Јас полагав социологија и филозофија и немав проблем. Lanicka95, провери во некој конкурс, мислам дека таму ги пишува предметите што имаат предност при запишување. Не мора да биде конкурс од оваа година, можеш да најдеш и од лани.
Јас сум запишан на деловно право 8-ми семестар сум (модул трговско право) и е добро организирано. Си држиме предавања и е ОК.
Девојки ме интересира дали некоја од вас студира на Правниот факултет за новинарство и кои се вашите размислувања околу тоа? Слушам и читам сите различно викаат за правниот, многу се учело, многу барале, електронски било се, преполно било, после ќе неможеш работа да најдеш блабла. Многу ќе ми помогнете ако некоја од вас ме советува и онака не знам дали да се запишам таму
Феминки, ај малку помош Правиме есеј ГПП, треба да пишуваме тужби. Ни даде таа некои примери, ама не требало тие да ги пишуваме ако сакаме повеќе поени. Може ли да ми дадете пример која тужба да пишувам, како, посложено, поедноставно... ? Каков и е принципот на оценување?
Ако ви ги прегледува Милка, тогаш за повисоки поени бара малку покомплицирани тужби. Ние кога полагавме, скоро сите од колегите се имаа снабдено со реални тужби земени од адвокати. Што да ти кажам право ни создаде малку конфузија, бидејќи некои од правилата за пишување тужби кои ги учевме, не беа применети. Малку во подруг стил беа напишани. Јас ако добро се сеќавам добив 17 поени, а ми се чини дека пишував тужба за продажба на коњ Коњот бил болен, продавачот не го известил купувачот за тоа, па сега овој го тужи. Не ми беше којзнае колку комплицирана тужбата, јасна ќе беше пресудата, ама ете не добив лоши поени.
Не е Милка, туку Татјана, Тања (висока, слаба, со виткана коса) Инаку и јас најдов некои тужби и како што кажа ти, не се совпаѓаат баш со она што сме го учеле... Таа ни кажа дека ако напишеме за развод на брак - да не очекуваме високи поени, а исто и за некои други поедноставни тужби. Е сега, проблемот е што таа не ни кажа конкретно кои се тие поедноставни тужби.
Па вака сеа...Колку години се учи факултетов ? Дека една моја комшивка ми рече ја фатила се на се 7 или 11 години,завршила,стажирала...Ај ако може некој да ми го каже овој процес ?
^ 3 години додипломски, 2 години мастер, стажираш 1 година или 2 зависи каде( во адв канцеларија 1, суд мислам 1, а некоја институција 2 год) и после можеш да спремаш правосуден, нотарски или за извршител. Правосудниот е најобемен. Ова е за правни студии, за политички и новинарство незнам како оди после мастерот, а иначе е исто 3 додипломски+ 2 мастер.
феминки ајде мала помош ми треба некој кој е прва или втора год на правни студии по нов начин да ми пише во ЛП какви прашања даваат историја на право на завршен ..... па може и пример ако се сеќава некој:???? tnx
Писмено, на раскажување, 2 до 3 прашања, а за пример некој што знам..за Сад да речеме, за Германија, за Франција...тоа..со среќа
Ми згрешиле оцена во досие Дури сега гледам, дека ми стои 9ка, со 85 поени а јас имав 10ка со 98 поени. Ставена ми е 10ката и во индекс и во пријава, уште од јануари месец. Што да правам да му пишам на професорот сега? Дај боже да не треба да се расправам во администрација, немамживци стварно. Среќа тој професор и сеа 2 предмети ми предаваше и има прекрасен однос и комуникација со нас, ама пак се изнервирав многу Битно е досието или гледаат според пријави на крај?
Може ли некој да ми каже кога отприлика се организира сесијата во август или септември (како и да се води ) ?? И дали ако ја пропуштам сесијава сега што е во јуни можам директно да полагам во август или ќе треба да го презапишам предметот?
Сесијата во август/септември е редовна сесија, значи исто какооваа во јуни, или пак ви јануари. Ништо не треба да презапишуваш, освен ако не ти поминале 3 редовни сесии заа тој предмет. На пример можеш да полагаш предмети кои ти останале од јануарска, јунска сесија, но да не ти поминале 3 сесии на кои си имала право да полагаш. И да не не се појавиш на испит сега во јунска, можеш слободно во септември да го полагаш и ништо не се плаќа.
Знае ли некој од Казнено Мастер...како се полага Казнено-материјално-применета? Знаеме дека ќе биде случај но нешо насоки ако знае некој ???
Му се случило ли на некој да нема идено на предавања по одреден предмет и да неможе да полага колоквиуми ? Треба ли да се презапише предметот ?
Како тоа не можеш да полагаш колоквиуми, те нема на список? Ако е така ке одиш кај драги со индекс у рака и ќе му речиш да те ставе на список. Ако почне да јаде бурек, ке му кажиш дека мора да полагаш и да не изиграва болен мајмун.нека не се занесува многу. и стој му до него додека не те запише. Ако тргне некаде ти по него оди, оти може да се заебава. И неможе да не полагаш колоквиуми. Нема врска дали си одела или не си одела затоа што јас по некои предмети ни еднаш се немам појавено на предаванје а сите можам да ги полагам. Те испуштил он на список а не си ти крива.
Не не, туку не ми го отвара предметот во досие затоа што немам посетувано настава, и сега за поправни колоквиуми неможам да го пријавам за да полагам.Значи се немам куцано.
Не е и до тоа. Незнам шо да ти кажам.Ако си пробала пред малку т.е денес, имаше проблеми, и јас пробував да отворам досие па прво не ми отвораше воопшто, па после некеше предмети да ми отвара. Почекај и пробај вечер пак. До кога е рокот за пријавување? На крајот ако не бива да го пријавиш, на денот кога ќе има полагање по тој предмет, ке одиш и ќе те нема на список, а тие шо ги нема полагаат у последниот термин, и ке го направиш сето тоа погоре шо ти го кажав со драги, и ако те праша кажи му дека си пријавила и дека не знаиш зошо те нема на список
^Му кажав на Драги, тој ми кажа дека немам одено на предавања и затоа не ми го отвара, незнам што да правам... и му пишав што треба да направам и тој ништо не ми врати...