Лајк за потегот! Иначее даа секако, тука све се плаќа. 1000-че на сунце и плус таксена марка ии молба треба и да наведеш у нејзе као зашто се отпишуваш итд
Луѓенца ај малку помош Ми треба тема за магистерска, кај Ангел, ама никако да се договориме, ми запнал човекот измисли интересна па интересна. А мене некако ништо интересно не ми текнува. Наследно зборам, од делот наследно мислев да ми биде магистерската. Па сите предлози би ми значеле нешто
Што мислите кој е подобар смер на правниов факултет Политички Науки или па Односи си јавност? Знаеме дека во однос на вработување сега се гледа кој колку повеќе врски има,ама вака кој е поперспективен? Молам за одговор,ви благодарам
Дали може некој да ми каже што документи се потребни за да се земе уверение за завршени мастер студии?
молба (напишана рачно на која ќе ја имаш прецизирано датата на маг и менторот) уплатница од 3500 ден индекс потврда од библиотека дека немаш книги за враќање и да ти ги има сите пријавни листови во досие (ако нешто ти фали ќе те тераат да ги бркаш професорите да ти потпишуваат нови)
Дали некој знае дали откако се магистрира треба да се завери 10-тиот семестар и колку време се чека за издавање на уверението? Ви благодарам
Дали некој знае кога отприлика почнуваат предавањата за втор семестар? Чисто онака да си знаеме колку луфта ни останува до следно тупење живци..
Hello на сите, нов сум на форумот, се регистрирав само за да прашам што е скратено за учење по Економика (кај Стојков) и Историја на право (кај Билјана Поповска). Фала однапред
Малку касно го гледам твојот пост, но сепак ќе ти одговарам, имаш уште време за мислење и предомислување Политички Науки ти вреди ако се запишеш на Англиски јазик, не знам дали знаеш за таа опција, од пред две години е мислам, се се учи на Англиски и се полага, ако го знаеш јазикот плус те интересира политичката наука ќе ти биде супер. Има многу филозофија, право, историја, социологија, Програмата е лесна и интересна. Искрено, односи со јавност звучи супер, но кај нас.. Не знам, имам другарка се запиша со мисла дека ќе биде PR на некој спортист, пф, како кај нас сите спотисти да трчаат по менаџери, Не би рекла дека е многу перспективен, јас искрено не би го запишала. А, лесно им е, тазе е смерот две години мислам, проф се океј, немаат премногу за учење.. Јас те советувам да не гледаш толку што е перспективно, туку тоа што ти најмногу го сакаш, бидејќи ако сакаш да успееш и ќе го сториш тоа, но ако едноставно не те влече нешто се е џабе.. @Lola3, Поправната колоквиумска ќе биде откако ќе завршат предавањата за овој семестар. Отприлика средина/ крај на мај.
Дали има некој на мастер Деловно право сега што е да сподели некое искуство скорашно со полагање со предмети и сл.Јас сега сум 7ми семестар ,за предавања нит извадија распоред некој за овој семестар ни ништо има само за 8ми семестар . Би ми значело секое мислење и искуство бидејки веке нервоза ми се ствара од факултетов и коа ке ми текне дека повторно треба да се тресам ко што се тресев на додипломски ми иде да си пукнам.
А може од прехлани? Екстра одлично си поминав со испитите, дури и кај Арсен сите што се трескаа извадив 9ка. Да,касно вадат термини за полагање,треба да ги бркате за да ви закажат. Ние доста се боревме како група и успеавме да закажеме порано. Нема што да се нервираш, реално овој семестар само Арбитража е захтевно. Не може во летен да си 7ми семестар, мора да си парен т.е 8ми. Ако се запиша со задоцнување во Јануари, т.е Февруари тој семестар го плаќаш а не го слушаш, зашто касниш со упис. Така беше со колегите пред две години. Ќе ви истакнат сега сесија за полагање, ако и не е помината,ми се чини полагаа пред 1ви мај. Не знам јас немав ичпроблеми те 2 години,сега забушавам само со магисерскава, каснам и може дами удрат казна ама тоа си е моја грешка и ничија друга. Немав искрено проблем нит со термини нит со полагање нит со учење. Плус маркетинг отиде во пензија Софче,Биљана е срцка во споредба со неа така да само малку борба со Милка ќе имаш.
@Hipster да ја се запишав во вториот уписен рок јануари фебруари така нешто беше до вчера не немаа ни пријавено од ЕКТС дека сме запишани па затоа ми падна чудно малце со предавањава.На странва има некако слабо информации само гледам дека имало некоја казнена сесија месецов за мастеров и резултати од истата а распоред за полагање јок мада некако рано е многу сега да има кога запишавме кога да полагаме . Како и да е фала за информацијава .
Играј паметно со изборните само,не се летај кај Родна да земаш ќе заглавиш. Јас Тупанчевски го избрав и супер поминав. И Коевски ама јас него го обожавам и сум субјективна. Инаку реално океј е смерот ја бев редовна на предавања и имавме топ предмети и предавања 7ми и 8ми семестар. 9ти дека беа се изборни малку забушаваа ама пак реалано не беше ич тешко. Милка е само клета, јас преполагав кај неа за да немам 6ка,зашто сакаше 6ка да ми стави со лоши поени од прв испит и сама правев уште еднаш семинарска. Идиотката ми даде 19 поени од 20 а ме исфали пред сите дека не видела подобро обработена теза до сега. Другите имаа одај пролазни 11. Таа катедра се идиоти, ама другите се супер. Гелев е душа,сите го хејтаат ама многу се бори за своите студенти.
Кога веќе го спомнавме Гелев, прочитавте за оставката на Давитковски? Наводно побарале да им даде отказ на Гелев, Тасковска и Гроздановски, па напуштил после многу притисоци и инспекции.
НЕ! Чекај чекај ова е скоро, другарка бранеше магистерска во јануари и он и беше во комисија. Не знам што да кажам...
Да, да, денес е објавена веста. Кружат на фејсбук линкови од статии, јас кај еден колега ја видов оваа објава http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=21844