Девојки, има некоја што била на мастер ГРАЃАНСКО ПРАВО? ај некоја нека ми каже нешто повеке за насоките ГМП и ГПП? кај нас годинава многу малку се записаа на мастер, зошто незнам а мене искрено страв почна да ме фака. Незнам зошо сите заминаа на финансово и деловно? Мислев многу ќе има на граѓанско. И сега незнам многу страв ме фати. Јас не размислував за друга опција освен граѓанско, пошо и на додипломските тие предмети ги учев од што ми беа интересни, немав никаков проблем со нив. И на крајот на краиштата незнам кој модул би го одбрала од насоката? Ај малку помош
И мене ме интересира ова. Вонреден студент сум, ми фалат 10 поени и незнам како е есејот. Кажете девојки
На факултет денес ми кажаа дека за апсолвентите ќе има сесија дополнителна сега крај на оваа недела или наредна најверојатно али само за МПП. Сакав да прашам дали некој што е запишан на мастер може да ме информира дали лани го продолжија првиот уписен рок за мастер,зашто до 18ти е роков,а ова со МПП ќе биде после тоа..
^ Го продолжија, ноември мислам дека веќе фати. Ако не успееш да запишеш сега, имаш уште еден во јануари.
луѓе дали кај Каламатиев има можност да се одговара усно за 6 поени (трудово право) ????? или нема шанси
^ Не ви го знам баш новиов систем на полагање, ама многу се 6 поени, а и Каламатиев не е нешто многу попустлив. Мојата генерација кога беше, на крајот даде тест со прашања на оние на кои им фалеше по 1 поен, а тие што со врски го фатија можеа да полагаат и за 2 поени
Дали има некој тука што е на мастер - финансово право или на интелектуална сопственост (двојна диплома) да ми каже искуство, впечатоци? Како се полагањата, професорите Се двоумам меѓу овие две
Колегинице, јас бев на ГМП и искрено да ти кажам одлично поминав. Кога ќе го одбереш модулот задолжителен ти е само Стварно право 2 останатите ти се изборни предмети во главно кај проф. Родна и кај проф. Јадранка. Пиши ми во ЛП што се те интересира да не образложувам овде на долго и широко
Да не има некој информација за утре Вовед во право кај Тасковска ќе има ли, прва и втора група, нешто ккако подготовка за колоквиум што кажа?
Ако си прва година еве ти, утре имаме од 11 часот. http://www.pf.ukim.edu.mk/ShowAnnouncem ... tabindex=0 Сакав да прашам за социологија кај Бачовска, ништо немам почнато да учам зашто многу ми е комплицирано од книгата и тешко ми влегува во главата ,што да правам сега да ги учам прашањата што ги купив или нешто да разлистам? Дали имало до лани некои прашања што се паѓале од тие купените?
Полани кога полагав јас не се паѓаа ама баш ич, за лани незнам, распрашај се ама би ти препорачала да си учиш од книга.
Здраво девојко,сега го видов твојот пост.Инаку и јас го имам истото мислење како тебе,и јас сум 4та год па размислувам за право да се запишам....е сега за тоа дека сите викат дека има превише правници кај нас,јас мислам дека сепак зависи од тоа каква ти е среќата...
Здраво девојки Дали некој кој има искуство соо мастеров на правен на насока деловно право може да ми даде некои било какви информации да знам што се ме чека ,зааа 7 семестар односно за предметите 1.Право на хартии од вредност - Гелев 2.Стечај и стечајна постапка - Гелев и Коевски (има и коментар на законот што е 800 стр) 3.Право на интелектуална - Јадранка 4.Арбитражно - Арсен (нема книга ) Во однос на тестовите и тие истражувачките трудови како беше мн замарање или лабаво? Фала ви
Купив некој прашања од книжарницата ''ЗОКИ'' за колоквиум по историја има шанса некој од нив да се паднат оваа година? Некој да не има некакво искуство иначе кај проф.Мишо Докмановиќ сум.
Кај Гелев ќе немаш проблем, дечкото едноставно не се замара, Коевски е малце потерсене, за интелектуална треба стварно да се седне и да се учи, Јадранка дава некои анализи на пресуди на чуда, ако одиш редовно на предавања ќе ти биде многу полесно, а за арбитража порано имаше некоја скрипта и се полагаше многу лесно-даваше два случаја и требаше само да го знаеш законот за меѓ.трг.арбитража и ќе немаше гајле.