Па на пример ќе ти дојде и ќе те праша: Колешке, кога можеме да кажеме дека постои обид за силување? Кога сторителот ќе ја фати жртвата? Кога ќе почне да ја соблекува? Кога ќе и го откопча бодито, кога ќе и ги соблече хулахопките? Кога ќе почне со сексуалниот акт? Затоа што знаете, она што за некого е почеток, за друг е крај
Сите тројца професори се супер на свој начин. Проф.Бужароска е добра, предавањата и се повеќе од јасни, кај неа најмногу се учи на час. Иако на прв поглед делува како лош професор, мојот впечаток е спротивен. Таа е крајно фер спрема сите што се дојдени за наука и следење на предавањата. За другите-друга приказна. Проф.Камбовски е најстар во оваа група што значи најдосаден. Неговите предавања се најслабо посетени, што не значи дека на нив нема што да се научи. Само е многу монотон и воопшто не е интерактивен со студентите. Проф.Тупанчески вистина е интересен, некои го викаа шоумен, бидејќи правеше шоу од предавањата. Неговите предавања се пред се само интересни, но за да се научи нешто повеќе не се. Сега гледам дека истите прашања и разлислувања ги поставува на сите генерации наназад. Дел од прашањата ги остава и неодговорени. На почетокот ти е интересен но после заклучуваш дека 12 недели само си се смеел, а релано знаење од предавањата многу малку.
Значи конечен одговор. Ти погрешно си ме разбрала. Јас не реков дека проф.Тупанчески е строг. Тој е еден од најомилените и најдобрите професори. Само сака да прави многу смеи и преку шега и примери да ги води предавањата. Колку и да пишувам нема убаво да ти објаснам. Треба да појдиш на предавање и да видиш зошто го држи епитетот на НАЈомилен професор. Стварно е супер и не за џабе има најпосетени предавања. И воопшто не е строг, ни за испити ни за поени. Со еден збор супер професор е .
Не е строг, туку нспротив, секогаш е коректен и достапен за студентите, и знае да те ислуша и да ти помогне, флексибилен е и секогаш можеш да го најдеш во канцеларија . Неговите предавања се најинтересни, најпосетувани, а баш преку овој начин се учи и памти многу. Преку примерите можеш да научеш многу. Сеуште ги памтам. Нужна путативна одбрана ја објасни преку пример. Ете сеуште знам што е тоа. Од него не очекувајте дефиниции. Во текот на тие 12 недели ќе научите многу, преку примери и случаи, во една одлична атмосфера. Е сега оние кои бубат и имат просек 10, обично се губат на ваквите предавања и им се досадни.
Ке ве молам мислење за Д-р Д. Тасковска Д-р А. Стојков Д-р М. Гризо Д-р Ј. Бачовска.......... што бараат,како се полага кај нив,какви се и слични работи????
Како што се учи историја, се чита, еднаш два пати, и знаеш да го раскажеш, како приказна. Незнам како ќе полагате, дали на заокружување или усно, но мислам дека историја е најлесниот предмет и стварно нема потреба за големо замарање. Е сега детали ќе требаат ако е на заокружување, тоа се цаките на тој систем на елиминација Ако е усно или со раскажување прашања, треба да се знае суштината.
Da prasam dali znaete dali e pocnato so predavanjeto ovaa 2012 od koga pocnuva predavanjeto koe nosi poeni ?
Сите предавања носат поени ако креваш рака и си активна на час. Дали некој знае Вовед во право на Еу на есеј што давале последниве 2 сесии,бидејки Татјана у јунска сесија мислам дека кажала што ке се падне и на што да се обрне внимание на есеј?
Овие не се нормални Соопштение Се известуваат студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први„ во Скопје да не ги користат услугите што се нудат на веб страницата www.printonline.mk. За услугите што се нудат на овој веб сајт, а со кој грубо се повредуваат авторските права на нашите наставници и соработници, Правниот факултет поднесе иницијатива за поведување кривична постапка и утврдување на кривичната одговорност на сите инволвирани лица во случајот.
5ти семестар мн си го сакав....посебно Облигационо право,мн интересен предмет супер професорка и асистентите се одлични.Финансово исто е добар предмет се сваќа уште на предавање а и за учење е лесен освен некои така темички ......Применета економика те советувам да си фаќаш бодови за активност пошто на есеј се мн скржави и ако немаш ни активност а ни добри бодови од есеј малку повеќе ти треба да се помачиш .....инаку е океј.Ееее филозофија некако ми остави најлош впечаток посебно заради Астеруд која не изнамачи,па не ни даваше поени кои ги заслуживме од семинарски ,се тоа поради нејзин некој слаб контакт со асистентот,нас не кошташе оценка или две помалку,а за некои и тешко положување.Значи сума сумарум добар семестар.....онли филозфија
Додипломски - правни студии, политички студии и студии по новинарство. Мастер студии- Административно право, граѓанско материјално и граѓанско процесно право, деловно право, историја на право, казнено право, меѓународно право и меѓународни односи, римско право и приватна- правна традиција, уставно право, финансии и финансово право.
Ќе може некој да ми каже од кој материјал се учи мегународно јавно право... дали уште се учи од скрипти што ги даваат секој час...? И ако може предходно искуство по предметов за полагање како се полага усно или писмено бидејки ми е презапишан и секако по новиов начин на полагање..
Како ви е сега по новово за додипломски- има 1 слободна недела за учење пред колоквиуми ? Исто ви е како порано, 6 недели предавање, 7та слободна и после неа колоквиуми?
Исто е Руби. Сакам да ги прашам од ланската генерација ако се сеќаваат кои датуми ви беа дадени колоквиумите, имале ли барем ден-два измеѓу или се накрцани и како идеа по редослед? Мислам дека со социологија на право ќе го скршиме мразот!