JuLIee, морам да те демантирам, јас како тазе магистрирана на деловно можам да кажам дека смерот е среден и предавањата и изборни и секако задолжилетни предмети не се од ракав извадени и не се сите кај Гелев.Еве на пример јас имав само 1 предмет кај Гелев во 7 семестар и тоа задолжителниот,а другите си ги бирав кој од казнено, кој од финансово и граѓанско.Не се сложувам со тебе дека ако сакаш ради реда да ги завршиш тие 2 год од мастер запиши се на деловно, затоа што лично јас не лежев и не се глупирав само затоа што сум на деловно, туку учев и повеќе него првите три години, така да кога не си била дел од некоја група те молам не споделувај информации, за кои немаш доволно сознание.
Ако не сакаш кривично, тогаш подобро избери друг смер кој ете ти лежи. Да не ме сфатите погрешно, не дека на деловно не се учи, се учи, ама постојат опции и полесно да се мине. Инаку се полага писмено на раскажување и усно, зависи како ќе се договорите со професорот. Битно се дава шанса, конечно, да полагаме на овој начин, кој и според мене, е далеку подобар. Ќе ја согледаш разликата, колку е подобар, полесен и повеќе се учи вака. Инаку Гелев предава предмети од областа на Деловното право, не знам точно кои. Арсен воопшто не е проблем, барем што слушав од колеги. И на овие смерови се учи, само што се пофлексибилни, за разлика од казнено, каде што постои еден ред и малце се построги, а и бараат професорите. Граѓанско, за разлика од претходните години, сега е поолеснат, Родна не ги мрси работите, напротив, слушнав само позитвни критики . Знаеш на секој смер има по некој намќор, ама во целост се по ок од додипломските студии. Се надевам дека ти помогнав . Во случај да имаш уште прашања, слободно прашувај .
НЕ се плашам од учење, не ми е проблем. Сум чула позиитни критики и јас за казнено, ама со сила учев и кога полагав пола саат се смеев да не сум утнала нешто со привиден стек А и немам занење, искрено, најкатастрофа сум, од сите смерови. И не ме влече. Да имав поише кеш ќе идав во Холандија на меѓународно право и евроспко право, ама тоа е,премногу пари се за мене тоа. Фала ви во секој случај на информации, утре идам да се упишувам за деловно сум 100 посто одлучена, иаку Арсен не го сакам баш и ми е страв дека е катил и Софија Тодорова, и мајка ми дури ја знае дека е лева малку, ама сепак не се гржам толку, со учење се се постигнува. И за Арсен што се не збореа, ама ти што учевме сите поминавме.
И како што ми тргна со прашањата денес, ај уште едно за смеровиве, понов е, овој за интелектулна сопственост што е на Англиски? Според брошурата ми делува како нешто ептен добро, ама сепак да си прашам, да не сте запознаени случајно со него, нешто поопширно.
па со триста глупости, со потвдра од лекар дека сум оправдано отсутна, со молба, и да ми се потпише продеканот.. уште не ми е потпишана го немаше на работа, али си полагав без проблем.
Хипстер лани мислам дека го пуштија. Многу малце луѓе отидоа на тој, вака искуства немам чуено. Ми спомнаа дека бил поскап од другите смерови (2000 евра година или слична сума) ама немам некоја 100% сигурна информација. Колку што знам тие што беа прва генерација бесплатна им беше првата година Имаш отворен ден, баш прееска прочитав, има соопштение на страната на правен, можеш да отидеш Инаку излезени се некои нови брошури? Каде ја зема, од правен?
Аха, утре е, ај баш ќе идам секако и ќе видам можи последен миг да се пишманам,ама не верувам. Брошуарата ми ја прати асистента моја, а стара е мислам од лани,зашто од Јуни месец јас имам. Инаку бесплатно беше нешто да, или за 200 евра семестар се упишаа, ептен вајда дека беше нов па да привчат,ама многу малку луѓе 10-20 максимум. Изгледа малку примамливо, дека на англсики,соработка со странски професори, ако е така е стварно супер, ама ако се само наши профсори, е глупо искрено. A и пишува дека се здобиваат со 2 дипломи, наша и со Стразбуршка, универзитет од Стразбур. Ама па некако ми е и многу е конкретно, иаку ме интесера само патент од предметите. Оф незнам веќе, мразам вака 5 за 12 да се премислувам
Јас сакам да се запишам на тој смер , ќе идам утре на тој отворен ден , има соопштение прочитај . Инаку иста цена е ко другите смерови отвори на страната ќе видиш пишува се.
Порано било безпари мислам затоа што е темпус проект подржан од европска комисија и предаваат и наши и странски професори. Оваа година е 2000 евра за 4 семестри
Да да видов и знам дека е 2000 евра. Ама чекај, се стекуваш со 2 дипломи на крај, наша и од Стразбург? Вистина е тоа или мачкаат очи. Вака сега дека онака убаво го разгледав, нема лоши предети и 2 години е, т.е има и со 4 семестри и со 2. И пријавувањето е до подоцна, до 25 Октомври за овој смер, аа треба и онјлан да се пријавиш, и плус СV и мотивационо писмо. Незнам, сега се збунив. Дај Иви кажи да не знаеш некој впечаток повеќе за смеров, какви се зборовите од лани студнтите, јас незнам никој кој се запишал на смеров до сега. П.С `се се учи на англиски, или само одредени предмети. Зашто прогларама е цела на англиски. Дали треба EFC да се има положно, како доказ дека за English proficiency?
Смеров е пуштен од 2010 мислам како што разгледував. Има другар на другарка што бил запишан па вика се полага писмено на заокружување нешто имало и усно и не било баш толку тешко , јас не верувам мн мн на вакви рекла - казала муабети затоа сакам утре да отидам и да видам што како , и да е тешко сепак се исплати, да 2 дипломи се добиваат. А за пријавувањето пишува или онлајн(затоа што се запишуваат и луѓе од србија бугарија грција и сл) или документите да се пратат на правен ( ние може во ектс да ги оставиме) . треба да имаш и доказ дека знаеш англиски . е сеа тоа сакав да прашам дали може да биде потврда од школо за странски јазици или мора тие toefel fce тестови . Ама ќе дознаеме се утре Се е на англиски и предавањата
Оф, тамн се одлучив за деловно, и го видов во компјутер флерот од лани и се замислив, мрзам у 5 до 12 да одлучувам. Ќе идам утре у 7ипол, секако уписиве траат до 30 има време за упишување. Малку ми е сумјиво дали сите овие професори што се на страната предаваат, странскиве мислам, да не мачкаат очи. А и за вработување, малку на мисла ме става тоа само. Оф незнам стварно незнам што да кажам. Има некој магистирано до сега тука значи ако е од 2010 година пуштен смеров.
Хипстер и јас се мислев за смеров, баш заради двете дипломи, па се учи на англиски, ама се предомислив. Истите тие предмети, речиси повеќето ги имаш на деловно. Плус каде ќе работеш со овој смер. Нема работа, а и кај нас патентите и интелектуалната сопственост не се баш во подем или пак има работа за вакви случаи. Кога ќе видеш и не е баш добра опција. Деловно е подобро, а и во пракса најмногу работа има од оваа област. Сеедно дали ќе работеш како адвокат или правник во фирма.
Да Јуле мајками истово ми го збори. Патент е многу добро, ама иднината кај нас ми се гледа тек за 20 години ако не и поише. Деловно ми е попширно, и е ограничува за разлика од ова. И сега се чув со мојата асистентка и убаво ми кажа, мораш да имаш тоефл, не ефси, дека се слуша на англиски. Така да жабе да не си праам бајрам со мозокот, добро е одма се информирав. Инаку на првите 10 рангирани,лани им дале стипендија и затоа учеле бесплатно. Готово решено е, нема премислување.
Eе па фала на информација тогаш , мене највеќе ме интересираше каков вид на доказ дека имаш познавање англиски бараат. Инаку тоа што ќе го завршиш на мастер сепак нема везе со тоа што ќе го работиш , секако дека треба да си избереш тоа што сакаш да го учиш , меѓутоа работодавачот ти бара да имаш 300 кредити не конкретен смер, имгам другар кој магистрираше казнено , сега работи на граѓански предмети. Во нашава земја ако сакаш имај и 100 факултети завршено можно е да не најдеш работа , не се цени квалитет . Мене затоа ме интересираше овој смер од причина што добива диплома од странство што ти шири можности за работа.
Дали е можно со диплома од три годишни студии на правен факултет во Скопје постдипломските да се студираат надвор од Македонија и каде? Меѓународно право на пример?
Мила да си ми жива и здрава за прашањево, ја отворив темава, само за да го поставам истово прашање. Стварно, де некоја поинформирана феминка да не упати
Ова што ќе ти го пишам не значи дека е 100% точно ,ти кажувам муабет кој ми го пренесе другарка ми . Она ќе оди во словенија , најпрво 1 година да научи јазик па ке се запишува на факултет, како што се распрашала факултетите се бесплатни под услов по завршувањето да се вратиш во мк и да работиш 3 години . Ако дознаам нешто подетално ке ти пишам
Ама другарката твоја ќе се запишува на додипломски како што сфатив јас. Јас прашувам дали е можно меѓународно право (не знам дали и друго можи да се учи надвор од земјава), постдипломски студии, да се студира надвор од Македонија откако овде си завршил 3год на Правен Факултет Јустинијан Први? Ако некој знае каде е можно тоа, колку пари чини и какво право се учи нека пиши. Благодарам!