИ, ПОЛИТИЧКИ СТУДИИ И СТУДИИ ПО НОВИНАРСТВО ВО УЧЕБНАТА 2012/2013 ГОДИНА При пријавувањето за запишување на Правниот факултет „Јустинијан Први„ во Скопје кандидатите ги поднесуваат следниве документи: РЕДОВНИ СТУДЕНТИ 1. Пријава за запишување со уплата за таксена марка од 50,00 денари 2. Оригинални свидетелства од сите класови од средно образование 3.Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование) 4. Оригинален извод од матичната книга на родените 5. Доказ за државјанство на РМ (оригинално уверение или решение) 6. Потврда за уплатени: • 300,00 денари на жиро сметка: Правен факултет „Јустинијан Први„ во Скопје Банка: НБРМ сметка: 100000000063095 сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11 приходна шифра: 723012 програма 41 ВОНРЕДНИ СТУДЕНТИ 1. Сите горенаведени документи под точките од 1-6 2. За вработени, образец М1/M2 и договор за вработување на неопределено време 3. Лекарско уверение издадено од Јавната здравствена станица на Универзитетот /согласно гл.IV точка 3 од Конкурсот/
Да да ја разгледав и од тоа беше уствари, јасно ми е што значи тоа, ама јас се имам одлучено стрикно за едно, не би сакала не дај боже да нема доволно запишани, а искрено не верувам дека ќе има премногу. На деловно конкретно тоа сакам и тоа ќе одам, какво е искуството од оретходните години Ива? И за меѓународно се мислев,ама сепак одлучив ова, ќе го ставам како втора опција, ама искрено се надевам дека нема да имам потреба да правам компромис во последен миг.
На деловно има исто голема заинтересираност , меѓународно не баш .. не се секирај до сеа на никој не му се десило да не го примат во таа насока на која конкурирал
Е фала ти многу , само што заборавив да напишам дека прва година ја завршив, па прашував за втора, сакам вонредно да продолжам, но најверојатно е истото, само што конкретно ме интересираше колку се плаќа и дали се плаќаат испитите?
Сите се бунеа за ланската година што се смени системот - полагање задолжителни колоквиуми за да имаш услов да одиш на усен испит. Како и да е во секое лошо има и добро. Лошото е тоа што стресот е голем, чекањето од 2-3 саати да за влезеш усно да полагаш кај професорот, а доброто како што можам да забележам дека сите подобро си поминуваат на овој начин на полагање. Поготово годинава кај Родна беше мачкина кашлица.
Разбрав од колеги дека после октмвриска сесија за апсолвенти ќе имало пак конкурс за мастер ?? точно е ?
Може ли од оправдани причини, ама стварно од оправдани со се упут со се да се помести испит за друг термин кога ќе полагаат други + кај друг асистент? Можно е или јок?
Може, само разговарај со професорот/ката, или со асистентот да ти дадат друг термин. Имаат обзир за таа работа. Не се секирај
ти одобрија ли ?? и колешка има сличен проблем , и фалат ситно бодови се обратила преку e-mail на асистентката затоа што не е во мк , не и вратила ништо , а сигурно ги чита затоа што и има одговарано претходно .. ај пиши ми те молам
Ако не сум фатила услов за 2 семестар можам да заверам 3? пошто заглавив со еден испит и сега не знам дали ке можам да заверам?! и дали е проблем ако не заверам..позз
Од кога отвараат студентски прашања,у 10ипол бев и абер немаа да почнат да работат. И што би требала да биде наставната програмата за прв циклус?сите предмети со оцените и освоениѕе кредити(транскрипта)?
Мислиш не си фатила услов за 3 семестар??? Ако си заглавила со еден предмет тогаш имаш фатено услов , знаеш дека треба да имас минимум 14 кредити за услов.Еве ова го пишуваше во соопштението за запишување семестри 3. ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА СЕМЕСТАР ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ НЕМААТ УСЛОВ ЗА ТРЕТИ / ПЕТТИ СЕМЕСТАР, НО ГИ ИМААТ ПОЛОЖЕНО СИТЕ ПРЕДМЕТИ ОД ПРВИОТ / ТРЕТИОТ СЕМЕСТАР Студентите кои немаат услов за запишување трети / петти семестар (немаат освоено 14 кредити од вториот / четвртиот семестар на правни и политички студии или 16 кредити на студиите по новинарство) немаат право да запишат трет семестар и да слушаат настава од третиот / петиот семестар. Овие студенти, доколку ги имаат положено сите предмети од првиот семестар, во текот на зимскиот семестар немаат никакви активности во наставата. За нив, за предметите од вториот / четвртиот семестар, февруарската испитна сесија е редовна сесија. Тоа значи дека студентите ќе можат во февруари да ги полагаат предметите од вториот семестар и да се здобијат со потребните кредити. На овие студенти при запишувањето на семестар за 2012/2013 година во индексот им се евидентира повторно претходниот семестар (Е-2 семестар) и ги поднесуваат следните документи: - ПРИЈАВНИ ЛИСТОВИ ЗА УПИС СО 50,00 ДЕНАРИ ТАКСЕНА МАРКА; - 1000,00 ДЕНАРИ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА, на сметка на Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје Депонент: НБРМ Сметка: 100000000063095 Буџетска сметка: 1600103700-788-11 - Приходна шифра: 723012 програма 41 4. ЕВИДЕНТИРАЊЕ СЕМЕСТАР ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ НЕМААТ УСЛОВ ЗА ТРЕТИ / ПЕТТИ СЕМЕСТАР, НО ИМААТ ЗАОСТАНАТИ ПРЕДМЕТИ ОД ПРВИОТ / ТРЕТИОТ СЕМЕСТАР Студентите кои немаат услов за запишување на трети / петти семестар (немаат освоено 14 кредити од вториот / четвртиот семестар на правни и политички студии или 16 кредити на студиите по новинарство) немаат право да запишат трети / петти семестар и да слушаат настава од третиот / петиот семестар. Студентите кои немаат услов за запишување трети / петти семестар, но имаат неположен предмет од првиот / третиот семестар кој го полагале трипати и не го положиле, треба истиот предмет повторно да го запишат (потребни документи назначени под број 2). За предметите од вториот / четвртиот семестар, февруарската испитна сесија е редовна сесија. Тоа значи дека студентите ќе можат во февруари да ги полагаат предметите од вториот / четвртиот семестар и да се здобијат со потребните кредити. На овие студенти при запишувањето на семестар за 2012/2013 година во индексот им се евидентира повторно вториот семестар (Е-2 семестар) и ги поднесуваат следните документи: - ПРИЈАВНИ ЛИСТОВИ ЗА УПИС СО 50,00 ДЕНАРИ ТАКСЕНА МАРКА; - 1000,00 ДЕНАРИ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА, на сметка на Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје Депонент: НБРМ Сметка: 100000000063095 Буџетска сметка: 1600103700-788-11 Приходна шифра: 723012 програма 41
Ќе сака некоја феминка која е веќе има слушано предавања од Втор циклус правни студии да пише искуство за некој од смеровиве. Конкретно ме интересираат кривично и граѓанско. Или ако некој знае впечатоци од некој друг.
Да си знаете колеги дека уписите за втор циклус се почнати, на дополнителниот конкурс пишува од 3 до 30, а не како што беше во тој основниот од 20-30. Се запишува во Ектс од 12 до 2 саат само. ^Инаку впечатоци што знам јас за кривично и граѓанско дека има голема навалица, дека голем дел на тоа се упишуваат, друго незнам, дека и не ме интересира. Слушнав само дека најнезадоволни биле од меѓународно, најлеви професори и многу биле незадоволни од програмата. Имам сушнато најпозитивни коментари за финансово и деловно посебно за делевно се распарашував дека тоа и ме интересира
Кривично е најтешко.Но и најсреден смер е, со уредни предавања, најдобри и пристапни професори во секое време. Најтешко е бидејќи во 9 семестар имате два задолжителни и два изборни предмети. А во останатите смерови сите се изборни и сите бираат кај Гелев. А кај Гелев, влегуваш и излегуваш со 10-ка. На казнено се учи. Без учење не поминуваш. Бараат внимание и посветеност и на проектните. Другите смерови, вклучвајќи го и граѓанско се полесни. За литература да не зборувам, повеќето книги се на Камбовски. Први се во полагањето на испити. Значи порано се завршува. Јас имам само пофални зборови за смерот. И доколку сте за учење и знаење, упишете се на смерот, но доколку се упишувате за само да ги земете и овие две години, тогаш во секој случај подобар избор ви се деловно и финансово. Лесни се смеровите, не замараат многу, а и не бараат. Плус Гелев .
^Јуле што да праам што Кривично со очи неќам да видам И плус мене Камбо ми има предавано, неможам да се пофалам дека можам да ги оправдам 9ката и 10ката кај него, за жал И граѓанско не е ич лесно, Арсен знаае да си биде катилче. На деловно редава 2 предмети. А и ми влече само деловно и меѓународно, ама ова второ ми е накако да кажам, потешко за барање на работа. Со друиве смерови се повеќе пече занат. А да те прашам, знаеш ли како се полага,ми кажа дека е усно, и мене искрено ми е многу драго што е така. Јас незнам да полагам на заокружување и го мразам! П.С што предава Гелев?