Дали на правниот факултет ако ги положиш колоквиумите идеш и на испит, или само колоквиуми се полагаат? На некое факултети е како првото , а на некои како второто.
Sega po noviot nacin se polagaat vlezni kol pa potoa se odi na ispit ili pismeno ili usno zavisi od profesorot
Ме интересира дали некој од вас аплицирал за ваучер за компјутер? Сакав да аплицирам ама колку што знам треба уверение за приходи, а моите не се вработени...
Ќе извадиш од Управа за јавни приходи потврди за примањата на родителите. Во потврдата пишува по кој основ кој колку приходи има. Два дена процедура е од прилика само не знам колку и дали воопшто се плаќа за тие потврди, а и да се плаќа верувам дека е нешто минимално.
Па интерни можеш да одбереш некој од овие предмети: социологијa, историја, филозофија, класични јазици... а екстерни македонски и англиски.
Дали имате материјал на тема ''Извори на правото во раниот феудализам''? Ми треба за семинарска по историја на право.. Никаде неможам да најдам материјал..
ајде пак да си прашам...паничиме овде за испитиве оти полагаме прв пат сеа на мастер....знае ли некој како се врви на испит по казнено-мастер?? со учење да ама во смисла дали е тешко дали е лесно...прашањата дали се двосмислени :/...или усно како е??????????????/
Вовед во право Учам вовед во право и моментално сме до ,,Поим и елементи на правната норма" па ми требаат десетина примери за хипотеза на диспозиција и исто толку за хипотеза на санкција.Ве молам некој што има познавање околу оваа тема ако може да ми помогне. Фала однапред
Може ли да земам биологија како втор интерен предмет? Или информатика? Едит:За да одам на правен...Инаку сум природноматематички смер и не можам да земам социологија, затоа прашувам.
Не можеш биологија. Во конкурсот од лани провери, ама знам дека само општествени науки можеш и тоа набројани беа кои предмети. Бизнис, историја, информатика можеш.