Лани за првите колквиуми беше добар распоредот сите беа преку ден, а мислам дека беа петок Социологија, понеделник Историја, среда Економика и петок Вовед, али не се ослонувај на овој распоред ги менуваат според термините на датумите.
ке ги замолам тие што се сега втора година по новиот начин на полагање да ми каже како се полага МЈП и Бовед во право на ЕУ кај професорот Сашо дали усно или писмено
Jaс Мјп го положив лани кај Денко Малевски писмено полагав.Материјалот беше од тие скриптите он што ги дава секој час би требало да ги имаш кога веке еднаш си го слушала.Се пагаше скоро се ,освен од скриптата за прв колоквиум тие конвенциите знам дека од тоа немаше многу прашања (памтам мене од таму ми се падна за чикашка конвенција за загадување на воздухот мислам дека беше не ме држи за збор , за свемир и за емисија на честици и за правото на морето ).Другото се беше од малите скрипти а од нив се трееба да се знае.Е сеа со новото не знам како ке испрашува мада во глобала тоа е материјалот ако не го сменил тоа што се паднало на писмено ке го испрашува и на усно. На есеј имаше од едната страна на листот за 10 поени раскажувано тема мене мислам дека ми се падна улога на признавањето на државите , а од другата страна имаше 5 прашања исто за 10 поени.
Дали некој може да ми каже дали е задолжително да се пријави мастер преку електронското досие или пак може и без тоа само со поднесување на документите на ектс шалтерот на студенски?
Не доаѓа. Не сум прва, ама можам да ти кажам дека и пред две години не доаѓаше. Дали еднаш во цел семестар дојде. А и тие што беа постари тогаш, ми кажуваа дека не доаѓала и во нивно време. Така да, не се надевајте на неа многу.
абе знам дека не доаѓаше порано , јас завршив и само нејзинот потпис ми фали неможам никако да ја најдам женава. Затоа прашав некој од прва да ми каже , може за некое чудо им доаѓа на предавање
Уште 2 недели имаме до колоквиумска недела. Многу ми е страв!! Економика ( цетерис парибус ) и Социологија посебно Аааааааааааах!!!!
Ајде некој од новите генерации втора година што се да ми каже како ќе се полага Вовед во право на ЕУ и треба ли 5 глава да се учи некако ми се чини дека испитот ќе биди баш тежок Ајде некој кој оди на предавања кај професорот Сашо Георгиевски да каже што кажуваа во однос на полагањето за предметов ... pleaseeee...
Да задолжително е за сите студенти кои завршиле додипломски студии на правниот факултет 'Јустинијан Први" Скопје,(доколку таму запишуваш мастер). А кој смер ќе запишеш,бидејќи и јас се запишав на казнено право
Има ли некој што запишал мастер студии казнено право на правниот факултет во скопје,да ми каже од кога почнуваат предавањата,бидејќи на нивната страна стои само распоредот а не пишува од кој датум се????
Девојки имам едно прашање во врска со Магистерските трудови кои се бранат на Правен. Дали знаете дали магистерскиот труд има оценка (освен она положил/не положил), мислам дали во Извештајот што се подготувува за на ННС трудот се оценува со официјална оценка (пр. 6,7, 8 ...) ?
^Mислам дека има оцена, затоа што носи и кредити магистерската, башка и цел семестар ја спремаш, мене ми е сосема логично да носи. Кога на други факулети кои бранат диполомска, таа си носи кредити и се става оцена, најјлогично ми било магистерската да има оцена. _ Прашање едно до тие што се прва година сега, кога ви ги дадоа индексите, после колку недели од упис?
Ти благодарам Hipster, но магистерскиот труд со самата одбрана носи 30 кредите со она го одбранил, без разлика со која оцена. Ај ве молам некој што имал лично искуство или сега брзо бранел, нека ми каѓе како е всушност оваа работа оти ме збунува малку .
Јас бранев во јануари месец нема оценка трудот. На ННС се одлучува за тоа дали е подбна темата. На крај од одбранта се кажува само дали успешно си го одбранила магистерскиот труд или не. Оценка нема. И во уверението нема оценка за магистерската туку само предметите што си ги полагала и на крај дека со одбраната си се стекнала со 300 кредити. Поздрав