Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Правен факултет-Јустинијан Први

Дискусија во 'Образование' започната од MyMar, 4 јуни 2010.

  1. stojmenovska

    stojmenovska Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    2
    јас завршив музичко а планирам да се запишам на правен - политички науки, и мене ме интересира како идат работите...:)
     
  2. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Сакам да прашам нешто,знам дека овде не му е местото но бидејки се работи за правен факултет,ке прашам овде.Сакам да се запишам на Европски Правен факултет,само не ми е јасно што можам после да работам со тоа.Добиваш назив дипломиран правник (УН) дали тоа значи дека можам да бидам нешто повеке од адвокат? Ке бидам благодарна доколку некој знае,ке молам пишувајте
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ За да стигнеш до адвокат имаш малку подалечен пат.
    Отвори огласи на интернет, пиши во search дипломиран правник и ќе видиш отприлика што се бара за тоа работно место. Правници со 180 кредити најчесто се бараат за во адвокатски канцеларии, нотарски канцеларии, по фирми, а еве јас последен пат аплицирав и за во клиника.
     
  4. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Значи со тоа дипломиран правник немаш право да работеш како адвокат,ахаммм.Затоа е значи со 3 години правниот и после мастер за адвокат,така ли иде тоа? Ке те молам ако сакашш да ми ги појасниш малце тие работи ? :(
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Треба да магистрираш прво (значи да ги земеш и тие 2 години плус), да стажираш по струка определен период (во зависност од работното место), па да го положиш правосудниот испит, па тек после да размислуваш за лиценци, пријава во адвокатска комора, отворање адвокатска канцеларија и слично.
     
  6. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Ова прилично комплицирано било,a можеш ли да ми кажес само усте што е тоа правосуден испит? Тоа од магистерските студии ли ти останува како довршување? Не го сватив тоа ба најдобро?
     
  7. kitty267

    kitty267 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    51
    Се мислам да идам насока правни студии али би влегла во државна квота со 89.13 ?
     
  8. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    6.013
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека на правни студии запишуваат 300 студенти во државна квота би требало да те примат. А кога ја пополнуваш електронската пријава можеш да избереш дали си согласен за приватна квота или не, макар да имаш висок просек и мислам дека нема да ти прават проблем за влез во државна.
    Здравје од септември може колешки ќе сме :lol:
     
  9. kitty267

    kitty267 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    51
    колку што разбрав оваа година примаат 250 студенти во државна квота.. а кај да ја најдам таа електронска пријава?
     
  10. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    6.013
    Пол:
    Женски
    Пријавата можеш да ја најдеш на https://www.upisi.ukim.mk/
    и како треба да ја пополниш
    http://www.youtube.com/watch?v=aDUTITG391U
    и да за 2014/2015 е намалена квотата и „само“ 250 примаа
    http://www.fakulteti.mk/Documents/konku ... 4-2015.pdf
     
  11. JKT

    JKT Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    18
    Здраво, да ве прашам, кои се шансите некој со 88 поени да влезе во државна квота на правен факултет на УКИМ ? Лани, од 300 во државна квота, од 97-от до 145-от апликант што влегле биле со 88 поени, но тоа не мора да значи дека ќе биде вака и оваа година. Како што знам, за правен оваа година 250 се предвидени места за државна квота. Според вас, големи ли се шансите да се влезе ?
     
  12. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Со оглед на тоа што мислам дека оваа година има општо послаби резутати на матурата, мислам дека нема потреба да се грижиш и ќе влезиш во државна. Јас кога се запишував имаше и со 82-3 поени некаде влезено во државна, ако добро се сеќавам.
     
  13. Histerica1

    Histerica1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Има ли некој што планира на новинарство да се запише?
     
  14. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    6.013
    Пол:
    Женски
  15. Histerica1

    Histerica1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    не си единствена,не можам да видам кога се уписите ,знае некој?
     
  16. JKT

    JKT Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    18
    На 14 и 15 Август
     
  17. stojmenovska

    stojmenovska Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    2
    Би можела ли да влезам во државна квота на политички науки со 80поени??
     
  18. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Ама тоа зависи од многу фактори, ние не би можеле тка да ти кажеме да, ќе влезиш. Незнаеме кој се ќе конкурира и со какви резултати е истиот. Тоа е релативна работа. Не е исто секоја година :)
     
  19. stojmenovska

    stojmenovska Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    2

    на крај краева и у приватна да сум не е проблем, само ми е страв да не постои можност да не ме примаат ни таму ни таму, можно ли е тоа??? :?:
     
  20. JKT

    JKT Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    18
    На политички можеби имаш можност да влезеш со 80 поени во државна, но на правен тешко. Не е можно со тие поени да те одбијат во приватна, цк, нема шанси ако си во приватна ќе си во највисоко бодираните :)