Сакам да прашам нешо во врска со колоквиумите на правен факултет. Нешто слушнав дека професорите давале прашања за учење од кој ке има на колоквиум, ме интересира дали е така зашо сакам да се запишам годинава на правен па ме интересира и дали е тешко дали книите се мн големи чекам одговор позз
Прашања професори НЕ даваат. Никако. Она што сме го нашле ние во облик на прашања, било од некои сигурни дека не напишале доволно и мислеле дека ке паднат, па си запамтиле дел од прашањата, си ги запишале на страна за да им се најдат за некое наредно полагање. Или сме наоѓале крадени тестови. А како тоа дали книгите се големи? Факултетот е висока образовна институција. Ако си подготвен да се запишеш на факултет, биди подготвен и на долги непроспиени ноќи во прегратка со книга. Нека не ти влијае обемноста на книгата, на мотивацијата за запишување на факултет.
А тие шо ти кажале да не сонувале во моментот ? Ги давале прашањата нов виц ова е Таму душа ти земаат а ништо не ти даваат Мерлинка добро ти кажа за учење има и тоа мнооогу и кој ќе ти каже поинаку ќе те излаже не велам дека е кој знае што нешто најтешко на свет немогуча мисија АМА за учење ..... Ако си спремна и сигурна дека тоа го сакаш мислам на струката и притоа да си свесна во што се впушташ тогаш да а наку кај мене многу се откажаа , тргнале на онака ќе видиме што како ...
Професор несмее да даде било какви прашања!!! Има одредени насочуваат што како треба,а да даваат прашања Не! И ти така ако размислуваш секаде ќе ти биде тешко и ќе имаш многу за учење.Глеј да те влече тоа и да го сакаш
Се согласуваммммм...Не им личи како една постара, образовна државна институција,да имаат таков непрофесионален однос, посебно студенски прашања на последен ден на заверки во септември ,отворија во 11 ипол( а работно време им е од 11 до 13 ,и тоа ке да им е претешко),и ја ЗАКЛУЧИЈА во 12 и 15 вртатата,а внатре да не зборам како урлаат,врегаат,те прават центар на внимание кога ке стигнеш на ред ако нешто недај боже си згрешил или прашаш Треба да ги потсети некој,дека таму се зошто државата и студентите даваат пари за тоа,а толку млад кадар чека невработен,а они веке луге во години + неефикасни+ непрофесионалци+ претставници на администрација на држ факултет ,дремат и тепаат време со студенти А и е смешно со 2 положени колоквиуми,да не ти е положен предметот и да се искозиш за 6ка( од 61 поен) Крајно време е управата да погледне во внатрешноста ,и да се потруди да го врати барем малку,стариот имиџ на некогашниот правен факултет
Може некој да ми каже како се собираат тие поени за упис...оценките од сведителствата или уште нешто?
Веќе завршив 4та положив матура и ми преостанува уште да се запишам на Јустинијан Имам некој прашања за оние кои имаат студирано на овој факултет...како што видов нема одредено просек со кој може да се полага правосуден ако грешам исправете ме Дали е тешко на овој факултет да се дојде до 8 просек минимум значи целам кон повисоки оцени 8 најмалку имам навики за редовно учење но врски немам дали е доволен трудот и знаењето за да се дојде до повисок просек...и дали за да бидеш адвокат потребни се 8 години 3+2 студии 2 стажирање и една правосуден испит?
^ За последново,3+2 студирање, 1 година стаж како приправник (во суд, кај адвокат, нотар...) или 2 години на правни работи, после тоа си слободна да полагаш правосуден. Висок просек за него не е потребен. Ако си учиш редовно, нема да имаш проблем барем за просек 8, ни врски нема да ти требаат.
Благодарам на одговорот...се надевам ќе стигнам и до 9 ...8 си го поставувам како минимален не дека некое значење има просекот во нашава држава ни докторат не те спасува без врски али тоа е тоа нашата Македонија
Полека не се залетувај до толку минимален 8 ама дај Боже се 10 да си имаш ама прво скокни па кажи оп . Многу кај нас се удираа во гради јас вака јас така па тие си ги земаа документите пред време
Годинава не е некако мн касно сесијата?(иако важи за септемвриска и во септември треба да биде)ама чудно ми е,зошто последнава наместо во јуни,беше во мај,а минатата година сесијата траеше до 11 јули(јунската),а септемвриската (од 25 авг почна)...што наумиле сега со ова толкаво растојание од јуни до септември слободно или само јас си правам филмови? ама ако од 15ти сеп почнува нова учебна,а до 15ти има испити,па кога ке бидат оцените,па упис? е ептен сум во хаос и како потресена одлично е вака,имаш простор и за одмор и за учење,за разлика од лани ни еден месец се на се и за одмор и за учење,ама ми е страв да не искочи нешто,некоја промена,незнам..
^ Па и мене ми е чудно тоа, ама па поубаво се знае септемвриска сесија од септември си почнува, а не ко претходните год. септемвриска сесија ни е во август. И сакам да ве прашам дали знаете кога се уписите за мастер студии, слушнав и дека имало два уписни рока па малце тоа не ми е јасно, ако може некој да извести.
Гледам на странава на факултетот,објавиле дека англиски се зимаат оцени за тие што незеле во јунска сесија,на некои х датуми,и вика: ако неможат ни тогаш,тогаш на 21 септември,ден за консултации кога ке биде...Мене ми е нејасно,кога јас ке полагам,ке проверат есеј,и кога ке земам оцена,а имам испит на 15ти септември....Лани уписите беа до 30 септември,и ако го одминеш рокот,имаш казна од 500 денари,ама ко што мењаат по нешто секоја година Незнам дали и претохдно датумот бил до 30ти,бидеки сега ке сум 3та и само од лани имам искуство со упис и заверка во септември.Звонев денес на факултет за да прашам како ке иде ова со уписи и заверки на семестар,и нормално никој не крена...ако знае некој нека пише....
да ве прашав....јас сеа ќе идам за трета...ако има некој да може да ми каже што да очекувам од петти семестар??? кој предмети како есеи активност...ассистенти??? како е дали е страшно како што кажуваат???....благодарам однапред!
Девојки да ве прашам да не сте запознаени со тоа дали може да се префрлиш од една група во друга,некои ми викаат може, некои неможе? И како оди тоа, каде треба да се обратам,дали да прашам на студентски прашања,прва година сум на правен па незнам, ако знаете пишете,фала однапред
и мене ме интересира истото... сакам да се префрлам во друга група... се надевам дека некој ќе ни помогне...
Можете бе девојчиња,тоа е најмал проблем,иако може да ви дрндаат никаквите тетки од студенски.Поднесете си молба уште во понеделник и ке ви биде одобрено Мислам дека не е касно,иако сте можеле уште што сте се виделе на список да поднесете,ама мислам не е касно сеуште.
А каде да ја поднесам молбата? И сама ли да си ја напишам? Јас бев да прашам ама ми рекоа нешто како демек неможело ама да одам да прашам во тоа компјутерски центар,но јас бев и беше таму затворено? А од понеделник ни почнуваат предавањата,па се мислам да не е малку касно тогаш. Ти на правен да не си ?