На постдипломски ке се запишува , има на правен завршено со 3 години ,оваа година заврши . Ај баш ќе ја прашам деновиве убаво ќе ти објаснам да не ти давам грешни информаци.
Здраво девојки јас сакам да ве прашам дали присуството на предавањата на постдипломски студиии е задолжително и дали ќе имаме предавања секој ден посебно ме интересира за предавања казнено право и граѓанско право.Друго што сакам да ве прашам јас планирам да пријавам постдипломски студиии преку електронско досие затоа што постапката за издавање на уверение ми е во тек ,дали мислите дека може да има некаков проблем околу тоа ?
Ќе може некој да ми каже нешто за Тупурковски (меѓународно јавно право) Гелев (право на друштва) и С.Георгиевски ( вовед во право на ЕУ)?
Нема да имаш проблем за пријавување , на самиот конкурс пишуваше дека право на запишување имаат оние на кои уверението им е извадено или им е во тек .
Предавањата не се задолжителни, нема никакви списоци или евиденции кој кога присуствувал. А на мастер студии, има и студенти кои веќе работат и не се во можност редовно да доаѓаат. Исто така се почест е бројот и на студенти кои се враќаат во своите градови (поблиските до Скопје-Велес, Куманово, Гостивар и сл.) па и тие редовно не присуствуваат, а професорите имаат разбирање за овие појави Предавањата обично се 3-4 пати во неделата. А за упис немај галје со сигурност ќе се запишиш, ако немаш готово уверение, тоа ќе го подигниш дополнително. Позз Ќе ти кажам за тие што ми имаат предавано и ова е пред се мое мислење Тупурковски ми нема предавано па за него нема да коментирам Гелев = секако си положен со големи можности за вискока оценка од 8 па нагоре. Со овој проф. никој нема поблем, дури не го видиш не можиш да претпоставиш за што ти зборувам. Тој си предава, си кулира, кој сака оди кој сака не. На крај сте сите положени и точка. Георгиевски поодвратен и позанесен проф. нема на правен. Ај да имаше некакво знаење како на пр. Малевски о.к, а вака Кај него ништо не се учи, замара со глупости, а вака не е лош. Мене уствари малку ми предаваше зошто ги пушташе цело време неговите мили и драги демонстратори кои немаа врска од ништо и читаа од учебник кој беше стар од 86 год. А на испит и есеј, цела катедра се покажа многу лошо, со лоши прашања и многу паднати студенти.
Tупурковски дојде само два пати на предавања. И ми остави впечаток, како човек со многу знаење, како добар професор, човек шо на прост начин ти ги објаснува работите, многу добар човек. Ама за жал иако он ми беше професор, предавањата ни ги водеше Фрчко и Елена. И Фрчко беше добар, но на повисок стил ни предаваше, на некој негов начин, го правеше многу интересен часот, имаше и дискусии, ама за да сфатиш од предавањето подоар беше Тупурковски оти со некои за нас поблиски примери ни ги објаснуваше работите. Елена малку тупе, мислам дека она ке ти биде асистент, некогаш знае многу да замара и да се испонаша арогантно. Се надевам дека годинава Тупурковски ке ви иде на предавања Гелев, ах Гелев, кај него секако ќе имас над 8 како што веќе ти кажаа. Треба само еднаш да го прочиташ законот, нема да имаш кај него никаков проблем. Секако си положена С.Георгиевски, незнам многу за него што да ти кажам. Не е нешто посебно кај него на предавања, онака просечно накај досадно, иако право на ЕУ може да биде доста интересен предмет. Мене ми предаваше само првите 6 недели, и штознам не ми остави ни впечаток ни па нешто научив од него.
Тупурковски не ми предавал, ама имам многу позитивни работи слушнато за него. Скоро сите му одеа на предавања сакаа да го слушаат. Фрчко ми предаваше мене, он доаѓа ради реда, предава на две на три и ај со здравје, нема никаква интеракција, ама ако Елена ти е асистентка би ти советувала да одиш обавезно на предавања. Бара да ја слушаат и да бидете внимателни на предавањата ама и вие имате огромна корист. Многу темелно објаснува така да 70% материјалот ти е спремен само од предавање. А и многу може да ти пријде во пресрет за поени или за есеј. Be respectful и немаш гајле. Гелев не ми предавал ама сите ми кажале дека е лабаво ич нема потреба да се замараш за поени, давал не лепе очи Биди среќна што не си кај Градишки (The Horror of It ) Сашо е злато, мене ми е еден од најомилените, си има став човеков, си тера по негово, не ебе жива сила околу. Спремен е за предавање и паметно зборува. Не се држи стриктно за материјалот, оди малце поопширно и според мене вреди да се слуша. Обрни внимание на предметов од почеток и нема да си имаш гајле(остави ги тие што ќе те плашат дека е тежок - нема врска). Кој и да ти е асистент (Илина или Михаил) немаш гајле и двајцата се цареви. Е втори 6 недели кога ќе ви дојде Барби ќе превртуваш очи
Утре ќе знам која група ќе бидам конечно. Сакав да прашам каде е подобро, кај Астеруд или Тасковска ( Вовед во право ) ?
Мене ми предаваше Тасковска и таа жена колку шо не испозафркна сите, никој до сеа не нема зафркнато.На некој му се одмили факултетот ради неа. А за Астеруд незнам, само знам дека повеќе барала од Тасковска, оти тасковска со студентите се понашаше како со дебили
Ако Тасковска се понаша како со дебили тогаш Астуруд е дупло бетер. Два огна се професорките и оценката и односот и кај двете зависат од тоа на која нога станале тоа утро, еден ден фино и културно ќе ти се обрати, ќе објасни, сослуша па и помогне ама па друг ден може да ге избрка и избрука. Сум слушала шредмети и кај двете и мислам дека сепак Тасковска е за нијанса подобра, ипак Астеруд превише фригидно и препотентно делува.
Зошто скратиле по една група во секоја година?! Отварам распоредот гледам, за 5-та група нема распоред и се чудам, распоред само до 4-та група. Така и за прва и за втора година. Од 5 во 4 групи ќе не накрцаат сега. Којзнае како ќе не измешаат. Туфф... ама се напнав...
^^Старфишке тоа е зашто доста студенти не ја поминале прва или втора година, и групите се помали, па наместо 5 направиле 4 за да им биде полесно, помалку предавања, помал задолжителен број на часови и сл. Јас во прва кога се упишав бевме две групи од по 60-70 студенти, во втора една група од 60-70 а во трета некои 40тина. Се чистат студенти а они си олеснуваат.
Претпоставував дека е заради тоа. Стварно има голем број од моја генерација што услов не фатија, ама па, јас мислев дека и тие имаат право да слушаат предавања. Се надевам само дека нема да не разместат многу, сакам да си бидам меѓу луѓето што ги знам.
На сестра ми и предаваат Љ.Фрчковски- МЈП С.Георгиевски- Вовед во ЕУ Т.Каракамишева- политички систем Градишки-Лазаревска-Право на друштва Ај ве молам кажете ми по нешто за секој од нив Фала )
Јас завршив граѓанско право годинава и да ти кажам искрено сум многу задоловна. Имавме предавања секој ден од 4 до 9 сатот. Не секој ден останувавме до 9. Предавањата не се задолжителни, ама би ти препорачала да одиш на предавањата бидејки ќе ти бидат многу корисни. Посебно предавањата што се пред испит бидејки скоро сите кажуваат на што да се обрне внимание и во глобала од тоа што кажуваа паѓаа прашањата. Јас бев граѓанско материјално смер (нели првиот семестар сите заедно после се делите на процесно и материјално), бевме 10 души на смерот и предавањата ни беа менторски. Се договоаравме со професорите кога да ни биде испитот. Си бара доста учење ама ништо страшно. Изборните предмети се кај проф, Родна, проф. Јадранка проф. Арсен проф. Дејан Мицковиќ, задолжителните кај истите професори, во глобала. Во однос на уверението не се секирај. Јас кога ги поднесував документите немав уверение,само на пријавата ќе наведеш дека се води постапка за издавање на уверение, па кога ќе го добиеш дополнително ќе го однесеш во ЕКТС. Ако било што те интересира од граѓанско право слободно прашај
Ако ме прашуваш мене, кај ниту една. Астеруд ме намачи мене а богами и цела генерација не е задоволна од нејзините оцени ....уфффффф! А Тасковска како што знам, има многу гадна скрипта за учење, при што не се разбирало ништо внатре и многу била за*бана за усен испит... На крајот на краиштата сепак зависиш највеќе од расположението на професорот во моментот
Девојки бидејќи гледам дека давате мислења за одредени професори ќе ве замолам за искуства и мислења со: Бужароска, Камбовски и Тупанчески. Благодарам
Бужаровска е супер, ми предаваше последниов семестар казнено процесно. Доаѓаше 6 недели, бидејќи ги делеа предавањата пола-пола со Калајџиев, ама убав впечаток ми остави. Јасни и се предавањата, убаво објаснува и воопшто не е досадна. Тупанчевски ми предаваше казнено во втора и кај него на предавањата обично имаше наголема посетеност, пошто е ептен интересен. Јас кај него ниту едно предавање не испуштив. Објаснува преку конкретни примери и секогаш бара мислење од студентите за некој одреден случај. И знаеше да си биде перверзен Камбовски не ми предавал, ама од искуство на колегиве, знам дека бил досаден. А богами и според книгата (бидејќи и ние учевме од неговата). Казнено право мене лично ми е многу интересна материја. Бара многу размислување и поврзување на работите и преку примери секогаш полесно се разбира. Ако те интересира казнено, не би требало да имаш проблем. Јас со мерак седнував да учам, ептен ми беше интересно (ако не ги сметаме оние баш теоретски лекции кои се стандардни во секој предмет).
Фала ти на одговорот Но како мислиш превезен ова ме збунува, од други не сум чула вакво нешто за проф. Тупанчески